Романскиот премиер поднесе оставка поради трагедијата во ноќниот клуб во Букурешт

  • Креатор на темата Креатор на темата Notepad2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 мај 2015
Мислења
119
Поени од реакции
181
Возраст
47
Романскиот премиер Виктор Понта денеска соопшти дека поднесува оставка, откако во романскиот главен град Букурешт следеа големи демонстрации по трагедијата која што се случи во еден ноќен клуб во романската престолнина, пренесува AFP.

Во трагедијата во ноќниот клуб загинаа 32 лица, а на протестите во Букурешт демонстрантите побараа одговорност и оставка од Понта. Во вторникот вечерта на улиците низ Букурешт протестираа околу 15 илјади луѓе. Покрај главниот град, слични демонстрации се одржаа и низ повеќе романски градови.

„Го враќам мандатот. Се надевам дека оставката на Владата ќе ги задоволи луѓето кои протестираа на улица“, изјави Понта.

Инаку во трагедијата во ноќниот клуб се случи откако пиротехничката опрема предизвика пожар во кој животот го загубија 26 лица, а од повредените 200 лица, потоа починаа уште шест. Ноќниот клуб ја немал потребната дозвола за организација на концертот, ниту пак за пиротехничката опрема. Тројцата сопственици на клубот од вторник се во притвор.

romanija.jpg

Што е поврзана владата со овој инцидент? Не е ова грешка на ноќниот клуб и одговорните за тоа да сносат последици? Ако сака некој да ми појасни, фала.
 
Па тие се должни да спроведат контроли дали сите имаат услови за вакви настани - безбедност, сигурносни излези, знаат да спроведат излез при итен случај, дали имаат пиротехника, дали може местото да издржи толкава толпа на народ без некој да биде загрозен итн.
 
Против овој поднесени се обвиненија за даночно затајување и уште неколку други кривични дела (перење пари и измама мислам беа). Верувам дека тоа е вистинската причина за оставката, а ова е некаков изговор. Крај краева, нема никаква одговорност. Одговорен е клубот, но и надлежните кои му дозволиле на клубот да работи и да одржува концерти.

Па тие се должни да спроведат контроли дали сите имаат услови за вакви настани - безбедност, сигурносни излези, знаат да спроведат излез при итен случај, дали имаат пиротехника, дали може местото да издржи толкава толпа на народ без некој да биде загрозен итн.
Точно, ама не знам кој е надлежен во Романија за тоа. Кај нас си има инспекции, си има локални власти.

Инаку, темава мислам треба да оди во Вести и случувања > Регион. @Ilumious
 
Последно уредено:
И покрај аферите, рејтингот на владеачката партија е огромен. На претходните избори освоија дупло повеќе пратеници од опозицијата (хмммм) а догодина има редовни избори. Добар и очигледно испланиран потег.
 
Ех, да си беше сега во Романија и на некој романски форум да си ја бранеше политиката на овој ликот...

Мераци.
 
А ти да мрчеше и да се викаше Ставрогинеану.
 
Што е поврзана владата со овој инцидент? Не е ова грешка на ноќниот клуб и одговорните за тоа да сносат последици? Ако сака некој да ми појасни, фала.

Денес, 4 ноември оставка поднесе и градоначалникот на сектор 4 - Cristian Popescu Piedone по објавата дека нема за што да се буни и дека од негова гледна точка клубот Colectiv работеше законски и легално.
Додека парамедиците, докторите и пожарникарите се бореа да спасат што повеќе жртви, господинот Piedone си одржа прес конференца пред клубот, кажа дека сопствениците имале декларација за сопствена одговорност, која е вклучена во оперативната спогодба за работа на клубот.
 
И покрај аферите, рејтингот на владеачката партија е огромен. На претходните избори освоија дупло повеќе пратеници од опозицијата (хмммм) а догодина има редовни избори. Добар и очигледно испланиран потег.
Па, не баш. Понта и социјалдемократите во Романија се во заминување уште откако ги изгубија претседателските избори од Германец.
 
Неговите родители се Саси од Трансилванија, Klaus Iohannis е роден во Sibiu.
 
И ја колку оставки од работа имам дадено ти да видиш :pos:
 
Па, не баш. Понта и социјалдемократите во Романија се во заминување уште откако ги изгубија претседателските избори од Германец.
Во право си. Сепак останувам со уверување дека оставката е поднесена после добри политички анализи што се добива а што се губи.
 
Внатрепартиски притисок. Социјалдемократите мислат дека без неговата хипотека ќе пројдат подобро на изборите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom