Санација на рамен кров

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Живеам најгоре во зграда и последнава година интензивно почна да ми протекува кровот па сакам да го поправам. Зградата е со рамен покрив, над мене е заедничката тераса/покрив.
Кревање на кровот нагоре со конструкција и лимови не доаѓа предвид (иако знам дека тоа е најдобро решение) затоа што процедурата е посложена од трансплантација на мозок, бара согласности од комшиите заверени поединечно на нотар лично од сопствениците што ќе се сложат, да соберам имотни листови од сите станари - и оние што не се согласни, треба проект што кошта 500-600+ евра, на кратко процедурата е прикажана тука. :giggle:
Како и да е, во општина ми кажаа дека за санација на кровот со замена на хидроизолација и плочките на заедничката тераса не ми требаат никакви дозволи, проекти, статики, белодробно крило и слично, па со оглед на тоа што таа процедура е многу поедноставна би го решила проблемот на тој начин.
Дали има некој искуство со ваков тип на санација? Колку би траело ова решение? Не би сакала да го направам сега па за 3-4 години да треба пак да поправам. Имате ли препорака за некоја фирма што се занимава со тоа? Колку отприлика би чинело по квадрат квалитетна хидроизолација и поставување на плочките?
Морам да напоменам дека трошоците би си ги покрила сама бидејќи нема теоретски шанси на друг начин брзо да се среди работава (нормално никој не е заинтересиран кога не му кисне над неговата глава), па темава ја поставувам исклучиво за техничкиот аспект, не за правните процедури и обврски за плаќање, куќни совети, управители итн.
 
Претпоставувам дека прашуваш за Скопје, кај нас во селово би ти чинело таква процедура за монтажа на плочките 5 евра од квадрат, најефтини плочки се некаде околу 5-7 евра од квадрат исто така плус тука ќе треба и материјал како полусув цемент и тоа паушално некаде би било околу 2-3 евра од квадрат, материјал за фугурање и сл.

Значи најнајефтина варијанта би ти била со плочки 15 евра од квадрат.

Втора поефтина варијанта е да се санира веќе посточекиот кров каде што течи за зимава да се подискрпат пукнатините со цемент на критичните места, да се намачка со средство за хидроизолација и со обичен подебел најлон да се прицврсти на повеќе места за да не одлета (функционира одлично за една сезона) и ти да си почнеш процедура со новиот закон што е за домување за сите да учествуваат во санација на кровот.

П.С Ти не си била госпожа од втори, туку од шести.
 
Последно уредено:
Исомат Исофлекс пу500, главно го имам гледано на претерано многу тераси во Грција, нешо излегвит на крај ко хомогена гумифицирана подлога. Ваљда мојш и кај нас да го најш или некоја друга врска за санирање од друг бренд. Јас не сум многу запознаен ниту имам искуство со истово, па би рекол дек мојш да го земиш во предвид и да се распрашаш со мајсториве дали е добра опција. Е сеа зависит и каков е кровот, дали е оштетен, дали има пад за да бега водата... Еф и видео,
 
Најефтина варијанта ти е да ја извадиш старата изолација и да ставиш гумена трака која се користи во градежништво и кошта од прилика 200-300 ден м2.
Пожелно е санацијата да се прави во лето бидејќи со самата топлина гумата се лепи за бетонот и вулканизира.Одозгора ќе ставиш чакал и решен ти е проблемот следнита 15-20 години
 
Проблематични се кровните тераси, а добрите решениа се прилично скапи, само немој да си земеш паушални универзални мајстори.
Немој веднаш над хидроизолацијата да си поставиш бетон или плочки.
Најдоброто решение според мене е: хидроизолација, фолија за зашитита на хидро., песок (10цм), и бетонски плочки (д=3цм).
Најдобрата страна на ова е тоа што кога ќе има некаде течење и испуштање вода, ќе си ги вадиш плочките кои само се редени не залепени, ќе го вадиш песокот и ќе санираш.
Консултирај се со проектански бироа, ама знај дека ќе те чини поскапо отколу сама се да организираш.
Најдобра варианта ти е да си бараш по каталози фирми кои прават изолација со германски системи, ако ќе ти се исплатува, затоа што не се баш евтини.
 
Претпоставувам дека прашуваш за Скопје, кај нас во селово би ти чинело таква процедура за монтажа на плочките 5 евра од квадрат, најефтини плочки се некаде околу 5-7 евра од квадрат исто така плус тука ќе треба и материјал како полусув цемент и тоа паушално некаде би било околу 2-3 евра од квадрат, материјал за фугурање и сл.

Значи најнајефтина варијанта би ти била со плочки 15 евра од квадрат.

Втора поефтина варијанта е да се санира веќе посточекиот кров каде што течи за зимава да се подискрпат пукнатините со цемент на критичните места, да се намачка со средство за хидроизолација и со обичен подебел најлон да се прицврсти на повеќе места за да не одлета (функционира одлично за една сезона) и ти да си почнеш процедура со новиот закон што е за домување за сите да учествуваат во санација на кровот.

П.С Ти не си била госпожа од втори, туку од шести.
Овде сум од четврти, а моминско од втори :giggle: За Скопје прашувам, значи фактор 2 ќе е претпоставувам работната рака. Ќе го земам предвид и ова решение, фала.
Проблематични се кровните тераси, а добрите решениа се прилично скапи, само немој да си земеш паушални универзални мајстори.
Немој веднаш над хидроизолацијата да си поставиш бетон или плочки.
Најдоброто решение според мене е: хидроизолација, фолија за зашитита на хидро., песок (10цм), и бетонски плочки (д=3цм).
Најдобрата страна на ова е тоа што кога ќе има некаде течење и испуштање вода, ќе си ги вадиш плочките кои само се редени не залепени, ќе го вадиш песокот и ќе санираш.
Консултирај се со проектански бироа, ама знај дека ќе те чини поскапо отколу сама се да организираш.
Најдобра варианта ти е да си бараш по каталози фирми кои прават изолација со германски системи, ако ќе ти се исплатува, затоа што не се баш евтини.
Можеш ли те молам да ми дадеш предлог за неколку фирми кои сметаш дека се подобри?
Во однос на цената, за кровната конструкција ми бараа 30-35 евра по квадрат. Колку поскапо би било ова решение што го спомнуваш (хидроизолација, фолија, песок и бетонски плочки)?
 
Реално комплицирано е да средуваш сама кров, без никаква помош од комшиите. Иначе има повеќе начини како да го средиш проблемов.

Едниот начин ти е да кренеш кровна конструкција со лим, макар би била и некоја најмала/најниска, но ете не си во можност тоа да го направиш.

Другиот начин (кој е основен и најкористен за рамни кровови) ти е на рамниот кров да му направиш битуменска хидроизолација или попозната како изолација со црни ленти. Се мачка црната течност/битуменот, а врз неа со пламен се лепат лентите. Со ова изолацијата ти е загарантирана 99% (тој 1% нека оди на никогаш не вели никогаш или лоша работа на мајсторите). Врз оваа изолација се поставуваат каменчиња/чакал, некои поставуваат плочки лепени со цемент, но ако е добро сработено и самата изолација да остане ќе штити. Еве како пример за што зборам, успат и мајстори се, но не ги знам.......... http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1252557 .

Е сега има и други начини за изолација или како што @puno ги нарече германски системи, но тие се многу посложени..............., имаат и битумен, и камена волна, и водоотпорен слој (нешто како мушама во градежништвото) и се, но затоа и цената е каде каде повисока, а башка и незнам кај нас кој ги работи.

:)
 
Ако убаво Ве разбрав Вие имате проодна тераса, предпоставувам дека е заштитена со бетонски плочки?
Или имате само битуменска изолација?
Ве молам опишете ја конструкцијата и изолацијата
Треба да знаете дека такви поправки се изведуваат само летно време.
 
Да, проодна тераса со бетонски плочки е. Голем дел од плочките се веќе искршени.
Се консултирав со една фирма која работи со хидроизолација, работат со FApolimeri. Човекот е доста професионален и рече дека треба три дена да биде суво за да може да почне со работа. Јас до следното лето не можам да чекам затоа што во овие два-три месеца протече многу и зимава нема да може да се тера вака бидејќи се лупи веќе таванот и се собира мувла на местата каде што е протечено, а тоа е веќе опасно за здравјето. А штом за два-три месеца се направи толкава штета не сакам ни да размислувам што ќе се случува понатаму зимава ако биде врнежлива или заврне снег па почне да се топи и да ми капе директно во дневната. Според тоа што ми го кажаа, тие полимери се сушат и на вакво време така што не би требало да претставува проблем. Фирмата дава 10 години гаранција од протекување, така што мислам дека не би требало да има проблем. За 10 години ваљда ќе се убедиме со комшиите за другото решение :vrtioci:
 
Можеш ли те молам да ми дадеш предлог за неколку фирми кои сметаш дека се подобри?
Во однос на цената, за кровната конструкција ми бараа 30-35 евра по квадрат. Колку поскапо би било ова решение што го спомнуваш (хидроизолација, фолија, песок и бетонски плочки)?
http://bca.mk/
Квалитетни се, не знам за цени искрено.
 
Да, проодна тераса со бетонски плочки е. Голем дел од плочките се веќе искршени.
Се консултирав со една фирма која работи со хидроизолација, работат со FApolimeri. Човекот е доста професионален и рече дека треба три дена да биде суво за да може да почне со работа. Јас до следното лето не можам да чекам затоа што во овие два-три месеца протече многу и зимава нема да може да се тера вака бидејќи се лупи веќе таванот и се собира мувла на местата каде што е протечено, а тоа е веќе опасно за здравјето. А штом за два-три месеца се направи толкава штета не сакам ни да размислувам што ќе се случува понатаму зимава ако биде врнежлива или заврне снег па почне да се топи и да ми капе директно во дневната. Според тоа што ми го кажаа, тие полимери се сушат и на вакво време така што не би требало да претставува проблем. Фирмата дава 10 години гаранција од протекување, така што мислам дека не би требало да има проблем. За 10 години ваљда ќе се убедиме со комшиите за другото решение :vrtioci:
Мое мислење и искуство е дека не треба да прифатите да прифатите таква „ акрилна “ изолација, бидејќи со тоа ја уништувате старата битуменска изолација.
Мој совет е да направите она што јас го направив - да ја поправите постојната битуменска изолација
Потребно е да направите следно:
Најнапред отворете го покривот. На местата каде тече, извадете ги плочките и песокот кој се наоѓа под нив и ставете ги на страна
Потоа со шпакла истружете ја старата и оштетена битуменска изолација и изметете ја и измијте ја со водана крпа исчистената површина.
Кога ќе се исуши, премачкајте го со течен битумен - Тоа е производ на БИМ Свети Николе. Јас го купив во стовариште карши Стаклара
Се нанесува еден слој битумен, па потоа еден слој мрежа од стаклени влакна ( рабиц мрежа ) како арматуре. И на крај уште еден слој течен битумен
Кога ќе се засуши битуменот ( за ден или два ), прекријте го делот со премазот со ПВЦ фолија ( таков најлон купив во земјоделска аптека ) и вратете го песокот и бетонските плочки
Јас работев сам и сето ме чинеше 4000 денари ( две канти битумен, најлонот и рабиц мрежа )
Вие можете да ангажирате еден работник и тоа ќе Ве чини ушете две или три дневници, значи уште толку пари
 
Само битумен е краткотрајно решение на проблемот. Битуменот за 2-3 години повторно ќе пушти. Заради големите температурни осцилации во текот на годината битуменот самиот јавува пукнатини (заради тоа мора да има поплотна изолација) и неколку години се достатни за да почне да протекува. Најевтината за заштита од влага е кревање на кос кров што според пишуваното е невозможно заради тоа останува скапата варијанта на санација на рамен кров.
Најпрво треба комплетно да се одстрани старата прекривка и да се дојде до бетонот.
На него треба да оди:
1. Битумески лепенки (геотекстил + битумен, имаат подобри карактеристики во еластичност, со обавезен преклоп од 1)цм - 1200 ден од 1м2
2. Парна брана со обавезен преклоп од минимум 10цм и залепена (и подебел најлон ќе заврши работа) - 60 ден од 1м2.
3. Стиродур (тврдо пресован стиропор, најчесто е розев или светло зелен) минимум 10цм - 600 ден од 1м2.
4. Кошулица - 300 ден од 1м2.
Значи материјал околку 2200 ден од 1м2.

Работна рака:
1. Работна рака за нанесување на битуменските лепенки - 2000 ден
2. Работна рака за кошулица - 150 ден од 1м2

Е сега сметај дека нус појава од ваквата санација ќе биде намалување на топлотните загуби за 50тина проценти, или дупло помали сметки за греење и ладење ;-).

Геранските системи се идентични со погоре пишаното, само сите елементи се брендирани и коштаат барем 30% плус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom