Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга кајганче моја.

Со тек на време и со почеток на многу обврски одеднаш решив да те баталам малце по малце. Или изгледа досадно почна да ми станува. Ама не мора да значи дека не е можно пак да почнам да те дружам иако гледам доста работи се смениле тука последниве 6 години.

те сака маарко
 
Најубавиот момент во живеењето сам, е што можеш како човек да си се исплачеш на филмови без некој да се подбива со тебе.

:place::place:
 
Последно уредено од модератор:
Кајганакис ,

Ме интересира , дали ние сме единствената земја во која мерило за богатство е тоа да имаш за кафе. Пази муабет , сите се жалат немаат пари а кафичите полни :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Седиме со баба ми и гледаме некоја рандом турска серија. Додуша таа повеќе гледаше, јас онака ради реда гледав дури пиев кафе, ја дружев и уживав во топлата соба. И поминува на телевизорот некоја реклама, па најава за ВТОРА сезона од некоја серија. И ја слушам баба ми вика:
-Е арно му текна да ја пуштат. Цел месец помина, заборајв шо се случуваше.

Е арно си велам јас во умов. Чути Шерлок шо немаш гледано......
 
Ќерка, со мајка и баба
Мајка, со ќерка и мајка
Баба, со ќерка и внука

Па добро бе ГАНГУЛА, НАБОДИ МЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, НАБОДИ МЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!

das.jpg
 
Сите луѓе си ојдоа од градов, некој сакат штрк да ни носит овде зимава :pos:

Силјан Штркот од село Ношпал ќе презими во Охрид


И врвот :
Секое утро возрасните ги испраќа на работа, а децата на училиште. Не се дружел со другите штркови. Иако научил да лета, сепак во август кога имал 4 месеци, не заминал на југ.
 
Некој копиљ ми ја крадит поштана или пак поштарон се кљукат со недозволени супстанции, кој и да е барем нек ги платит сметкине ак не.
 
Еххх, пусти времиња ... Ни компјутер, ни телефон, само парче леб намачкан со крем и цел ден на улица...

10934029_10152512607636644_4632255212282658403_n.jpg
 
Драга,

Кој цар сум ја. Си го преспав колоквиумот. :( А таман бев учел синојка и бев сигурен дека добро ќе го напраам. Еххх. :place: Надвор пука сонце, а мене ми личи ко цел ден да врнело. И така сеа си се тешам дека се' ќе биде добро, па ај, од грешки се учи, ќе биде во јануари.
Се молам побрзо да заврши денов, зашто не можам да издржам. :(:(:(
 
Драга ...

вчера дечко ми ми рече "Кога ќе живееме заедно те молам кога ќе ми праиш некој prank да не биде многу болен, зашто од тебе такво нешто очекувам". А баш имав смислено неколку :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom