Помош околу интеренет?
Моментално користам SunWireless ама е многу бавен и не дава многу сообраќај. Отидов во Cyber (во Гоце сум) и ми рекоа да прашам некој од комшиите ако не користи интерент за да ми го позајми прикучокот. Обично во сите соби има приклучок за интернет ама јас сум во цртална и затоа кај мене нема. Дали знае некој како можам да прикучам интернет?
Немам претстава какви се таму собите, ако имаш соседна соба со приклучок за интернет можиш да се договориш да делите интернет со тоа шо ќе ти треба сепак рутер да земиш за да имаш во секое време. Можи и преку неговиот компјутер да ти пушта интернет, но многу е непрактично со оглед дека си во посебна соба ,а него компјутерот треба да му е уклучен.
с
За студентскиве домови иначе,без разлика кој и да бил на власт низ годините, проблемот е во неодржувањето.
Еве на пример јас од кога сум вселена им кажувам дека имам проблем со чешмата и дека не можам да ја затворам, постојано течи. Доаѓа водовџија, ми ја стега со клешта и ми вика "еве сега се затвора"
Им кажувам дека имам проблем со парното, не циркулира водата како шо треба, две ребра имам прежешки останатите камен ладни, ми викаат "остај нема ништо"
Од влагата кај сите тоалети ѕидовите се напукнати. Во некои кабини за туширање ни плочки нема.
Сега најново почнаа и лебарки да ни шетаат по тоалет, па така ако си малку поспан, не се исклучува можноста да ти влези некоја во пижами. Светло во тоалетите никако. Со денови коритото ни беше затнато, да не можи човек да се испери на раат, а чистатчките упорно го дознатнуваат и го полнеа со ѓубре.
Не се одржува едноставно, гајле им е на тие шо се вработени таму дали студентите мочаат за време на викенди, дали јадат од измиени чинии, дали низ гајбата со леб шетаат лебарки, дали е чист ходникот, дали пукнала цефка и треба да се поправи пред да се направи поголема штета.
Све е распаднато од неодржување.
Посебна приказна се кога доаѓа полно комбе со продукти за во бифе и бонската, а ги гледаш празни, во превод приоритет изгледа прво се вработените, па после студентите.
На утро барем лани имаше некакви пецива, сега во 9 саатот слегувам да поручам, ми вика "гравче имаме"
Дури не ги стегни некој таму вработените од еден до последен кои се повеќе нишај врата-земај плата, до тогаш студентските ќе се распаѓаат сами од себе и ќе ја бараме кривицата во секоја власт претходна, сегашна и идна дека не ги правела студентските домови. Пре би рекла не ги одржуваат, пошо не ги контролираат вработените шо од најобична работна позиција се прават богињи на светот.