Ајде и јас како прозван да се изјаснам:
Имам RAM HT.Two 2.2 - 29er верзијата. Рамките се ФАРБАНИ а не анодизирани како голем дел од Кјубовите, но не се фарбани неквалитетно. Фарбани се по сите лимарофарбарски стандарди, со прајмер со подлога со мат (или сјаен, зависи каков ќе одбереш) лак, и се е тоа во ред.
Рамките подлежат на гаранција од 2 години, исто колку и сите други производители кои се продаваат во државава.
Тука го побиваме споменатиот „неквалитет“ на рамките.
Следно се деловите кои се добиваат, и кои воедно се во најдобар сооднос цена/квалитет. Директна споредба правев со Cube Analog 2015 година, и за разлика од него, менувачи и шалтери кај мене се од иста класа (Deore класа, иако јас имам SRAM X5 комплет), додека Кјубот ги има мешани од 3 класи, од кои само задниот менувач е Deore, се друго е класа/две подоле. Мораме да напоменеме дека Кјубот без молење за попуст се добиваше за 38.000, додека RAM-от го земав за 35.000.
Башка се оние пропратни делови на кои многу малку купувачи обраќаат пажња, а тоа се стем, волан и колче. Имено, мојот точак има Easton стем кој нов чини 53 евра, а не е брендирано Cube ѓубре кое ем тежи ем се витка.
Конкретно за велосипедот за кој се мислиш, Гоце Работилница не чува велосипеди на лагер (од следнава сезона тоа ќе се смени), туку идеш, возиш еден од тест точаците што ги има во дуќан, бираш комбинација на бои, величина и остали ситни деталчиња, и нарачуваш, по што за две недели треба да си го добиеш бајкчето, така да цената што ќе ти ја даде во дуќан е најдобрата што може да ти ја даде.
П.С. Сепак информирај се за продавање на тестните модели што му се во дуќан, бидејќи во декември ќе се објави RAM 2016 ергелата, и веројатно тестните модели ќе треба да ги замени со соодветни - од новите.
П.П.С. Скокни ја 26-ката. Можеби звучи помодарски, но 2015 година сме, 27.5 е правилниот извор доколку мразиш 29-ки.