Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.257
Поени од реакции
2.253
Не па вие, мислевте за да се намали гужвата е овој начин? :sneaky:
Јас како што имам разбрано, една од вработените била на болничко отсуство а другата на породилно отсуство. Па затоа работеше само една од тетките заедно со стариот тип шо не е запознаен многу многу. Од таму овој фејл со заверката / уписот за кои има студенти кои се уште немаат однесено документи. :rolleyes:

Да, има лаб вежби и оваа недела.
Тој старецот пред некој ден на колега место потврда за редовен студент му издал потврда за дипломиран студент. :ojeaa:

Сето легенди станаа на факултет.
 
D

DAoliHVAR

Гостин
Во C не постојат boolean вредности. Нулите се сметаат за false, а се што е различно од нула се смета за true (мислам дека така беше). Така да во случајот погоре имаме број поголем од нула (true) па кога го негираме добиваме 0 (false).
Што останува за одговор на прашањето погоре, зошто печати 11, тоа е бидејќи во функцијата прво се прави инкрементирањето, па потоа се зема а за аргумент. Во делот а++ се зема старата вредност на а, но во секој друг аргумент каде што ќе се користи а таа ќе има вредност + 1, без разлика во тоа како се распоредени аргументите (дали е funk(a++,a) или funk(а,а++)).
значи се вршат првин сите операции и после се даваат вредностите на функцијата?
или се вршат од десно кон лево?
доколку се вршат од десно кон лево, тогаш зошто не се рачуна негирањето на а++?
(зошто не принта само „00“)
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.157
Поени од реакции
1.127

1. Најлесно можеш да го видиш тоа со пример. Значи само таму каде што ти е а++ (во случајов) ќе биде старата вредност, а на сите други места (без разлика дали лево или десно) ќе биде новата. Напиши повеќе printf-oви и види што ќе се отпечати.
2. Ти во случајов не правиш негирање на променливата. Ти правиш негирање на вредноста на променливата. Овие две работи се различни.
!а++ го вели следново: "На printf како аргумент дај му ја обратната вредност од а".
Ако некаде пишуваше а = !а++, тогаш а ќе имаше вредност нула, бидејќи овој израз вели: "На променливата а дај и ја вредноста !а++".
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Имам едно прашање. Во
for (a=5,b=a--;a>0,b<10;a--,b++)
Која вредност ќе ја има b на почетокот при иницијализацијата?
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Има некој што слуша Веб програмирање и/или Програмски практикум(пхп) да разбрал што ќе има за прв колоквиум (или лани што имало)?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
Сеа баш Бобан објаснуваше за php. Вака изгледаат едноставни задачките, не знам што да мислам за предметов пошо сите од лани се жалеа, а на прв поглед задачите не се нешто тешки. Иначе во петок ќе има час на кој ќе се решаваат само колоквиумски задачи.
Него на Факултетов кој стигна почна да дава приватни часови и притоа си зема за право да не брка од просторија со изговор дека држеле час.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.157
Поени од реакции
1.127
Има некој што слуша Веб програмирање и/или Програмски практикум(пхп) да разбрал што ќе има за прв колоквиум (или лани што имало)?
Трајанов рече дека за веб прог ќе биде само делот од head first книгата. Е сега Ристе вчера на вежби кажа дека можел и некој дел за Спринг да се падне на прв колоквиум ама рече ќе се консултира со професорт. Иначе тестот ќе се состои од прашања слични на тие од книгата (со заокружување, дополнување, цели одговори итн..) и може да се бара да се нацраат некои шеми.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Фала ви дечки за информациите. Инаку, има нов конечен распоред за полагање, ВП во сабота е префрлен.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
2
Некој да сподели Мобилни Платформи и Програмирање испитни од претходните години за теоријата?
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
На некој ако му се наоѓаат испитни/колоквиумски прашања по Веб програмирање / Мрежно програмирање ги молам да ми ги пратат во инбокс :)
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
На некој ако му се наоѓаат испитни/колоквиумски прашања по Веб програмирање / Мрежно програмирање ги молам да ми ги пратат во инбокс :)
Ако најдеш нешто, препрати и кај мене. tnx (y)
 
D

DAoliHVAR

Гостин
1. Најлесно можеш да го видиш тоа со пример. Значи само таму каде што ти е а++ (во случајов) ќе биде старата вредност, а на сите други места (без разлика дали лево или десно) ќе биде новата. Напиши повеќе printf-oви и види што ќе се отпечати.
2. Ти во случајов не правиш негирање на променливата. Ти правиш негирање на вредноста на променливата. Овие две работи се различни.
!а++ го вели следново: "На printf како аргумент дај му ја обратната вредност од а".
Ако некаде пишуваше а = !а++, тогаш а ќе имаше вредност нула, бидејќи овој израз вели: "На променливата а дај и ја вредноста !а++".
ахааа сега ми е се јасно.
Фала многу за помошта.
Друго нешто, се бара во една задача програмата да престане автоматски кога ќе се пише буква( а не бројка) во програмата.
Јас пробав со getchar () , и ако е буква тогаш да престане програмот.
ама кога го пуштам, мора да стиснам Ентер , за да продолжи понатаму , а букви можам да внесувам колку сакам.
http://pastebin.com/QZgXqGhu
јас пробав вака ама ова не работи.
 
Член од
24 мај 2012
Мислења
294
Поени од реакции
114
4та година сум и сум исплашен да не не ме прима на ФИНКИ Компјутерски науки и инженерство. Ваков ми е просекот 1ва - 4.3, 2ра - 4.5, 3та - 3.9, и 4та си викам со 4.5 и ако ми е добра матурата дали ќе ме прима на КНИ? Со каков успех се студентите со се запишува на тој смер? .
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
А што кошташе да го поставиш прашањето во веќе постоечката тема? Не сте на форумов од вчера да му се сневиди....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom