GoD.HateUSaLL
Фар акрос д диштанс
- Член од
- 30 март 2008
- Мислења
- 8.339
- Поени од реакции
- 8.238
Сакаш да ми кажеш дека во Шветска, машки чистач и женски чистач, во иста фирма, на иста позиција све, мажот зема повеќе пари за час работно време?Во Шведска гарантирам дека мажите и жените кои се на исто работно место вложуваат еднаков напор. Знаеш зошто? Затоа што тука си добро платен и не смееш да се заебаваш, ако си рекол дека си квалификуван за одредена работа, има да ја завршиш! И пак мажите земаат поголема плата...
Ако ти ова ми го гарантираш, стварно незнам што да ти кажам. Тоа Е дискриминација и не верувам дека им е законски дозволено.
На ова веќе ти одговорив горе кај што ја цитирав другата членка. Патријахатот како реална, Фактичка состојба, не постои веќе некое време. Мужите се пички едно минимум 20 години. Мислам еве себе ќе се земам, и ќе се споредам со татко, дедо, прадедо. Нит војска сум служел, нит куќа на рака сум направил, за кои мужи збориме сеа ние тука? Кога последен пат си видела Муж Муж? Мене ретко ми се дешава.Значи пак доаѓаме до тоа дека сѐ зависи од менталниот склоп на луѓето и средината во која се наоѓаат, а со тоа и патријархатот. Контрадикторен си затоа што прво викаш дека не постои патријархат во твојата средина, а потоа ми кажуваш дека најголемото достигнување животот на некои девојки со кои си разговарал е да станат домаќинки, а што е тоа ако не продукт на патријархатот?
Агде, познавам ни ја, ама тоа веза нема, незнам како да ти кажам, за статистика збориме, сфаќаш? Ја не ти викам дека не постојат такви, или дека таквите се срање, ти викам дека Повеќето од Вас Не се такви. Тоа е статистика. И воопшто јас не го толкувам успехот како напредување на економско поле, чисто се погоди така муабетов. Јас не ви велам дека сте по Неуспешни, иако статистички во последниве 50 години сте прогресивно по несреќни. И воопшто не сметам дека да бидеш домаќинка е нешто лошо, баш мислам дека домаќинската работа е благородна и мајчинската грижа е непходна за здрав развиток на прав муж, или жена, иако сум забележал дека и за тоа се комплексирате. Демек "не не и ја да допринесувам", аман жено, допринесуваш, немора да заработуваш, олабај се, само допринесувај. Демек ако седела дома не допринесувала, мислам глупости живи. Мислам не познавам жена што денес рекла "Јас сакам да бидам домаќинка!", a aко гледаме статистички, на 50% невработеност, пола од нив тоа и ќе бидат.Еве ќе ти кажам, јас познавам жени бизнисменки кои не ни помислуваат на фамилија затоа што се целосно посветени на кариерата. Проблем е што ти го сметаш за успех само напреднувањето на економско поле, тоа е од твоја перспектива, за некого не е, некој можеби смета дека успех е ако се развие духовно, умствено итн.
Јас познавам жени кои радо би учествувале во политички и филозофски дискусии. Истиот муабет и со Сусаро го правев, ми се чини. Живеете во Македонија, верувам дека за време на протестите видовте доста политички активни жени, на темите за политика разговарате и со жени, не заборавај и дека феминизмот е политичко движење и ние моментално дебатираме на политичка тема.
И слободно прашај ме за моите цели, без да навлегуваме во детали, ќе ти кажам дека целам кон тоа да бидам сам свој газда. Попрво би се убила, отколку да се задоволам со тоа што доживотно ќе му бидам слуга на некој мрсен капиталист!
Знам ја и дека ти си мислиш дека познаваш жени шо радо би учествувале во политички и филозофски дискусии, ама еве отвори си у филозофија и наука на кајгана, изброј постови на мужи и жени (квалитетот нема да го земаме во предвид) и ако соодносот е помал од 50:1 те частам ручек.