Последно кога погледнав сите кафани беа полни, на улици се возат возила не постари од 10 години, претежно не постари од 5 години, сите имаат преку 25000 плата барем во моја околина не познавам некој да има помалку, на сите им се децата запишани по факултети - нешто што е на запад научна фантастика, сите имаат станови или ниви, можеби не во Скопје али битно имаат имот - нешто што на запад е пак незамисливо секој жител да поседува имот. Кој стигна купи стан во новиве градби и се гради турбо.
И некои ќе не убедуваат дека тука лошо се живеело и дека сме биле на ниво на Африка. Можеби не сме Финска али дека е далеку подобро од пред 10 години и дека се живее барем како во Хрвтска е непобитен факт.
И да тоа е делумно благодарение на инвестициите, нешто што за прв пат се случува во моддерната историја некој да дојде и да инвестира кај нас. Порано пред 10 години инвестиоторите беа бркани.


