На времето можеби пред 4-5 години чисто од инает за да им докажам на некои членови тука дека секој кој е барем малце од малце опортунистички настроен може да извади едно 200 евра месечно без никакви познавања од програмирање и такви работи направив бесплатна страна ( од оние готовите само да ги пополниш) која активно ја работев скоро две години. Мислам дека и уште постои само немам проверено, којзнае. Во првите неколку месеци приходите беа така така, но со оглед дека влогот беше нула денари и потрошеното време не е ни вредно за спомнување сепак бев задоволен. Веќе по третиот или четвртиот месец стекнав стални муштерии ( со некои и ден денес соработувам) и приходите станаа и постабилни и поголеми, така да до кај шестиот месец веќе имав приходи од страната од околу 200 евра месецот плус минус. Муабетот ми беше дека ем појма си немав од програмирање нити пак сега имам. Сепак има и други полесни начини за заработка одколку со кликање или очите да ти паѓаат пред монитор, а сепак да се заработи солидна сума. Треба само да си малце инвентивен. Јас си се водам од мотото дека од работа само грпка се добива па сега вие размислите што и како. А да нормално како што е ред кај нас одма се појавија дежурните сезнајковци да ти објаснат дека тоа не можи така, дека незнам што и како , мислам стандардно серење. Можеби и вреди да се спомене дека најголем процент од муштериите беа баш од овој форум, сигурно имаше и некој од нив, кој да ги знае.
Кога ке прочитам како некој кликал цел месец за да заработи неколку долари стварно не ми е јасно зошто си го губи времето со глупости. Ако изговор му е дека незнае да програмира , незнаев ни јас. Ни ден денес незнам. Чисто информативно во последната соработка со еден член исто од форумот месечно заработував многу многу повеќе отколку да кликав на еден куп сајтови. А работата беше што да ви кажам. Намерно нема да го споменам, ама мислам дека ке се препознае.
П.с Инаку дали ми си добар? Оди бизнисот?
А вие како упатени што правите? Си ги чувате парите заработени од дремење пред компјутер во сламарица и си ги собирате цент по цент и секој ден по 10 пати ги пребројувате?Значи не си го покажуваш курето па да кажуваш дека е твоја интимна работа. Те прашувам за обична сума за во иднина не само јас да бидам информиран туку и други корисници, факт е тоа дека ти со самата страна си како Офца во потрага по други офци.
Тие што сакат да инвестират во таква работа нека прочитат на википедија па нека размислат. Има и уште многу такви слично шеми како што ги кажуваш ти па ги измамија луѓето.
На времето серевте за таа Libertagia демек ваква компанија била, та вака плаќала та онака и на крајот кога ја снема зошто сега не напишат колку заработија и зошто ја снема?
HYIP воопшто не мора да значи дека е ponzi, напротив, најголем дел од нив е вистински инвеститорски бизнис, но има и многу скамери. Главно, голем дел од нив по извесно време преминува во скам. Тука она за кое претходно веќе неколку пати спомнав а кое сите кои се противат на тоа дека HYIP е исклучително профитабилен бизнис, упорно се трудат да го занемарат кога негативно го критикуваат моето тврдење.
-За да се занимаваш со HYIP мораш да научиш како тоа да го правиш. Бидејки општо во секој бизнис високиот профит речиси секогаш значи и висок ризик, тогаш мораш да научиш како тој ризик да го сведеш во прифатливи рамки. Кога велам прифатливи рамки, мислам на прифатлива загуба. Значи, ниту една инвестиција не смееш да ја направиш со поголема сума од онаа која можеш да ја прифатиш и поднесеш како загуба, односно мораш да си ја држиш под контрола алчноста. Многумина кога со првата инвестиција ќе видат дека заработиле убава сума, веднаш реинвестираат се што имаат и тука ја прават најголемата грешка. Бидејки е ризичен бизнис, потребно е да таа сума не биде зголемена до висина која не можеш да ја издржиш како евентуална загуба. И втора грешка која се случува доста често а е за право и најкатастрофална, тоа е да се инвестира се што се има расположливо како сума за инвестиција на едно место. Тоа е најбрзиот пат бо тотален банкрот! Секогаш треба да се инвестираат повеќе помали суми на повеќе различни HYIPови за во случај еден да киксира, другите да си го донесат профитот и со тоа да ја покријат загубата па и да остане чист профит на крај. Тоа е основното правило кога се влегува во овј бизнис и кое за да го научиш и сфатиш не треба да си многу образован и начитан од областа на интернет бизнисите туку треба да имаш здрава логика и малку искуство. Ама, не е за секого, посебно не за оние кои слепо веруваат на се што ќе прочитаат на Wikipedia или по разни блогови кои едно плукаат а друго фаворизираат. За повеќе од 12 години мои обиди за правење пари на интернет речиси да нема начин кој не сум го пробал. Според мојот карактер, моите потреби и можности, HYIP е одличен бизнис до колку се почитуваат овие сосема едноставни правила кои ги спомнав. Ако не си подготвен да се занимаваш со таков бизнис или се чувствуваш несигурно, тогаш не мораш да плукаш по тие кои успешно го работат. Најпосле, како што веќе имам кажано, не можат сите да играат во Лига на Шампиони. Некои ќе останат цел живот да шутираат на мали голчиња низ маало!
Последно уредено: