На тема феминизам, она што најмногу ме фасцинира е небулозата за "објект/субјект дихотомијата". Феминистките тврдат дека таа дихотомија постои отсекогаш и е културолошки проблем. Се тврди дека жената е скоро секогаш објект на кој се делува(од Елена во Троја до принцезата во Супер Марио), а мажот субјект кој најчесто делува во насока на нејзино спасување.
Арно ама, културолошки, обратно испаѓа. Во Илијада/Троја, за да стигнат Менелај и брат му Пешко до Елена, мораат да искасапат илјадници други мажи. Исклучиво мажи. Тие мажи се... објективно... објект. Немаат имиња, немаат приказна, се алатка за херојот да стигне до целта.
Некој ќе рече, океј, книгата е од друго време, а филмовите направени според книгата не се виновни за тоа што се обиделе да бидат верни на изворниот материјал.
Добро.
Посовремени примери. Во Kill Bill, за Ума Турман да стигне до Луси Лу, прво се коле со 90тина маскирани мажи. Безимени маскирани мажи. Објекти. Нивната единствена функција во филмот е да бидат заклани.
Во Матрикс, мислам првиот дел, Тринити и Whoa guy испоубиja се од цајкан, сите до последен мажи.
На овие ми текна, чисто како демант дека да, постои објект/субјект дихотомија меѓу половите во мас културата, било тоа филм, игра или книга, само во обратна смисла. Има милиони слични примери каде мажот е безимена, небитна алатка за да херојот или хероината стигне до посакуваната цел. Таков пример, каде жена е сличен објект, можеме да видиме само во Шиндлерова листа тип на филмови, за да се акцентира злото на оној кој би се осмелил така ревносно да убива толку жени за толку кратко време.
Во нормални околности вакво нешто не смее да се проблематизира. Ова не се нормални околности. Овде некој наметнува лудило и полека го претвора во мејнстрим логика. Над милиони и милиони мажи кои, ете, иако биле статисти во дела слични на филмовите погоре, не заслужиле да бидат ни статисти во таа феминистичка логика за објектификацијата.