Иницијатива за закон за забрана на финансирање на невладини организации, од НАДВОРЕШНИ спонзори

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.470
Поени од реакции
35.200
@Chemical Angel
Не се разбравме таму на првата страна. Не знам како не успеа да прочиташ дека ти давам подршка за иницијатива со која би се регулирало тоа, да со буџетски пари не смеат селективно да се финансираат медиумите. Ако веќе се оди со некоја кампања како таа за демографски пораст, тогаш да мора на сите медиуми да иде таа кампања, без селекција на кои медиуми ќе иде, а на кои нема да иде. Исто и другите работи кои ги спомна, имаа логика. И извини за тоа „е*ате неписмениот“ - нагалено беше. ;)

Еве скриншот од избришаното, погледни за што стануваше збор:
Прегледај го приврзокот 132707
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Vanlok како да забраниме финансирање на невладини од странски спонзори. Тогаш паразитите од невладин сектор ќе треба да најдат вистинска работа од 8-16h и ќе треба со труд да го вадат лебот. А денес никој не сака да се испоти, сите сакаат на државна или НГО цицка да живеат.
Не ги сакам ни јас НГО организациите, најсериозно ама знаат да бидат корисни за општо добро. На страна тоа што го дудлаат курот со небитни хаштази како #Протестирам и се расправаат на твитер, пред некоја недела успееја да обезбедат матични гинеколози, нешто што беше невозможно да се обезбеди до сега. Запнаа со иницијативата, урлаа, оптеретуваа и допринесоа за нешто што е навистина корисно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не разбрав кој ја дава оваа иницијатива да се донесе закон со кој ќе се забрани од странство да се финансираат невладини организации.
Можеби авторот на оваа иницијатива е исто невладина организација финансирана од странство
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Русија не ги "банирала" сите невладини финансирани од надвор. Си направиле листа и од време на време си прават апдејт. Ги гледаат спонзорите и целите на невладините и ги одобруваат или забрануваат. Кај нас 90% се финансирани од Сорос.
Последната фискална година СОРОС Македонија има буџет од 299.531.700 денари или 4.870.414 евра. Најголем дел од приходите се собрани под општа ставка “чланарина“, приходи од податоци за што биле прибрани 4.707.501 евра.
Некој може да си тера мајтап и да се прави наивен, ама речиси сите т.н. иницијативи, протести во позадина ги имаат овие организации. Некогаш не директно ама преку нивни луѓе. Беџови, транспаренти, организација на протест, медиумска покриеност, еве некој што организирал или бил дел од протест нека каже дали е тоа едноставно. Ако се поклопуваат интересите со тие на Сорос ќе биде едноставно.
P.S. пошто овде имаше многу пленумци нека кажат во што се претвори таа организација и кои луѓе ја превземаа т.е. уште од почеток (после вториот протест) увидоа кој стои позади неа. МОФ (Младински Образовен Форум) медиумски покрива, јача и тн. Имаат способни луѓе, истренирани за дебати, стипендирани надвор да студираат и магистрираат преку Сорос и после се верни до смрт. Како треба да играат така играат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Со оглед дека ми го имаш пријавено моето мислење на темава кај модераторите за да го избришат, а тие биле доволно интелегентни да го избришат сега да ти објаснам ЗОШТО ОВОЈ ЗАКОН НЕМА ДА ГО ПОСТИГНИ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ.

Главниот начин накој работат западните манипулатори со интересите на одредена држава е преку ЕКОНОМСКИ АТЕНТАТОРИ.

Ти во суштина се угледни момци во костуми со еден куп пари во актовка, кои им идат право на владеачката елита и на фин начин пробуваат да ги корумпираат политичарите во земјата која е таргет.
Доколку не успеаат во тоа (иако најчето успеаваат), тогаш им даваат еден куп примамливи кредити и доколку земјата почни да заглавува во нив, а најчесто сиромашни земји со еден куп проблеми како нашава заглавуваат, тогаш кога земјата ќе заглави во гомна до гуша, започнуваат со уцените и купување или искористување на работите кои им биле посакувани во земјата која им била таргет.

Така да ако имаш грам мозок тогаш ќе сфатиш од сето ова дека нашата земја ќе биде во рацете на тие што наумиле.
Нема ништо лошо во кредитите, ако се користат како што треба. Пример ти е Југославија, од една бедна земјоделско/сточарска земја, стана современа држава. Тоа што заебаа работа со национализамот тоа е друга приказна, ама парите ги искористија многу добро.
Лошо е кога тие пари завршуваат во нечиј џеб и после милиони луѓе ги враќаат, затоа на Балканот имаш толку голема миграција кон запад, никој не сака да враќа пари што ги немаат осетено.[DOUBLEPOST=1447139756][/DOUBLEPOST]
Македонија ќе се погрижи за македонските граѓани.
Последен пат кога беше ова точно е пред втората светска војна, кога твоите дедовци и прадедовци се занимавале со земјоделство и сточарство на примитивен начин.[DOUBLEPOST=1447139850][/DOUBLEPOST]
Да не ги споменувам серверите, компјутерите, техниката за базите на податоци на државата, најголем дел беа донации. Донации во амбулантни возила, лаборатории, оддели на клиники...има многу без кои добар дел од македонските установи немаше ни толку да функционираат.
Да додадиме дека и камионите што собораат џубре по Скопје се донација од градот Виена.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Според она што го читам повеќето од вас предлагате да се укинат и сите грантови од холандска амбасада на пример, или работењето на Црвен крст, прекинување на набљудувањето на Мост и слично.
Али сосема е ок шупаци ко оние голманите на Михајловски и Неделковски кои наводно ке ја бранеле Македонија, оние кои прават раздор во македонскиот народ, а се финансирани ни повеќе ни помалку од нашите пари, односно од буџетот на Македонија...Е тие бато се ок бидејќи се финансирани од дома.
Или поентата е дај ќе го забраниме Сорос, а другите нека тераат кој ги врти?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Русија не ги "банирала" сите невладини финансирани од надвор. Си направиле листа и од време на време си прават апдејт. Ги гледаат спонзорите и целите на невладините и ги одобруваат или забрануваат. Кај нас 90% се финансирани од Сорос.
Последната фискална година СОРОС Македонија има буџет од 299.531.700 денари или 4.870.414 евра. Најголем дел од приходите се собрани под општа ставка “чланарина“, приходи од податоци за што биле прибрани 4.707.501 евра.
Некој може да си тера мајтап и да се прави наивен, ама речиси сите т.н. иницијативи, протести во позадина ги имаат овие организации. Некогаш не директно ама преку нивни луѓе. Беџови, транспаренти, организација на протест, медиумска покриеност, еве некој што организирал или бил дел од протест нека каже дали е тоа едноставно. Ако се поклопуваат интересите со тие на Сорос ќе биде едноставно.
P.S. пошто овде имаше многу пленумци нека кажат во што се претвори таа организација и кои луѓе ја превземаа т.е. уште од почеток (после вториот протест) увидоа кој стои позади неа. МОФ (Младински Образовен Форум) медиумски покрива, јача и тн. Имаат способни луѓе, истренирани за дебати, стипендирани надвор да студираат и магистрираат преку Сорос и после се верни до смрт. Како треба да играат така играат.
Значи крај цел е да се забрани протестирањето ???????
Мислам дали сте нормални, да се протестира е најнормална работа во нормална земја, ама тука изгледа нормално е дека нема потреба да се протестира.
Тоа што го мислам е дека, власта може да падне ако на телевизија гледаме протести секој ден е ова е идејата зошто треба да се забрани СОРОС. Луѓе власта не е дадена од бога, туку добиена од граѓаните на оваа држава, ако на некој му се протестира затоа што тие од власта се уфилмани дека се богови и треба да се протестира или да си го смениме името во Народна Република Македонија
 
Ако ти тоа го заклучи од тоа што го пишав океј. Зборувам за спонозорирани протести. Ама во ред вие си знаете. Слушај МОФ, закачи си слика од Сорос и крсти се, пардон клањај се.
А за името, нема далеку да биде кога сороспиите и за тоа ќе почнат да протестираат. Чекаме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.860
Поени од реакции
12.400
Русија не ги "банирала" .
Ние гледаме што прават другите моќни држави или држави со јако меѓународно лоби или држави за кои имаат интерес па се споредуваме со нив. Да се споредиме со многу понебитни и послаби како Босна на пример.
Од друга страна велиш дека
Зборувам за спонозорирани протести.
Некој може да си тера мајтап и да се прави наивен, ама речиси сите т.н. иницијативи, протести во позадина ги имаат овие организации. Некогаш не директно ама преку нивни луѓе. Беџови, транспаренти, организација на протест
да го оставиме на страна она "што го знаеме" како делуваат невладините во корист или против некоја држава. Дали во некој закон е забрането да се протестира, да се купат беџови макар и од вакви спонзорства, да се плати организација и слично. Вакви ставки правно не гледам да се незаконски. Легално и во поширок смисол ова не е логично, освен ако навистина не се докаже дека работат против државата и уставот. Додуша некои отворено работеа против уставот па ги ставија министри за одбрана, здравство...
Од трета страна, дали не треба да се забранат спонзорирани контрапротести? И тие чинат многу пари (автобуси, храна, сместување, цела организација, администрација) и тие се иста работа.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Да се забрани и интернетот и мобилната телефонија пошто се странски организации преку кои се шират пораки и медиумски облици на протести против влада.
 
W

wicked_1

Гостин
Единствен консензус и од граѓански и од политички аспект ни е дека сакаме да сме членка на ЕУ и НАТО. Се друго е дискутабилно.
точно е и оваа, на крај ќе излезе дека православните руси шо пишат тука и се анти-еу, се издаици
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.886
Поени од реакции
36.941
Русија не ги "банирала" сите невладини финансирани од надвор. Си направиле листа и од време на време си прават апдејт. Ги гледаат спонзорите и целите на невладините и ги одобруваат или забрануваат. Кај нас 90% се финансирани од Сорос.
Последната фискална година СОРОС Македонија има буџет од 299.531.700 денари или 4.870.414 евра. Најголем дел од приходите се собрани под општа ставка “чланарина“, приходи од податоци за што биле прибрани 4.707.501 евра.
Некој може да си тера мајтап и да се прави наивен, ама речиси сите т.н. иницијативи, протести во позадина ги имаат овие организации. Некогаш не директно ама преку нивни луѓе. Беџови, транспаренти, организација на протест, медиумска покриеност, еве некој што организирал или бил дел од протест нека каже дали е тоа едноставно. Ако се поклопуваат интересите со тие на Сорос ќе биде едноставно.
P.S. пошто овде имаше многу пленумци нека кажат во што се претвори таа организација и кои луѓе ја превземаа т.е. уште од почеток (после вториот протест) увидоа кој стои позади неа. МОФ (Младински Образовен Форум) медиумски покрива, јача и тн. Имаат способни луѓе, истренирани за дебати, стипендирани надвор да студираат и магистрираат преку Сорос и после се верни до смрт. Како треба да играат така играат.
Аха. Да му дадеме на Грујо и компанија да си прават листа кој може а кој не може да финансира во Македонија :D

Конрад Аденауер - може
Сорос - не може
Deal oriented Кинези - може
:brlav:
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Немој да мислиш дека на некој порано не му текнало да им ги пресече странските канали на финансирање на невладините. Кај нас е таква ситуацијата да не може такво нешто да се спроведе, затоа што многу лесно може да ја запали цела држава и Мајдановци да ти направат нова Украина во која ќе инсталираат влада блиска до нив. Да го протераш Сорос, УСАИД и слични од Македонија е како во 1952 да излезеш од Варшавскиот пакт. На Југославија и успеа, ама на Чешка не и успеа.

Невладините се само една алка од цел систем на меѓународниот фактор што го има инсталирано тука. Не се финансираат само невладини со странски пари. Тука се медиуми, амбасади, аналитичари, разно разни институти и тинк тенкови. Се е тоа дел од еден систем, една машинерија со ист извор на финансирање. Се е тоа покритие за инсталација на западни разузнавачки служби. Врз кои е многу тешко да се удри, затоа што треба да си доволно политички моќен и да имаш грб да направиш такво нешто.

Веќе ако сакаш да ставиш некаков филтер на парите што се слеваат во државата, а се користат за финансирање на анти-државни и анти-национални интереси тогаш подобро би било да се донесе закон за контрола и потекло на парите што се слеваат во невладиниот сектор и медиумите. Наши институции да испитаат и да имаат контрола од каде доаѓаат тие пари, зошто доаѓаат, кој ги прима, за што ги прима, со какво потекло се. Истите тие информации да бидат јавно достапни. Да има некаков филтер на контрола на средствата што се слеваат од странски извори. Ова да речеме како прва фаза.

Втора фаза би било лимитирање колкава сума на странски пари да може на годишно ниво да прими НВО секторот. Да не биде како сега, село без кучиња. Институтот Отворено Опшество во САД одлучил дека оваа година на својот огранок во Македонија треба да даде 5 милиони евра, идната година 7 милиони, а понаредната 10 милиони евра. Како што е негово право да одлучи колку пари ќе даде во Македонија, така е наше право колку од тие пари ќе прифатиме. Едноставно носиш закон со кој ја лимитираш висината на донациите од надворешните спонзори. Законски невладиниот сектор да не може да прими повеќе од 2 милиони евра на годишно ниво.

Затоа што целата нивна моќ е концентрирана во парите, тргни им ги парите и тие немаат моќ.Се распаѓаат како кула од карти. Со ограничување на финансиската моќ на НВО секторот постепено ги издишуваш и им ја намалуваш моќта и влијанието што го имаат во опшеството. Како преодна фаза кон целосно банирање на финансиите од надворешни спонзори.

Мораш да играш паметно и постепено, затоа што ако нагло преку ноќ донесеш закон за забрана за финансирање на невладини од странски спонзори може многу лесно да ја запалиш ситуацијата. Држава која на најстратешкото место во главниот град има странска амбасада која повеќе наликува на разузнавачки центар, тешко дека ќе може преку ноќ да се справи и протера такви НВО инсталации. Странскиот фактор е со силно и единствено влијание во оваа земја.

Но веќе ако не може да ги избркаш СОРОС и УСАИД барем донеси некаква законска рамка и филтер со кој ќе го ограничиш нивното финансирање на македонски невладини организации.

Да не се лажеме, ние не сме ни Русија ни Кина. А Грујо е далеку од Путин или Орбан. Навреда е за Путин да го споредуваме со нашите локални давајгази и wannabe политичари. Нема маж во Македонија што може да поведе ваква иницијатива и успешно да ја спроведе. Да имаше таков досега одамна ќе му беа пресечени странските канали на финансирање на ЕН-ЏИ-О секторот.

Па така се се сведува на муабет по кафани и форуми, како и сите останати работи што ги прават Македонците.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.886
Поени од реакции
36.941
Да се забрани и интернетот и мобилната телефонија пошто се странски организации преку кои се шират пораки и медиумски облици на протести против влада.
Јас не разбирам како може владава да им дозволува на младите да одат во Америка, Малта или други земји преку лето.

Сигурно таму странски институции ги заведуваат, им ги перат мозоците после кога ќе дојдат да прават проблеми тука.
Предлагам во законот да се додаде одредба лица до 27 години да не смеат да ја напуштат Македонија.
Прво Владата да им ја изгради свеста како што треба, па после нека одат.

П.С.

Еве за полиберално, државата нека направи листа кои земји смеат да се посетат а кои не.
Рецимо Холандија, Данска тоа најстрого забрането. А вака Белорусија, Русија, Крим, Донбас е ок.

За САД муабет да не правам. Под итно да се донесат професори од Иран и во секое школо задолжително по три часа неделно да држат за опасностите на америчкото општество.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom