- Член од
- 11 ноември 2015
- Мислења
- 304
- Поени од реакции
- 118
Почитувани форумџии на Кајгана,
Иако сум новак на овој форум, сепак би сакал, во рамките на вашите можности, да ми помогнете во изборот на матична плоча. Секоја помош е добредојдена...!
Всушност, претходната матична (Foxconn P35 AX-S со сокет LGA 775) која се до неодамна ја користев - се расипа. Па затоа решив да ја заменам со нова, меѓутоа со појаки перформанси. Претходната конфигурација која ја имав е: CPU: Intel Core 2 Quad Q 6600 со 2,4 GHz, RAM меморија: 2x 1GB DDR II и 2GB DDRII - двете со 800MHz, графичка карта: Ge Force 8600 GT 256 RAM.
Новата која планирам да ја купам е: MSI Z87-G41 со сокет 1150.
Иако направив голем број на истражувања на Интернет, сепак би сакал второ-трето-четврто... мислење од ваша страна во однос на изборот на истата и дали истата ќе одговара на горенаведениот процесор. Фактите кои ме доведуваат до забуна и да се сомневам при изборот на оваа матична се заради тоа што до сега користев матична со сокет 775, а сега планирам да користам со подобри перформанси со сокет 1150. Дали тоа може неповолно да влијае на работата на процесорот и дали воопшто можам да го користам на матични плочи со поголеми сокет-и?
Линкови за матичните плочи:
Foxconn P35 AX-S - http://www.foxconnchannel.com/ProductDetail.aspx?T=motherboard&U=en-us0000339
MSI Z87-G41 - http://www.msi.com/product/motherboard/Z87-G41-PC-Mate.html#hero-overview
Поздрав и се најдобро!