Добар интернет, но голем пинг во игри

  • Креатор на темата Креатор на темата MartinTV
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 ноември 2015
Мислења
10
Поени од реакции
0
Возраст
26
Здраво сакам да ве прашам како можам да го поправам проблемот со пинг(лаг) во игрите..
Интернетот ми е од blizoo , еве еден месец ми го прави истиот проблем. Од сабајле до некаде 4 попладне интернетот е добар , не лагира во игра, а после 4 накај 4 : 30 попладне почнува да лагира па се до доцни часови. Повикав техничка екипа од blizoo , дојдоа го сменија модемот, исто си остана не се поправи лагот, потоа сменив нов рутер, пак останува исто.. Незнам веќе до што е, дај помагајте !!!
 
Им се гуши мрежата, очигледно во твојот реон немаат доволно мрежни ресурси за да ја задоволат потребата на корисниците.
Не е проблемот до тебе, до операторот е.
Нема што да правиш, освен да поднесеш приговор кај твојот оператор и тој да си го реши проблемот.

Доколку тоа не успее - се знае, менуваш провајдер.
Доколку те држат со некои договори, а не го решаваат проблемот и по поднесениот приговор кон провајдерот, тогаш поднесуваш приговор во АЕК и треба да бидеш ослободен од пенали затоа што ти си го плаќаш договореното, провајдерот не испорачува договорено или прифатливо ниво на услуга.
 
Им се јавувам на техничка поддршка , некои ми викаат до игрите е , некои ми викаат не е до нас, незнам што незнам ова незнам она... Стварно веќе еве 1 месец откако настана тој проблем, иначе немам 18 години, дали пак можам да поднесам приговор во АЕК ?!
 
Тој што го потпишал договорот за користење на интернет треба да поднесе официјални приговори и кон операторот, а потоа доколку има потреба и кон АЕК.

На пример, ако некој од твоите родители го имаат потпишано договорот за користење на интернет услуга тогаш тие треба да ги обават приговорите.
 
Прати колку имаш пинг во периодот кога ти кочат игрите а колку имаш пинг во другиот период. Ако значително варираат тогаш проблемот ти е до интернет провајдерот и поднеси приговор.
Ако интернет врската нема значителни промени џабе ќе ти е да поднесуваш приговори зошто ќе немаш основа за нив. Може да е оптеретен серверот на играта што ја играш или користиш поголеми ресурси одколку што може да издржи машината. Провери ги првин сите овие работи пред да одиш со приговори.
 
Срање е близу, после 13 или 14 па се до кај 1-2 неможам да гледам стрим.
 
Играм CS:GO неможе да биде проблемот до нивните match making сервери кога моиве пријатели што играм со нив немаат никаков проблем...
Иначе исто така за стримови, катастрофа...
 
Исто е и кај мене на cs:go, денеска нешто се збрка па без проблем го тера, инаку катастрофа е
 
А се имаш јавено у техничка поддршка, што ти викаат тебе ? Мене како што кажав ми викаат до тебе е , до играта е , до ова е до она е... Никако не признаваат дека е до нив.
 
Не бе какво јавување, знам дека е до нив и не планирам да се расправам, ќе ги истрпам уште 8 месеци имам договор и крај.
 
Близу е катастрофа едвај чекам договорот да ми заврши.
Јас пробував да се разберам им се јавував им праќав мејлови но они немаат разбирање и се држат до нивното мислење и не ги интересира ништо друго, односот кон корисниците им е 0 и е губење на време да ги контактираш.
 
Јас како што знам скоро нов обновен договор ми е и трае 2 години, а договорот е склучен околу април / мај 2015 ... Така да не би чекал 2 години да се поправи проблемов, дај помогнете ми некако како да успеам да им докажам дека не е ни до играта, дека не е ни до мене, туку дека е до нив ! ! !
 
Ако успееш да докажеш дека близу не чинат ќе бидеш првиот и тогаш ке треба дефинитивно орден да ти доделат. Они брат ниту прифакаат критика ниту ги боли за нешто. Во АЕК дневно по 100 преставки добиваат најчесто жалби против близу и само дигаат раменици. Го славев денот кога го раскинав договорот со нив.
 
До компјутерот е.
Синот кога игра мта на еден историски компјутер од пред 12-13 години многу е бавна и има 25-30 фпс.
Во исто време се има вклувано и од мојот лап топ(леново 580г трета генерација)не му лага и има 70-80 фпс
 
Ама ја не зборам за fps, fps и lag се сосема друго нешто ... -.-
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom