Иницијатива за закон за забрана на финансирање на невладини организации, од НАДВОРЕШНИ спонзори

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.474
Поени од реакции
35.204
Така де. И јас за тоа зборувам. Не мора да се забранува финансирањето од странство, туку наместо тоа може да се контролира.
Може и за ова да се зборува, но за мене проблемот со таквото контролирање е прашањето „кој ќе го контролира финансирањето (на НВО) од странство“?
Моќта на власта корумпира, и од тој аспект секоја власт Е корумпирана (во различни степени). Ја на ниедна власт не би и верувал да врши фер контролирање на финансирањето од странство.

Така се што би добиле е странските финансии, ексклузивно да ја корумпираат само власта. Не, сметам дека подобра е мојата идеја, за целосна забрана за странско финансирање на НВО.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Примери како последната колумна на преститутот Геровски има многу, но последниот пример е избран како најактуелен. Инаку во уводниот пост дадов линк кон целата колумна, и извадок - иако сметам дека и самиот наслов е повеќе од доволен:
Ајде да зборуваме за федерација, зошто да не?!
читај: „Ајде да зборуваме за национално самоубиство, зошто да не?!
Ајде да зборуваме за самоубиство, зошто да не?!
Ако водиме разумна и трезвена дискусија ќе се согласиме дека федерализацијата/самоубиството е неразумно. Тоа е смисловниот контекст на колумната, и немојте да се палите на вестите на Сител.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ајде да зборуваме за самоубиство, зошто да не?!
Ако водиме разумна и трезвена дискусија ќе се согласиме дека федерализацијата/самоубиството е неразумно. Тоа е смисловниот контекст на колумната, и немојте да се палите на вестите на Сител.
Ајде да зборуваме за промена на името, зошто да не? Ова очекувам да биде следна колумна на Гериз. И ти пак ќе кажеш да не гледаме Сител туку да си го читкаме Гериз со отворен ум.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Ајде да зборуваме за промена на името, зошто да не? Ова очекувам да биде следна колумна на Гериз. И ти пак ќе кажеш да не гледаме Сител туку да си го читкаме Гериз со отворен ум.
За промена на името се зборува веќе 24 години. Од последниот на село до првиот на чело. И преговори се водат. Ама не е проблем кога власта зборува нели?!!
А кога Геро (не можам да верувам дека сум ставен во ситуација да го бранам*samozastrel*))) низ колумна се обидува да одговори на заканата од страна на Гзим Острени тоа е предавство. Сегде во светот може да се дебатира за федерализација, за самоубиство ама кај нас не смее.

Тоа повторно покажува неувереност. Вие потсвесно веќе сте убедени дека федерализацијата е реална. А не е, ако реално се дебатира.

Федерализацијата е проекција на фрустрации со ништо непоткрепена во реалноста. Но проблеми во државата која се владее од страна на врхушката во Скопје има. Само што Албанците полесно ги артикулираат (што не значи дека точно ги дефинираат) бидејќи се оформена група. Има и други примери. Еве во последните месеци слушам и една друга група почнува да крева глас, западна Македонија. Сега "западњаците" се бунат зошто акцентот на изградба и инвестиции бил ставен на истокот. До пред неколку години беше обратно, луѓето од источна Македонија се жалеа дека властите вложуваат многу повеќе во западниот дел.

Која е причината за федерализација која Албанците можат и ја наведуваат како главна? Нерамномерната распределба на вложувањата и инвестициите во државата. Точно ли е тоа?! Точно е. Зошто сериозно не се пристапи кон овој проблем, туку им се остава простор да го користат како оправдување за нивниот лунатизам? Затоа што власта во Скопје сака кај себе да држи се и да контролира се. До последниот денар.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.474
Поени од реакции
35.204
Но, баш овој пример со парите од Саудиска Арабија се типичен пример за подмолното делување на странските донации за целосна политичка, верска, а гледаме последно и воена пропаганда.

@Vanlok требаше оваа тема да ја започне баш заради нив и само да ги спомне другите.
Се согласувам, требаше и овој пример да го поставам - ама алас, касно е сега. Некој модератор би можел да помогне за промена за уводниот пост, но која поента би имало тоа, сега кога дискусијата веќе отиде над 10 страници... Кој ќе се врати наназад да препрочита? ;)[DOUBLEPOST=1447155726][/DOUBLEPOST]
Ајде да зборуваме за самоубиство, зошто да не?!
Ако водиме разумна и трезвена дискусија ќе се согласиме дека федерализацијата/самоубиството е неразумно. Тоа е смисловниот контекст на колумната, и немојте да се палите на вестите на Сител.
Ја водиме темава во офтопик. Сосема е во ред ако за ти во колумната на преститутот гледаш нешто јас никако не можам да го видам. Во ред е да има разлики меѓу нас. Но не е во ред овде да ја усеруваме темава со дискутирање за преститути и петтоколонаши (да, мое право е да ги сметам за такви). Темава не е за нив лично ниту за нивните светли ликови и дела, темава е како да се запре странското финансирање на НВО (читај, преститутите и петтоколонашите).
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Ајде да зборуваме за промена на името, зошто да не? Ова очекувам да биде следна колумна на Гериз. И ти пак ќе кажеш да не гледаме Сител туку да си го читкаме Гериз со отворен ум.
Секој нормален би го претпоставил ова како, змија да те апне или магаре да ти го бапне.[DOUBLEPOST=1447162912][/DOUBLEPOST]Многу погрешно поставени приоритети има во темава, која генерално во едно демократско општество (каде што правото на глас и слобода постои и во пракса, каде што законите важат за сите граѓани), е добра идеја.
 
Последно уредено:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Што е тоа шо ќе го изгубиме со федерализација, а не е веќе изгубено во моментов?
За другар прашувам :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.474
Поени од реакции
35.204
А што би рекол на пример за донација за изградба на верски објекти од странска држава , посебно ке нагласам за верски објекти на муслимани во држава со претежно христијанско населени која покрај другото е и секуларна по устав. И за тоа не би имал против кога реалноста кажува дека ситуацијата е толку експлозивна на таа тема што му доаѓа како долевање на масло на оган? Не мислиш дека треба да има некаков филтер кој, како и што смее да се финансира од странски извори било тоа да се влади или фондации?
Голема грешка ми е што не го спомнав ова во уводниот пост. Ќе се избегнеа многу непотребни заглупувања во дискусијата. :(



Настрана што не правиме муабет дека ваков закон воошто не е компатибилен со нашата желба за членство во ЕУ. Само изгледа тое што ја пропагираат идејава не гледаат накај ЕУ туку гледаат накај Русија, Белорусија, Казахстан и други земји.
ЕУ е заедница на демократски држави, и демократски е да можеш да одлучиш кој и што ќе финансира во сопствената држава. Тоа не е спротивно на демократските вредности на ЕУ (освен ако тие и отворено не признаат дека самите не ги почитуваат сопствените вредности)

Најпосле да, не има подоста кои не сакаме Македонија да иде во ЕУ, а уште помалку во НАТО. И тоа е демократско право нели? Мора да има референдум за било кое прашање од овој вид.



Исто, нема везе што годишниот буџет на АЕК за реклами е голем колку десет буџети на Сорос организацииве.
1. Мора да се регулира и државниот буџет за реклами, и за НВО
2. На која планета живееш ако сметаш дека некој си буџет на АЕК е поголем од богатството на Џорџ Сорос.
George Soros - Forbes
www.forbes.com/profile/george-soros/
Forbes $24.5 Billion.
Ликот званично е „тежок“ 24.5 милијарди долари, на толку плаќа даноци (незванично, барем неколку ТРИЛИОНИ долари).
Мислам, дај сподели малку со форумџиите од таа дрогата што ја земаш... :coffee:



Потребна ли е интервенција од надвор? Потребна ли е интервенција однадвор во куќа во која членовите на семејството секој ден се тепаат, се караат, викаат ??? Логична е интервенција на "полицијата", нели?!
Погрешна ти е метафората.
Прво ЕУ не се полиција, второ тие немаат било каква јурисдикција врз Македонија.

Трето... многу буљашки преседан се направи. Утре тие буљашите од есдеес ќе дојдат на власт а другиве буљаши од дпмне, ќе плачат пред „меѓународната заедница“ (читај САД и вазалите). Не дека и до сега не беше така, ама сега уште повеќе било кој да дојде на власт, ќе треба да се задужи и да одработува за нив - и што мислиш на чива сметка?
Па сигурно нема Грујо, Зајко, БЦ, да дадат од свој џеб - не ние, народот, ние ќе плаќаме за се (и не, не зборам само од финансиски аспект).[DOUBLEPOST=1447164068][/DOUBLEPOST]
Што е тоа шо ќе го изгубиме со федерализација, а не е веќе изгубено во моментов?
За другар прашувам :)
Што е тоа што ќе изгубиме со самоубиство, а што не е веќе изгубено во моментов?
Тебе те прашувам. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.866
Поени од реакции
12.403
Без разлика дали е претежно православна или атеистичка, не можеш да сопреш финансирање на џамија. Нешто слично се случува и со православни верски објекти од лица и фирми од странство. Не е тоа ниту главниот проблем со овие објекти. Проблем е што за тие верски објекти властите даваат дозволи да се лупнат кај ќе им се кејфне. Проблем е власта која ги дава дозволите и која не ги руши дивоградбите.
Едно од решенијата (кои беа предлагани и во 90тите од некои партии) беше закон за потекло на пари. Со тоа ќе се намалеше и губење на некои населби со купување имоти со спонзорство од Блискиот Исток и од криминал.[DOUBLEPOST=1447167642][/DOUBLEPOST]И еден текст за хајките на власта врз невладините со акцент на Фондацијата Отворено општество, лагите или вистините, како ви е волја
Хајка против НВО секторот: Клевети и бесмислици
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.886
Поени од реакции
36.942
ЕУ е заедница на демократски држави, и демократски е да можеш да одлучиш кој и што ќе финансира во сопствената држава. Тоа не е спротивно на демократските вредности на ЕУ (освен ако тие и отворено не признаат дека самите не ги почитуваат сопствените вредности)

Најпосле да, не има подоста кои не сакаме Македонија да иде во ЕУ, а уште помалку во НАТО. И тоа е демократско право нели? Мора да има референдум за било кое прашање од овој вид.




1. Мора да се регулира и државниот буџет за реклами, и за НВО
2. На која планета живееш ако сметаш дека некој си буџет на АЕК е поголем од богатството на Џорџ Сорос.
George Soros - Forbes
www.forbes.com/profile/george-soros/
Forbes $24.5 Billion.
Ликот званично е „тежок“ 24.5 милијарди долари, на толку плаќа даноци (незванично, барем неколку ТРИЛИОНИ долари).
Мислам, дај сподели малку со форумџиите од таа дрогата што ја земаш... :coffee:
Ајде со ред. ЕУ е организација каде што за да станеш член треба да исполниш одредени услови (средена корупција, владеење на право, медиуми итн.). Со вакви закони може да одиш да се дружиш со други земји не со ЕУ.

Друго, побогу што е битно колку пари има човекот. Сигурно не поминува непроспиени ноќи зошто не паднал Грујо во Македонија и ги вложува парите како на покер само за да го сруши витезот Груевски. Човекот дава одредена годишна сума на својата глобална организација, па од таму парче по парче се дели некоја сума за организации низ цел свет како и за кај нас. Сумата е минорна во споредба со владината сума за промоција, реклами и слично или описно може да купи само едно маде од Букефал, евентуално и еден од Гемиџиите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.474
Поени од реакции
35.204
Човекот дава одредена годишна сума на својата глобална организација, па од таму парче по парче се дели некоја сума за организации низ цел свет како и за кај нас. Сумата е минорна во споредба со владината сума за промоција, реклами и слично или описно може да купи само едно маде од Букефал, евентуално и еден од Гемиџиите.
Другите твои фаназии, како владеењето на правото, непристрасните медиуми, итн - нема се замарам да ги коментирам (читај, исмевам), ама за ова потцртаното... :)


Еве јас не се согласувам со твојава „проценка“. Ајде кажи од кој ракав ги извади податоците за да направиш споредба во сумите?

За македонскиот буџет, имаме податоци: Буџет на Република Македонија за 2015
Но каде се информациите за Џорџ Сорос, ти да имаш увид во неговите финансии, па сега овде глумиш негов портпарол или адвокат?

Тука идеме до главниот проблем, НИЕ НЕМАМЕ УВИД ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, уште помалку за нивниот газда Џорџ Сорос. Па ако Сорос затајува данок во САД, за што можеш да прочиташ во разни западни медиуми - што останува за неговите финансиски махинации во Македонија?


Затоа пак те прашувам, од кој ракав ги извади податоците за да направиш споредба во сумите? Или пишуваш глупости на памет и... како она ми кажа ти пред некој ден - „не разликуваш *ур од колено“? ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ајде да зборуваме за промена на името, зошто да не? Ова очекувам да биде следна колумна на Гериз. И ти пак ќе кажеш да не гледаме Сител туку да си го читкаме Гериз со отворен ум.
Caмиот факт што владата учествува во преговори, значи дека ќе го менуваме името.
Прашањето е само како ќе гласи.
Тоа се преговори, ние имаме наша позиција, вие имате ваша ај да се најдеме на средина. Ние тргнуваме од “Република Македонија“ вие од “Северна Славоскопска република“ па ќе преговараме да биде името ни мое ни твое и двата задоволни. Вие ќе мрденет од ваши позиции ние од наши и ќе се договориме За тоа служат преговори.
Прашање е само кога ќе се договорат и како.
Друг начин е да се напуштат преговорите со изјава “Ние сме Македонија и точка“ па на кој не му се бендисва - негов проблем.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ајде да зборуваме за промена на името, зошто да не? Ова очекувам да биде следна колумна на Гериз. И ти пак ќе кажеш да не гледаме Сител туку да си го читкаме Гериз со отворен ум.
И тоа една ден ќе мора да се реши.Не велам дека треба да се промени името,туку да се реши проблемот со името.Не може тој спор кој што постои дваесетина години,да продолжи понатаму.Тоа е кочница,за интеграцијата на Западен Балкан.Која дволичност на власта,бараат препорака за членство во ЕУ а првото нешто кое го кажа Хан денеска беше да се реши проблемот со името.А додека нивното членство по форуми тупи дека не сакале членство во ЕУ.Џабе е се,ако се гради држава како кула од карти,странски инвестиции,намалена невработеност,градење на инфраструктура,а во основата постои проблем со името,проблем со црквата,проблем со нацијата,проблем со најголемото малцинство кое се стреми да биде рамноправен субјект,позади кој стојат две држави,од кои втората е новоформирана.Блокади од секаде,нестабилна основа која многу лесно може да се издува и да се сруши таа кула од карти.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.886
Поени од реакции
36.942
Другите твои фаназии, како владеењето на правото, непристрасните медиуми, итн - нема се замарам да ги коментирам (читај, исмевам), ама за ова потцртаното... :)


Еве јас не се согласувам со твојава „проценка“. Ајде кажи од кој ракав ги извади податоците за да направиш споредба во сумите?

За македонскиот буџет, имаме податоци: Буџет на Република Македонија за 2015
Но каде се информациите за Џорџ Сорос, ти да имаш увид во неговите финансии, па сега овде глумиш негов портпарол или адвокат?

Тука идеме до главниот проблем, НИЕ НЕМАМЕ УВИД ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, уште помалку за нивниот газда Џорџ Сорос. Па ако Сорос затајува данок во САД, за што можеш да прочиташ во разни западни медиуми - што останува за неговите финансиски махинации во Македонија?


Затоа пак те прашувам, од кој ракав ги извади податоците за да направиш споредба во сумите? Или пишуваш глупости на памет и... како она ми кажа ти пред некој ден - „не разликуваш *ур од колено“? ;)
Ајде оди исполни си го времето и најди ги информациите за финансии, зошто истите се објавени, т.е. секое правно лице е обврзано да ги објавува. Само те мрзи да ги бараш или па повеќе ти одговара на тезите да се тврди дека не се објавуваат. Плус што ќе ти ги барам јас, знаеш ти да бараташ со интернетот, голем си ќе се снајдеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom