Колку е лесно да бидеш дел од малата група што извикува "Welcome refugees",
да плукаш по мнозинството, истото мнозинство што потоа ќе треба да плати за тие бегалци.
Многу е лесно да бидеш великодушен, со туѓи пари.
За да мафташ со таков транспарент "Welcome refugees" стварно треба да имаш сериозен проблем во главата.
За тие мигранти да дојдат во твојата богата, средена и развиена држава каде што ти ги каниш, треба да превеслаат цело море во гумени примитивни чамци, да се напикаат во ферибродовите во Грција, да поминат нелегално 3-4 граници обвиткани со бодликава жица и маџарски ѕидови, некаде да поминат пеш по пруги, да спијат по ниви и шуми.
Попат да се кријат од полиција и да внимаваат на пљачкашки банди.
Тоа е исто како на куче што се наоѓа од другата страна на немачки автопат (каде што нема ограничување на брзина), да му мафташ со сочно парче шницла и да му викаш, дојди цела ќе ти ја дадам и ќе те земам кај мене дома каде што има вакви шницли колку ти душа сака.
Доколку има кучето среќа ќе претрча преку автопатот без да го удри некоја сканија со 200 на саат. Тогаш ти си најхуманиот човек на свет, ќе те фалат новини , ќе те прикажуваат како Мајка Тереза. Награди и признанија за хуманост, идол за љубителите на животни. Ако го удри шлепер, тогаш шоферот е крив ... јебига.
Дајте ново куче да излажеме и на негов грб да градиме кариери и углед на лажна хуманост ...