Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се во прашање 100.000 евра на пример без разлика дали каматата е 3% или 30% дефинитивно ке играат ПипиДугеДеветке..
Не сакам да навлегувам или да давам совет за нешто нелегално, а уште помалку пак да охрабрувам некого на насилство :) овде само го изразувам мојот правен став и мислење.
 
Според законот и моето нестабилно знаење договорот за чие склучување се бара писмена форма е полноважен иако не е склучен така, односно усно, нели се додека има волја од двете страни и се исполнети обврските во целост или поголем дел што произлегуваат од него, освен ако од целта поради која е пропишана формата очигледно не произлегува нешто друго. Рокот за враќање ако не е договорен, не смее да биде пократок од два месеци од кога ќе си ги побара татко ти парите. Најдобра варијанта е да се проба на суд, оти 10 години ако не ги вратил... тешко да се надеваш на чесност, башка ќе се подисплаши од трошоци и камати, и тоа само по себе ќе делува како алтернативен лек заплашување што го бараше. ОСВЕН ако си кренал многу тој ден и се осечаш камен... иди докажи го стереотипот за бодибилдерите слободно.
 
@Sase_Ohrid Во однос на тоа дека во практика не поминуваат вакви договори, зборев со една колешка баш за овој случај и таа ми го рече тоа, претпоставувам професорката/доцентот го спомнале тоа на предавања. Јас ептен редовен сум семестаров. :D Ај од втор дел хаха. :D
 
После колку време најкасно може да ти стигне покана за на суд или наплата за глоба во врска со прекршочна пријава ?
 
мислам дека за скоро време ке треба да се појавам на суд на парница како тужена:( па ме интересира ако ги прифатам барањата на првото сослушување колку вкупно глоба ке треба да платам за целата постапка (настрана од самата оштета која се бара)?
и исто така дали мора со адвокат да се појавам на парница или не морам?
 
Ако се изгуби судски спор кој што го застапува обвинител и истиот не сака да поднесе жалба, дали јас како оштетена страна имам право јас да поднесам жалба на апелација или да тужам во Стразбург?
 
Ако се изгуби судски спор кој што го застапува обвинител и истиот не сака да поднесе жалба, дали јас како оштетена страна имам право јас да поднесам жалба на апелација или да тужам во Стразбург?
Во кривичната постапка оштетената страна нема право ништо сама да презема доколку се работи за кривично дело кое се гони по службена должност (доколку се работи за полесно дело за кое е дозволено приватно да се тужи во тој случај може сама да ја продолжи постапката), со предлог се обраќа до обвинителот кој ја води постапката, доколку предлогот е одбиен можете да се обратите со повисокиот обвинител.
Услов за поднесување на жалба (тужба како што викате) до Стразбур е да бидат искористени сите правни инстанци во државава, вклучувајќи го и Врховниот Суд.
Подетално прочитајте на следниов линк:
http://www.echr.coe.int/Documents/Notes_for_Filling_in_the_Application_Form_2014_1_MKD.pdf
 
Последно уредено:
за колку време стига известување дека ќе ве тужи приватно ? пример го поднесува денес,и од прилика за колку време ти пуштаат известување дека на тој и тој ден е закажано судењето ? удрив шамар на еден и отидовме у полиција,наводно сакал и да ме тужи,па ме интересира за колку време би ми стигнало известувањето...ваљда нема да ми стигне поканата 2 дена пред судење ?
 
Здраво ме интересира, дали има рок за случајов.
Направен е кров на куќава од наша страна 3200 евра. Ние сме на горниот спрат, меѓутоа нели и родниниве шо се доле треба да дадат пари. Не бевме у план да бараме, ама ја прекрдашија со други работи и сега сме со нијат да бараме дел. Е сега кровот е правен пред 3 години. Дали можеме да тужиме?
Фала :)
 
Здраво ме интересира, дали има рок за случајов.
Направен е кров на куќава од наша страна 3200 евра. Ние сме на горниот спрат, меѓутоа нели и родниниве шо се доле треба да дадат пари. Не бевме у план да бараме, ама ја прекрдашија со други работи и сега сме со нијат да бараме дел. Е сега кровот е правен пред 3 години. Дали можеме да тужиме?
Фала :)
Здраво :)
Малце е покомплексна ситуацијата во која се наоѓате. За почеток вие чувајте ги сите сметки и обезбедете сведоци со кои би се потврдило дека сами сте го санирале кровот и колку ве чинело.
Зависи исходот и од тоа дали двете живеалишта ви се поделени како посебни станбени единки или па куќата површински е целосна и се води на едно име.
Во секој случај треба да дадат пари за кровот во случај да било неопходно да се менува и ако поради неговата нефункционалност се појавила или постоело опасност од појава на штета на куќата. Али сепак за правење требало согласност од нивна страна. Ако била неопходна поправка тогаш нормално дека вие добро сте постапиле со поправањето и сега тие се должни да придонесат во тоа, бидејќи се работи за куќа во која што и тие живеат.
Ако тек допрва правите делба на имотот, тогаш ке си ја потенцирате и поправката на кровот како потрајна инвестиција. Зависи каков ви е имотно-правниот однос пак ке кажам.
 
Дали со купување нов стан-новоградба (негде оваа купопродажба се споменува како "прв промет") купувачот плаќа и некој данок (а ддв се подразбира да е веќе платен од инвеститори/градежна фирма) на промет?
 
Последно уредено:
Дали некаков граѓански спор на суд влијае нешто на Потврдата за неосудуваност потребна за работа во странство? Или само кривичните дела?
 
би сакала да прашам едно прашање за кое премногу сум изреволтирана, бев вработена во една фирма во која работев повеќе од година дена и земав боледување, тоа траеше од 02.10.2015 до 08.10.2015 јас ги известив моите предпоставени дека не ќе можам да дојдам уште некој ден бидејќи бев болна но боледувањето неможат да ми го продолжат, тие ми кажаа дека законски доколку не се појавам на работа 3 дена ми следува отказ, што е сосема коректно според законот. Моето известување дека нема да можам да се појавам после истекот на боледувањето беше точно на денот на истекот на моето боледување кое беше затворено на ден 08.10.2015. Во меѓувреме мојот работен статус го проверив на интернет и тие ме одјаиле на ден 06.10.2015. Навистина незнам како може некој кој е на боледување и има потврда од матичен до одреден датум, и кој е најавен дека нема да биде во можност да биде во можност да биде на работа а има доказ и потврда за тоа да биде одјавен пред датумот на истекот на боледувањето. Јас се чувствувам оштетена во тој поглед , какви мерки би требало да превземам?
 
Дали со купување нов стан-новоградба (негде оваа купопродажба се споменува како "прв промет") купувачот плаќа и некој данок (а ддв се подразбира да е веќе платен од инвеститори/градежна фирма) на промет?
Ако купуваш нов стан од фирма што го градела ( на станот му е прва продажба ), не плаќаш.

Ама ако купиш од фирма што го земала како компензација ( имаш многу примери каде фирмата што, пример, ги мести плочките, зема стан од инвеститотор како компензација за работата ) - тогаш плаќаш 3% данок на промет.

Исто, имаш случај каде инвеститор е физичко лице, тогаш, без разлика што е прва продажба на станот, пак плаќаш 3% данок на промет.
 
Ако купуваш нов стан од фирма што го градела ( на станот му е прва продажба ), не плаќаш.

Ама ако купиш од фирма што го земала како компензација ( имаш многу примери каде фирмата што, пример, ги мести плочките, зема стан од инвеститотор како компензација за работата ) - тогаш плаќаш 3% данок на промет.

Исто, имаш случај каде инвеститор е физичко лице, тогаш, без разлика што е прва продажба на станот, пак плаќаш 3% данок на промет.
Кај мене се работи за третиот случај, имавме меѓувреме слушнато дека е можеби можно, беше тешка дилема (читајќи го законот) пошто една грешка чини многу пари, а се плашев да не има и некои мучки со случајот. Фала ти
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom