Знам дека во последно време отапеа со Геј темите но ова е подруга работа.Значи приказнава оди вака .На 12-11 години сватиф дека Памела Андерсон не ја свиѓам(секако шега е ,во превод геј сум) и ми беше тешко да се прифатам се до 16 години.Измеѓувремено мислев дека тоа е фаза ќе помине и ќе бидам "нормален",но ништо.Сега имам 18 години и да сум имал краткотрајни врски и со двата пола но од кој само со истиот пол(врската) ми се допадна,и не планирам пак да имам нешто со спротивниот пол(колку глупо тоа и да звучи).Се рачунам за нормална личност но дали и вие така ме гледате тоа е друго.Го почитувам другото мислење колку и да е непрофатливо за мене ,така да ве молам ако мислете дека сум болесник или незнам психички пореметен држете си го таковото мислење за себе .Барам да се поставите на мое место и да го видите светот од мој очи.Не сум згрешил никому ,не крадам,не силувам ,не малтретирам,не се мешам во нечиј животи,не сум верник но немам ништо протил религијта.Ете таков хомосексуалец сум станал ни крив ни дужен, осуден сум да живем во вакво предрасудно опшество.Верувајте далеку е ова од избор за сексуална орјентација,кој би скал да избере хомосексуалец ако знае дека ќе биде малтретиран од околината.
Малку избегав од темата но целта ми е дека барам најискрено од вас како би изреагирале ако вашете дете(син или ќерка) еден ден ви кажуваат дека ги привлекува истиот пол и препорака јас што да направам во мојот случај.
П.С гајле ми е граматика не сум за тоа дојден тука
П.С.С пред да одговорите стајте се под моја кожа
Дај си претпоставка вака...
Утре со твојот партнер посвојувате дете,рецимо женско. Доаѓа еден ден и ти кажува дека е стрејт, меѓутоа ужива во групен секс. Дали ти тоа би го прифатил.
Се зависи од тоа какви ти се родителите (95% кај нас родителите се доста конзервативни), меѓутоа ако бараш тие да се стават во твоја кожа треба до негде да ги сфатиш и ти нив.
Не е муабетот дека ти си убил некого па дошло крај на свет, меѓутоа во случај тие да се конзервативни нивниот свет ќе се уништи.
Ако мислиш дека лошо ќе поминеш чувај си ја тајната за себе, ако мислиш дека има шанси да прифатат пробај да им објасниш,сепак се грижат за тебе дури и да се најлошите родители.
Најди начин да им нанесеш што е можно помала болка, безразлика дали ке се криеш или не.Ти и вака и така си решен и убеден за твојата сексуална определба и нема никој да те премисли.
Се најдобро[DOUBLEPOST=1446466944][/DOUBLEPOST]
Искрено не ги читав коментарите така да не знам до кај е дојдена дискусијата но еве мое мислење. Јас сум геј и од кога памтам за себе знам дека не сум бил типично стрејт машко но ништо не ми беше јасно се додека не дојдов до пубертет и сватив дека сум геј. Имаше тешки моменти, не велам не за мене денес само најблиските пријатели и братучеди знаат и баш се ок со тоа.
Сакам да имам дете некој ден и знам дека ќе имам. Тоа секако ќе биде во друга држава а не тука, а дали ќе биде биолошко или посвоено тоа е помалку важно. Е сеа како би реагирал кога би знаел дека и моето дете е геј? Секако дека би го прифатил. Бидејќи не сакам да правам работи што мене некој може да ми ги прави или ми ги правел. Се зависи до средината во која се човек наоѓа. Што полиберална тоа подобро.
А за тоа дали да им кажеш на родителите ја би препорачал не. Тоа евентуално после осамостојување. Тогаш нема да зависеш од нив и ќе биде многу полесно. Вака може триста глупости да се издешаваат, а може и ќе следе прифаќање од нивна страна. Се се сведува до тоа колку ги познаваш своите родители.
Не пробувам да се расправам со тебе немој да ме сфатиш погрешно.
За да споредиш со тоа дали ти го прифатил твоето дете, треба да најдеш некоја против тежа која е речиси блиска до тоа да е геј.
На пример твоите не те прифатиле (не знам каков бил твојот случај, само давам претпоставка), али ти го прифаќаш твоето дете. Треба да најдеш нешто слично што тебе не ти се допаѓа, на пример твојата ќерка да работи како стриптизета (не сфаќај лично само пробувам да најдам пример).