Не секоја држава, посебно не некоја налик на нашата која воопшто не поседува ниту суверенитет, ниту правото за водење на внатрешна, а камоли на надворешна политика, го има екслузивитетот и реалната можност за водење на борба против различни т.н. невладини организации со егзотични имиња, кои дефакто претставуваат експозитури на странски агенти и упорно работат на разнебитување на општеството и слабеење на државата и ширење на туѓо влијание. Во реални услови кога нам Владата ни ја бираат надворешни фактори, а си играме демократија и народот е заблуден дека нешто решава, би претставувало самоубиство воопшто некој да проба да ги стави, на пример, соросевите отворени општества или пак, арапските исламски полумесечини и месечини на некаков црн список. Немаме ние ниту пари, ниту ресурси за да ја водиме таа војна, како што немаат повеќето земји во светот. За да ги исчукаш Сорос енд исламик брадерхуд на клоци и да им покажеш со прстот надвор, мораш да имаш јака држава, да бидеш барем регионална сила, да бидеш светска сила или силно да те штити некоја светска сила која ќе има силен интерес кај тебе, и да имаш силен владетел, со огромна поддршка од народот. Ако ве интересира, пратете тек сега како ќе се обрачуна Ердоган внатре во Турција, со разно разни општества и институти, новинари, опозициски лидери и слично ( не дека го подржувам гомцето, али чисто за информација).
Иако, поголем дел од луѓето мислат дека ова се некакви заговори, или празни муабети, или дека во Украина се случуваше народна револуција, или пак во Сирија, па сите штом ќе спомнат Сорос - по автоматизам се конзумери на Дејвид Ајк енд стаф литература, па исмевања, мајтапења, па Русија и Кина не биле држави - муабети. Впрочем, и темава го докажува тој феномен.
Нам Македонците, најголема опасност ни претставуваат невладините организации кои ни доаѓаат од Блискиот Исток, посебно оние на КСА, и парите што се вложуваат во ширење на радикалната верско-политичко-воена доктрина наречена Ислам, а посебно вахабизмот. Е тука мислам дека нешто и може да се направи ако се обезбеди поддршка од тие кои ни ја аминуваат и Владата, и министрите и секоја позначајна одлука во светот на надворешната политика.