Секој има право да пишува што год сака на темава се додека се држи до правилата и не замине офф топик, вие не можете тоа да го забраните ни по разно.
Многу љубомора и завид гледам на темава, па некој дур се дразнува да суди кој кога и колку ќе добие чиниш од љубомора и лицемерија тој некој си замислува дека работи во министерство па "соли памет" и кажува отсечни одговори како било.
Глупости.
Бројките од 2014 се стигнати до 8000 кој не верува нека се помачи да искуца и нека се ангажира малку за себе.
Оние од 2013 и 2012 каде и да е ќе добијат одобрување ако поднеле веќе било каков роднински документ. Фер - не фер нема, тоа е.
Работите во бугарија се значително убрзани како и што нагласија и тие самите, ама ако, аирлија нека е.
И ќе ве замолам не бидете толку злобни, не сте газди тука и администратори па да кудите кој што пишува, ако вие сметате дека постот е офф пријавете го, едноставно е,неможете да се дразнувате да вреѓате и омаловажувате некој друг, и после кога ви ја затвораат темата молите.
Пријатен ден и трпение, некој порано некој покасно секој со својата среќа ќе си го добие очекуваното.