Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
На времето можеби пред 4-5 години чисто од инает за да им докажам на некои членови тука дека секој кој е барем малце од малце опортунистички настроен може да извади едно 200 евра месечно без никакви познавања од програмирање и такви работи направив бесплатна страна ( од оние готовите само да ги пополниш) која активно ја работев скоро две години. Мислам дека и уште постои само немам проверено, којзнае. Во првите неколку месеци приходите беа така така, но со оглед дека влогот беше нула денари и потрошеното време не е ни вредно за спомнување сепак бев задоволен. Веќе по третиот или четвртиот месец стекнав стални муштерии ( со некои и ден денес соработувам) и приходите станаа и постабилни и поголеми, така да до кај шестиот месец веќе имав приходи од страната од околу 200 евра месецот плус минус. Муабетот ми беше дека ем појма си немав од програмирање нити пак сега имам. Сепак има и други полесни начини за заработка одколку со кликање или очите да ти паѓаат пред монитор, а сепак да се заработи солидна сума. Треба само да си малце инвентивен. Јас си се водам од мотото дека од работа само грпка се добива па сега вие размислите што и како. А да нормално како што е ред кај нас одма се појавија дежурните сезнајковци да ти објаснат дека тоа не можи така, дека незнам што и како , мислам стандардно серење. Можеби и вреди да се спомене дека најголем процент од муштериите беа баш од овој форум, сигурно имаше и некој од нив, кој да ги знае.
Кога ке прочитам како некој кликал цел месец за да заработи неколку долари стварно не ми е јасно зошто си го губи времето со глупости. Ако изговор му е дека незнае да програмира , незнаев ни јас. Ни ден денес незнам. Чисто информативно во последната соработка со еден член исто од форумот месечно заработував многу многу повеќе отколку да кликав на еден куп сајтови. А работата беше што да ви кажам. Намерно нема да го споменам, ама мислам дека ке се препознае.
П.с Инаку дали ми си добар? Оди бизнисот?
Значи не си го покажуваш курето па да кажуваш дека е твоја интимна работа. Те прашувам за обична сума за во иднина не само јас да бидам информиран туку и други корисници, факт е тоа дека ти со самата страна си како Офца во потрага по други офци.

Тие што сакат да инвестират во таква работа нека прочитат на википедија па нека размислат. Има и уште многу такви слично шеми како што ги кажуваш ти па ги измамија луѓето.

На времето серевте за таа Libertagia демек ваква компанија била, та вака плаќала та онака и на крајот кога ја снема зошто сега не напишат колку заработија и зошто ја снема?
А вие како упатени што правите? Си ги чувате парите заработени од дремење пред компјутер во сламарица и си ги собирате цент по цент и секој ден по 10 пати ги пребројувате?
HYIP воопшто не мора да значи дека е ponzi, напротив, најголем дел од нив е вистински инвеститорски бизнис, но има и многу скамери. Главно, голем дел од нив по извесно време преминува во скам. Тука она за кое претходно веќе неколку пати спомнав а кое сите кои се противат на тоа дека HYIP е исклучително профитабилен бизнис, упорно се трудат да го занемарат кога негативно го критикуваат моето тврдење.
-За да се занимаваш со HYIP мораш да научиш како тоа да го правиш. Бидејки општо во секој бизнис високиот профит речиси секогаш значи и висок ризик, тогаш мораш да научиш како тој ризик да го сведеш во прифатливи рамки. Кога велам прифатливи рамки, мислам на прифатлива загуба. Значи, ниту една инвестиција не смееш да ја направиш со поголема сума од онаа која можеш да ја прифатиш и поднесеш како загуба, односно мораш да си ја држиш под контрола алчноста. Многумина кога со првата инвестиција ќе видат дека заработиле убава сума, веднаш реинвестираат се што имаат и тука ја прават најголемата грешка. Бидејки е ризичен бизнис, потребно е да таа сума не биде зголемена до висина која не можеш да ја издржиш како евентуална загуба. И втора грешка која се случува доста често а е за право и најкатастрофална, тоа е да се инвестира се што се има расположливо како сума за инвестиција на едно место. Тоа е најбрзиот пат бо тотален банкрот! Секогаш треба да се инвестираат повеќе помали суми на повеќе различни HYIPови за во случај еден да киксира, другите да си го донесат профитот и со тоа да ја покријат загубата па и да остане чист профит на крај. Тоа е основното правило кога се влегува во овј бизнис и кое за да го научиш и сфатиш не треба да си многу образован и начитан од областа на интернет бизнисите туку треба да имаш здрава логика и малку искуство. Ама, не е за секого, посебно не за оние кои слепо веруваат на се што ќе прочитаат на Wikipedia или по разни блогови кои едно плукаат а друго фаворизираат. За повеќе од 12 години мои обиди за правење пари на интернет речиси да нема начин кој не сум го пробал. Според мојот карактер, моите потреби и можности, HYIP е одличен бизнис до колку се почитуваат овие сосема едноставни правила кои ги спомнав. Ако не си подготвен да се занимаваш со таков бизнис или се чувствуваш несигурно, тогаш не мораш да плукаш по тие кои успешно го работат. Најпосле, како што веќе имам кажано, не можат сите да играат во Лига на Шампиони. Некои ќе останат цел живот да шутираат на мали голчиња низ маало!
 
Последно уредено:
HYIP воопшто не мора да значи дека е ponzi, напротив, најголем дел од нив е вистински инвеститорски бизнис, но има и многу скамери.

Види ја првата реченица на википедија „A high-yield investment program (HYIP) is a type of Ponzi scheme, an investment scam that promises unsustainably high return on investment by paying previous investors with the money invested by new investors.“

https://en.wikipedia.org/wiki/High-yield_investment_program

Ова е коцкарски бизнис, сам пиша дека алчноста е тој што води колку ќе вложиш.
 
Со Kostur123 веројатно во минатото и сме застапувале различни работи,сепак сега морам да се сложам.Едноставно,hyip страните не се инвеститорски.Инвестираш во некаков производ,а во нив немаш производ.Да не се лажеме,сите администратори на вакви страни се луѓе без пари.Значи,имаш администратор кој веројатно последните пари ги бапнал за изработка на сајт.И ти се зачленуваш,и вложуваш,5,10,50$,тој ти ветува дека за 2 месеца тие ќе ти се зголемат за 130-150%.Логиката вели дека е тоа ветер во магла.Тој би ти исплатил доколку некој после тебе не бапни уште 200,или повеќе долари.Ако размислиш,ќе видиш дека банкарска камата на годишно ниво не преминала 5%,обично се движи околу 3,5 или 4.5%.Е сега од каде дотичниот средства да исплати толку? Копа нафта? Продава дрога?Значи,поентата ми е следна.Можиш да заработиш на вакви страни,ако си мегу првите,и навреме си ги собериш парталите.Инаку ти не заработуваш,поради тоа што го работиш,туку заработуваш од парите што следниот после тебе ги вложува.А за споредба,имаш сајтови,трафик,птц и слично кои исплаќаат со години,и се уште се активни.Извини,а колку hyip страни ти знаеш што се постари од 6 месеци?Провери на тие hyip монитори па ќе видиш.
И гледам ,имаш банер од уште еден таков сајт.Еве некој коментар за него
http://review.easycounter.com/oinv.biz-reviews
Иронично ми изгледа кога ќе го видам под него коментарот од корисник.Не си веројатно ти.
 
Инаку и тие review сајтови не се скроз релевантни затоа што секој може да си креира сајт и да зборува што сака. Се плаќаат и коментарите. Со други зборови се е бизнис. Сепак не би инвестирал ништо ни во PTC ни во HYIP.
 
Јас минатата година си ја пробав среќата со cointellect.com вложив 200 евра. Исплаќаше доста време на крај во јануари престана да плаќа во криптовалута. Изгубив од нив приближно 20 евра, но отидов во банка и се пожалив дека ме излажале и ги барам парите назад. За еден месец ми ги вратија трансакциите т.е. тие 200 евра. Искача дека сум во добивка.

Слично се случува и со scrypt.cc уложив 20 евра во биткоини и нема шанси да ги вратам.
Значи од лично искуство зборувам. Биткоинот се копа и носи профит затоа и се одлучив кај овие компании ама се се тоа скам и во даден момент ќе престанат да плаќаат и ги снемува.
 
А вие како упатени што правите? Си ги чувате парите заработени од дремење пред компјутер во сламарица и си ги собирате цент по цент и секој ден по 10 пати ги пребројувате?
HYIP воопшто не мора да значи дека е ponzi, напротив, најголем дел од нив е вистински инвеститорски бизнис, но има и многу скамери. Главно, голем дел од нив по извесно време преминува во скам. Тука она за кое претходно веќе неколку пати спомнав а кое сите кои се противат на тоа дека HYIP е исклучително профитабилен бизнис, упорно се трудат да го занемарат кога негативно го критикуваат моето тврдење.
-За да се занимаваш со HYIP мораш да научиш како тоа да го правиш. Бидејки општо во секој бизнис високиот профит речиси секогаш значи и висок ризик, тогаш мораш да научиш како тој ризик да го сведеш во прифатливи рамки. Кога велам прифатливи рамки, мислам на прифатлива загуба. Значи, ниту една инвестиција не смееш да ја направиш со поголема сума од онаа која можеш да ја прифатиш и поднесеш како загуба, односно мораш да си ја држиш под контрола алчноста. Многумина кога со првата инвестиција ќе видат дека заработиле убава сума, веднаш реинвестираат се што имаат и тука ја прават најголемата грешка. Бидејки е ризичен бизнис, потребно е да таа сума не биде зголемена до висина која не можеш да ја издржиш како евентуална загуба. И втора грешка која се случува доста често а е за право и најкатастрофална, тоа е да се инвестира се што се има расположливо како сума за инвестиција на едно место. Тоа е најбрзиот пат бо тотален банкрот! Секогаш треба да се инвестираат повеќе помали суми на повеќе различни HYIPови за во случај еден да киксира, другите да си го донесат профитот и со тоа да ја покријат загубата па и да остане чист профит на крај. Тоа е основното правило кога се влегува во овј бизнис и кое за да го научиш и сфатиш не треба да си многу образован и начитан од областа на интернет бизнисите туку треба да имаш здрава логика и малку искуство. Ама, не е за секого, посебно не за оние кои слепо веруваат на се што ќе прочитаат на Wikipedia или по разни блогови кои едно плукаат а друго фаворизираат. За повеќе од 12 години мои обиди за правење пари на интернет речиси да нема начин кој не сум го пробал. Според мојот карактер, моите потреби и можности, HYIP е одличен бизнис до колку се почитуваат овие сосема едноставни правила кои ги спомнав. Ако не си подготвен да се занимаваш со таков бизнис или се чувствуваш несигурно, тогаш не мораш да плукаш по тие кои успешно го работат. Најпосле, како што веќе имам кажано, не можат сите да играат во Лига на Шампиони. Некои ќе останат цел живот да шутираат на мали голчиња низ маало!
Друго ми беше поентата но ти очигледно ја промаши.
Јас сакав да кажам дека постојат и други многу подоходовни начини да се заработи на нет без притоа да имаш некакви познавања од програмирање, да кликаш како блесав или да инвестираш свои пари и да се надеваш на најдоброто.
Инаку добро ти рекоја сите претходно. HYIP ти е понзи шема, но ти ако си нашол начин како да ги заебиш секоја ти чест.
И јас искрено ако тогаш заработував во центи немаше ни да спомнам сега. Денес кога и воопшто не барам нови странки, нити правам било што за да ја зголемам заработката освен што ќе ја отворам поштата да видам дали има нешто , пак заработувам многу повеќе од да се бројат во центи. Далеку сум од 200 евра ама пак од друга страна како што реков не се ни замарам. Ако има има , ако не здравје. Како што реков јас немам проверено дали воопшто сајтот како таков ми постои не пак друго.
 
Види ја првата реченица на википедија „A high-yield investment program (HYIP) is a type of Ponzi scheme, an investment scam that promises unsustainably high return on investment by paying previous investors with the money invested by new investors.“

https://en.wikipedia.org/wiki/High-yield_investment_program

Ова е коцкарски бизнис, сам пиша дека алчноста е тој што води колку ќе вложиш.
Секој кој нема појма од извесни работи, бара по Википедија, а Википедија е пишувана најчесто субјективно и без доволно познавање на материјата.
Ако читаше внимателно, што напишав, тогаш не ќе ме парафразираше сосема спротивно од знаечењето и ептен јасно напишаното од мене. Ама, ому колку Господ дал, толку му е.
 
Океј извини ти ја поби википедија. :ROFLMAO:
 
Океј извини ти ја поби википедија. :ROFLMAO:
Бидејки веќе подолг период сум во овој бизнис, можам да ти кажам дека има HYIP компании кои постојат и повеќе од 7 или 8 години, кои работат многу стабилно и со постојани клиенти. Кај нив профитот е можеби и до половина помал од оние кај кои може да стаса до астрономски проценти, помалку се популарни, ама работат стабилно и редовно исплаќаат. Е арно ама, и тие се HYIP зашто профитот е неколку пати повисок од колку и највисоките банкарски камати. И што правиме сега? Тврдењето од Бикипедија кое ти го вадиш овде паѓа со овој факт во вода! За тоа ти велам дека Википедија не е релевантен извор на информации![DOUBLEPOST=1446244236][/DOUBLEPOST]
Ако мериме помеѓу тебе и википедија, се знае кој е порелевантен - ти. :pos:
Е не, ти ќе бидеш релевантен со читање од Википедија и без искуство во проблематиката за која дискутираш!
 
Бидејки веќе подолг период сум во овој бизнис, можам да ти кажам дека има HYIP компании кои постојат и повеќе од 7 или 8 години, кои работат многу стабилно и со постојани клиенти. Кај нив профитот е можеби и до половина помал од оние кај кои може да стаса до астрономски проценти, помалку се популарни, ама работат стабилно и редовно исплаќаат. Е арно ама, и тие се HYIP зашто профитот е неколку пати повисок од колку и највисоките банкарски камати. И што правиме сега? Тврдењето од Бикипедија кое ти го вадиш овде паѓа со овој факт во вода! За тоа ти велам дека Википедија не е релевантен извор на информации!
Што ти е целта овде да им „отвараш очи“ на луѓето овде или да ловиш реферали?
 
Гледам во овие листи на најнови scam сајтови и едно познато име
www.carbon7.cc
Ако не се лажам,пред извесно време и овде се промовираше.Баш ме интересираше кога почна со работа,па еве прогуглав и пронајдов дека официјалниот старт му бил 1/6/15.
Значи,цели 5 месеци не успеа да биди валидна.Толку за долгорочноста и квалитетот на hyip страните.
 
Што ти е целта овде да им „отвараш очи“ на луѓето овде или да ловиш реферали?
Тебе што ти е целта? Да негираш нешто кое појма немаш како функционира? Преходно објаснив основни правила по кои се работи на HYIP сајтовите и немам намера да се повторувам. А за реферали, повели, најди си, никој не те спречува. Или можеби сакаш ти да ми го забраниш правото на тоа да имам реферали???
Гледам во овие листи на најнови scam сајтови и едно познато име
www.carbon7.cc
Ако не се лажам,пред извесно време и овде се промовираше.Баш ме интересираше кога почна со работа,па еве прогуглав и пронајдов дека официјалниот старт му бил 1/6/15.
Значи,цели 5 месеци не успеа да биди валидна.Толку за долгорочноста и квалитетот на hyip страните.
HYIP е широк поим. Ако си се занимавал со HYIP ќе знаеш дека има во основа 2 вида. Едните се брзи, со исклучително високи профити за кус период и други, кои нудат сепак висок профит во однос на банкарски камати, но се побавни, за подолг временски период или пак воопшто немаат лимитиран период за ко го исплаќаат профитот туку едноставно кај нив инвестицијата трае додека не создаде одреден профит според инвестицискиот план. Ако знаеше нешто воопшто за HYIPовите, тогаш не ќе трсеше вакви зелени овде, прочитани од Википедија и од блогови. Carbon 7 моментално има проблем со исплатата, ја врши на максимално одреденото време за кое и ја гарантира а тоа на некои им создава проблем па го прогласуваат за скам. Никој до сега не се случи во гарантираната временска рамка од 48 работни саати да не биде исплатен, барем не најдов некој што тоа го тврди, освен морони кои не ги читаат правилата и условите и кои се базираат многу на Википедија :) Инаку во ниеден момент не реков дека HYIP е без ризици, напротив, има многу висок ризик и тоа е сосема нормално кога има и висок профит. Како во секој друг бизнис, и овде за колку е профитот поголем за толку е и ризикот поголем. Читај убаво што пишував претходно, не треси без врска работи кои од штури информации ги дознаваш. Тоа што некои ќе прогуглаат и ќе прочитаат за одреден поим на Википедија, воопшто не значи дека станале експерти, посебно не ако се држат за тоа како слепци за стап
 
Ако јас не знам,овие знаат
https://bitcointalk.org/index.php?topic=1158037.0
http://blog.instantscamalert.com/2015/06/carbon7-review.html
http://www.azhyipmonitor.com/hyip_carbon_7.html
http://recordshyip.com/blog/review-of-carbon7-cc/
http://hyip.bz/details/lid/79/
http://www.talkgold.com/forum/showthread.php?t=437784&page=315
Видиш,ти давам линкови од монитори,но како што се вели тука,тие не се сигурни,па на крајот имаш линк од форум.Како што ќе видиш,прво плаќал, и луѓето се залетаа.Сигурен сајт,добар сајт,растура и слично.Арно ама.последните денови,друга приказна.И моја грешка,во последниот муабет,реков дека не издржал 6 месеци.Грешка,не издржал 5 месеци.Мене ми е страшно глупаво да постирам како hyip страните се скамерски.Па се разбира дека се.Од самиот старт ти е јасно дека е тоа пирамидална,понзи шема.Ако веќе не сте ја прочитале приказната за Понзи,еве ви линк
https://en.wikipedia.org/wiki/Ponzi_scheme
И,ако не ја видите сличноста на овие Понзи финти со hyip тогаш навистина џабе се расправаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom