Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728
Член од
24 април 2008
Мислења
10.942
Поени од реакции
12.344
Ништо не е легално во случајот со Крим, ќе биде кога ќе и платат на Украина. Инаку спорот допрва почнува, а Русија изгуби пријателска држава од 50 милиони жители минус Домбас и Крим.

Русија во моментов е во скутот на Кина, и не е баш во лагодна ситуација ;)
Сум од постарата генерација и интересно не појде Раде да прави кариера во Русија, туку сфати кој краде и пред очима те вара...
Ништо не беше легално ниту во присилното соборување на демократски избраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Доколку типот толку не чинеше за претседател на Украина, можеа да соберат потписи за организирање на референдум на кој ќе му изгласаа недоверба, или да чекаа до наредните редовни претседателски избори кои требаа да се одржат во 2015 година за да му изгласаат доверба на друг кандидат за претседател - под претпоставка дека Јанукович воопшто планирал да се кандидира за втор претседателски мандат.

А вака добија крвопролевање и губење на територии кои за волја на вистината, никогаш не ни биле историски дел од територијата на Украина - која постои како држава од 1919 година па наваму, а своето постоење - иронично - го должи токму на руската крв која се пролеала за време на руската граѓанска војна од 1918 до 1922 година и милионите Руси кои изгинаа борејќи се против нацистите во Втората Светска Војна.

Но бидејќи го имаа нивниот ќељавец Никита Хрушчов на власт во Москва кон крајот на 1950-те години и почетокот на 1960-те години, дочекаа Кримскиот Полуостров - кој од секогаш бил територија на Русија, преку ноќ да стане дел од територијата на Украина - не преку референдум, не преку воено освојување или некаква размена на територии или население, туку преку политичка одлука на неизбрани партиски функционери со цел задоволување на личните хирови на некогашниот сталинист, а потоа анти-сталинист Никита Хрушчов.

Со среќа нека им е во скутот на нивните ЕУ и НАТО марионетски управители, допрва ќе откријат што е вистински банкрот и задолжување за плаќање на туѓи долгови, како на пример за плаќање на долговите на Грција.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Русија ја изгуби Украина кога Америте таму донесоа воена хунта на власт. Крим и Донбас се многу подобри од ништо... Или тебе ти текнува подобра стратегија?
Знам знам, ти би сакал капитулација, ама тоа не се важи како подбра стратегија (за Русија) :)

Најпосле, ќе видиме до кога ќе издржи деспотската власт во Украина. Таму сепак мнозинството зборуваат Руски како мајчин јазик. И ќе видиме до кога САД ќе издржат да ја финансираат Украина.
Но едно знам, Русија нема да дозволи стабилност и просперитет во Украина, се додека Украина повторно не стане неутрална.
Најпосле ова ми се бендисува сите станавте реални и зборувате без нараквици (освен @Gag кој или се прави на будала или е сеуште под руска пропаганда)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.164
Поени од реакции
22.744
Најпосле ова ми се бендисува сите станавте реални и зборувате без нараквици (освен @Gag кој или се прави на будала или е сеуште под руска пропаганда)
Леле ти ептен си бил напорен, ти кажав претходно ќе ти кажам и сега. Принеси аргумент/и, ова е форум а не пазар. Толку си детинест што кога притиснат, единствен излез ти е плукање по луѓе.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Леле ти ептен си бил напорен, ти кажав претходно ќе ти кажам и сега. Принеси аргумент/и, ова е форум а не пазар. Толку си детинест што кога притиснат, единствен излез ти е плукање по луѓе.
Добро бе сите веќе разбраа од досегашнава дискусија меѓу мене и тебе, ти и понатаму бараш аргументи ?!?
За што аргументи? За руската пропаганда што ја искористи за војната ќе се расправаме? Сакаш да се враќаме на почеток од кофликтот? Па врати се едно 250 страни назад и читај кој што кажал тогаш.

Она што го правеше Русија со Украина е исто како Германија со Полска пред втората светска војна. Знаше германски војници во полски униформи дрн дрн.
:facepalm:

И @Pina и @Vanlok убаво си кажаа зошто беше војната, а и јас тоа ти го велам.
 
Се на памет си зборуваш ти, т.е. се што ти кажал телевизорот. Би ти рекол да не му веруваш но бесцелно е. Си заклучил дека Русија е крива за секоја лошотија на светов, што да ти кажам понатаму...

Ванлок убаво си кажа али он зборува за реакцијата на Русија до која немаше да дојде ако немаше пуч во Киев. Или Путин е толку злобен што ќе го земеше Крим од "чиста мира".
 
Е па затоа не ти е логично, затоа што не сакаш да прифатиш дека Украина беше заложник на Русија.
Прифати го тоа и се ќе си дојди на свое место, наме злобна Русија, има интересни зони во кои мораше да биди Украина.

Украина реши дека и е доста од проруски олигарси кои му го дудлаат на Путин за поефтин гас и нешто економија и решија да тргнат во ЕУ и во НАТО.
Ја одбијаа понудата да бидат во исти гомна како Казакстан, Белорусија и уште неколку други.

И се случи тоа што се случи. Се друго е пропаганда. Нема потреба да продолжиме да дискутираме за минатото, ако не ми веруваш мене ете и другите ти кажуваат.

Сега треба да продолжиме да дискутираме за иднината, па јас ќе си го кажам моето мислење, за да остане во архива што сум прогнозирал.

Мое мислење е дека Путин наиде на јак отпор за Крим (по мое мислење дури и преслаб, требаше американциве поцврсто да запнат) и сега Русија мора да стани проактивна, што би рекол председателот наш, на економски, политички, а сега и на воен план.

Прво мора да ја избегни целосната екномска зависност од Кина.
Второ, во ситуација во која Русија изгледа на колена, и вазал на Кина, сателитите од Евроазиската Унија, кои и самите се големи, а мали, диктаторчиња можно е да почнат да ги преиспитуваат своите ставови за односите со Русија.
Трето мора да спречи дополнителна економска изолација со спречување на нови нафтоводи кон Европа.

Сега иди делот кој што е поврзан со Сирија и практично и таму му припаѓа, ама е врзано со сето ова, па ќе го напишам тука.

Демонстрацијата на воена моќ е најдобриот начин за да Русија стани проактивна и да ги заплаши сите и пријатели и непријатели. Но, тоа е и најголемиот ризик. Во Сирија резултатите им се во рангот на американските, бомбардираат ама на терен ИСИС се шири, Асад е нешто подобар против умерените терористи, ама со другите пак слабо стои. Претпоставувам Русија планира да влези да му помогни на Асад воено и територијално да зајакни, па после да инсистира на преговори.

Но, тука ги матат плановите две многу битни земји за решавање на конфликтот на мирен план, Саудиска арабија и Турција.

Саудиска арабија во моментов е скроз луда, се зборува дека сето ова е поради принцот, кој е министер за одбрана и ја контролира цела војска и вториот по ред за наследник. Дополнително тој е и во конфликт со принцот кој ја контролира полицијата и е прв наследник. А изгледа моменталниот крал е тотално не способен да се справи со сето ова. Што значи дека Саудиска арабија можно е да тргни на се или ништо, во зависност кој го има главниот збор. Има отворен конфликт во Јемен, и се расфрла со пари од Египет, преку Јордан, до Пакистан и Авганистан. Што е под нејзина контрола, а што не е тешко е да се знае, ама сигурно има главна улога во голем број на екстремни исламистички организации.

Турција е во малку поинаква ситуација, ама и таа има вооружени судири и контролира многу вооружени единици во Сирија.

Тоа значи за да се реши оваа ситуација Русија и Иран треба да предизвикаат граѓанска војна во Сирија и Турција.

Толку сега засега многу голем беше постов.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.164
Поени од реакции
22.744
Верувам дека веруваш, да завршиме веќе. Во врска со иднината, слободно прогнозирај за во архива.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.687
Поени од реакции
33.858
...нема злобна Русија, има интересни зони во кои мораше да биди Украина.
Прилично точно. Освен минатото време што си го употребил, не е минато - туку сегашно време.

Да те поправам: Украина е, и секогаш ќе биде, во сфера на интерес на Русија.
Потполно исто како што Мексико и Канада, секогаш ќе бидат во сфера на интерес на САД.

...не сакаш да прифатиш дека Украина беше заложник на Русија.
Ако тоа така го формулираш, тогаш сигурно ќе се сложиш и дека сега поголемиот дел од светот е заложник на САД?

...Украина реши дека и е доста од проруски олигарси кои му го дудлаат на Путин за поефтин гас и нешто економија и решија да тргнат во ЕУ и во НАТО.
Ја одбијаа понудата да бидат во исти гомна како Казакстан, Белорусија и уште неколку други.
Погрешно. Украина „не реши“ ништо, тоа го реши марионетската влада - воената хунта која САД на сила и со војна ги донесе на власт во Украина. Сегашната влада е целосно контролирана од САД, многу повеќе одколку што Русија ја контролираше владата на Јанукович.

Владата на Јанукович одлучи да оди истовремнено и во Евроазискиот Економски Сојуз, и во Европската Унија. Со тоа што двата сојузи не нудеа исти услови, па нормално беше да ја одберат подобрата понуда (подобра од аспект на јавно понудените услови).
Пред пак да не смееш со мафијашки шеги, не заборавај дека таа тогашна украинска влада беше избрана на легитимни избори, на кои ЕУ мониторите НЕМАА НИКАКВИ ЗАБЕЛЕШКИ. Пребарај на интернет, увери се и сам.

Не ми е јасно @teneke како некои работи ги разбираш но за други работи упорно се залажуваш сам себе иако ти се познати фактите. :cautious:
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.866
Поени од реакции
12.965
Абе уште не банкротира Русија?
Бидејќи на колена била.......
 
?

..........

Гостин
Абе уште не банкротира Русија?
Бидејќи на колена била.......
Уште ги чекаме прогнозите од минатиот декември каде се прогнозираше дека русите штотуку не почнале корења да јадат..
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Прилично точно. Освен минатото време што си го употребил, не е минато - туку сегашно време.

Да те поправам: Украина е, и секогаш ќе биде, во сфера на интерес на Русија.
Потполно исто како што Мексико и Канада, секогаш ќе бидат во сфера на интерес на САД.
Минато свршено време е тоа, Украина повеќе нема да биде со Русија после сето ова.

Инаку не е точно за Мексико и Канада, тие постојат од време кога се создадени САД, а Мексико и водела војна со САД, одамна.
Украина е создадена многу покасно од Руската империја, била нејзин соствен дел и се одвоила од неа.

Споредбата би била правилна ако да речиме Тексас се одвои од САД, па тогаш можема да правиме муабет за слични сфери на интереси.

Ако тоа така го формулираш, тогаш сигурно ќе се сложиш и дека сега поголемиот дел од светот е заложник на САД?
Ова ти е точно.

Погрешно. Украина „не реши“ ништо, тоа го реши марионетската влада - воената хунта која САД на сила и со војна ги донесе на власт во Украина. Сегашната влада е целосно контролирана од САД, многу повеќе одколку што Русија ја контролираше владата на Јанукович.
Ако беа толку легални Јанукович без проблем ќе си победеш пак. САД не можеа да променат режим кој го поддржува народот, еве од Сирија се гледа, дека ако имаш добар процент од населението што те поддржува тогаш така изгледа распадот и промена на режим.[DOUBLEPOST=1447006114][/DOUBLEPOST]
Абе уште не банкротира Русија?
Бидејќи на колена била.......
Сега засега успешно се справува со тој дел, но мораше да и седни во скутот на Кина.

Лично мислев дека интервенцијата на Русија во Сирија ќе ја качи цената на нафтата, ама очигледно ја потценив лудоста на Саудиска арабија.
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Поучно

http://www.dw.com/mk/мрачни-прогнози-за-украина/a-18669032

ЕКОНОМИЈА
Мрачни прогнози за Украина
Грција не е единствената земја со економски проблеми. Украина се наоѓа на раб на државен банкрот и се надева на отпис на долговите. Воениот конфликт со Русија ја турна земјата на колена, но тоа не е единствениот проблем.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.942
Поени од реакции
12.344
Уште ги чекаме прогнозите од минатиот декември каде се прогнозираше дека русите штотуку не почнале корења да јадат..
Русите јадеа пцовисани компири, леб направен од песок и борова смола, наместо да им се предадат на Адолф Хитлер и нацистите во Втората Светска Војна.

Банкрот за нив ќе биде исто што би бил и снег среде лето за нас Македонците - ќе заболат од грип, ќе оздрават и ќе си продолжат со животите како ништо да не било.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Русите јадеа пцовисани компири, леб направен од песок и борова смола, наместо да им се предадат на Адолф Хитлер и нацистите во Втората Светска Војна.

Банкрот за нив ќе биде исто што би бил и снег среде лето за нас Македонците - ќе заболат од грип, ќе оздрават и ќе си продолжат со животите како ништо да не било.
И јас се сложувам дека сега банкрот и да се случи нема да ги натера русите да застанат против Путин.
Ама лани ова време тоа ќе имаше прилично јак ефект во Русија на морален план.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom