jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.606
Значи се сложуваш дека сме под Америчка диктатура.Имам
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Значи се сложуваш дека сме под Америчка диктатура.Имам
САД,Турциja,Саудитска арабиja,Русиja - очекува се да се вклучат Иран и Египет.Можда ќе има реговори у Каиро помеѓу FSA и Русија.
“The Free Syrian Army is ready for dialogue with Russia. We need to organize a new meeting, so that we can present our position and discuss our collective actions,” said Fahad Al-Masri, the coordinator of National Salvation Front.
1. Линк?Повелба на Обединетите Нации, поглавје 7. Членот 41 е основа за санкции, а членот 42 е тој што се користи како основа за воена интервенција.
1. Линк?
2. Дали е, ахем... обврзувачки, или поточно како се спроведува?
(и те молам, не го одговарај 2, без 1)
Значи се сложуваш дека сме под Америчка диктатура.
Да кажеме дека го одговори 1 (нешто што нема да го проверам), но што правиме со 2?
- Ако таа регулатива е обврзувачка, тогаш кои механизми за спроведување постојат? Советот за безбедност ќе испрати воена сила против Руската Федерација, и Сирија?
Колку е ова можно, дури и кога не би постоело правот на вето, на Русија и Кина...
Но да не дигресирам во таа насока, само сакав да кажам дека тој дел од меѓународното право е во најмала рака недоречен. Наместо тоа, кажи ми ти мене - каква е тогаш легалноста на сегашната ’муриканска воена интервенција во Ирак (демек против ИСИС)?
Нели и тие се таму по покана на Ирачката влада? (официјалната власт, таа што е изгласана да владее - исто како и сириската)
Патем Ирак ја покани и Русија да интервенира против ИСИС на нивна територија, а вчера истото го направи и Авганистан.
Што правиме сега? ОН ќе го укине постојано членство на САД и РФ, во Советот за безбедност, за да не можат да стават вето и потоа ќе прати меѓународна воена сила против САД и Русија, во Ирак, Сирија, Авганистан?
Во кој паралелен универзум е ова можно?
Нејсе. Целта на сето ова погоре е да ти покажам како таквите „аргументи“ за „нелегалноста“ на руската интервенција во Сирија - апсолутно исто може да се применат и на стотиците други интервенции што ги вршеле и сеуште ги вршат САД. Не велам дека е добро сето тоа што се случува, и дека е во ред водењето на сите тие војни акции и страдањата на луѓето. Ама не бидете така банално лицемерни и не кажувајте дека истата работа не е во ред кога ја прави Русија, ама во ред е ако ја прават САД (како што постојано повторуваат на западните медиуми, ѓомити лагата која доволно пати се повторува - ќе стане вистина).
Најпосле меѓународното право, одсекогаш било право на појакиот. Во тешка заблуда си ако веруваш дека сите тие ОН резолуции вредат повеќе од хартијата на која се испечатени - ако позади нив не стојат интересите на светските велесили.![]()
Па не му го оспорив тој дел од мислењето. Само искрено реков дека немам намера да го читам тој документ, зошто да го читам ако немам намера да го спорам тој дел од мислењето на @Ne_sum_ja ?
Но толку ти е тебе кадарноста да разбереш, ти реков дека кога тебе ти ја пружаат вистината на послужавник - ти за салфетката се фаќаш.
Патем, ти и „високо интелектуално ниво“ никако не идете во иста реченица. Пази да не се повредиш.![]()
1. Еве го како документ. На линк на гугл можеш да го најдеш само напиши UN Charter.
2. Се разбира дека е обврзувачки, бидејќи како основачки документ на ОН претставува основен меѓународен документ, ратификуван од 190 и кусур земји.
Тука се одредува цела организација на ОН, собрание, совет за безбедност, членки, гласање.
Советот за безбедност е орган кој што го зачувува меѓународниот мир и безбедност.
Со член 42 Советот за безбедност може да одлучи да употреби сила под услов да е загрозен меѓународниот мир и безбедност.
Се подразбира се одлучува со мнозинство гласови (под услов 5те постојани членки да не гласаат против). Секое гласање на постојана члена како против за што и да било, значи вето.
Тоа претставува единствениот правен основ за меѓународна воена интервенција.
Последен пат кога имаше интервенција во согласност со повелбата, беше со Либија, кога Кина и Русија гласаа воздржано со што му ја запечатија судбината на Гадафи.
На наша кожа ова го имаме осетено во 90тите кога границата со Југославија од наша страна ја обезбедуваше УНПРЕДЕП. Тогаш како одмазда за признавањето на Тајван од наша страна, Кина стави вето на продолжувањето на мисијата УНПРЕДЕП со што мисијата мораше да се повлече и да ја остави границата целосно небранета, бидејќи ние сеуште немавме сериозни безбедносни органи.
Делумно, иако јас би сакал да сме 53 американска држава.
1. Еве го како документ. На линк на гугл можеш да го најдеш само напиши UN Charter.
2. Се разбира дека е обврзувачки, бидејќи како основачки документ на ОН претставува основен меѓународен документ, ратификуван од 190 и кусур земји.
Тука се одредува цела организација на ОН, собрание, совет за безбедност, членки, гласање.
Советот за безбедност е орган кој што го зачувува меѓународниот мир и безбедност.
Со член 42 Советот за безбедност може да одлучи да употреби сила под услов да е загрозен меѓународниот мир и безбедност.
Се подразбира се одлучува со мнозинство гласови (под услов 5те постојани членки да не гласаат против). Секое гласање на постојана члена како против за што и да било, значи вето.
Тоа претставува единствениот правен основ за меѓународна воена интервенција.
Последен пат кога имаше интервенција во согласност со повелбата, беше со Либија, кога Кина и Русија гласаа воздржано со што му ја запечатија судбината на Гадафи.
На наша кожа ова го имаме осетено во 90тите кога границата со Југославија од наша страна ја обезбедуваше УНПРЕДЕП. Тогаш како одмазда за признавањето на Тајван од наша страна, Кина стави вето на продолжувањето на мисијата УНПРЕДЕП со што мисијата мораше да се повлече и да ја остави границата целосно небранета, бидејќи ние сеуште немавме сериозни безбедносни органи.
Да кажеме дека го одговори 1 (нешто што нема да го проверам), но што правиме со 2?
- Ако таа регулатива е обврзувачка, тогаш кои механизми за спроведување постојат? Советот за безбедност ќе испрати воена сила против Руската Федерација, и Сирија?
Колку е ова можно, дури и кога не би постоело правот на вето, на Русија и Кина...
Но да не дигресирам во таа насока, само сакав да кажам дека тој дел од меѓународното право е во најмала рака недоречен. Наместо тоа, кажи ми ти мене - каква е тогаш легалноста на сегашната ’муриканска воена интервенција во Ирак (демек против ИСИС)?
Нели и тие се таму по покана на Ирачката влада? (официјалната власт, таа што е изгласана да владее - исто како и сириската)
Патем Ирак ја покани и Русија да интервенира против ИСИС на нивна територија, а вчера истото го направи и Авганистан.
Што правиме сега? ОН ќе го укине постојано членство на САД и РФ, во Советот за безбедност, за да не можат да стават вето и потоа ќе прати меѓународна воена сила против САД и Русија, во Ирак, Сирија, Авганистан?
Во кој паралелен универзум е ова можно?
Нејсе. Целта на сето ова погоре е да ти покажам како таквите „аргументи“ за „нелегалноста“ на руската интервенција во Сирија - апсолутно исто може да се применат и на стотиците други интервенции што ги вршеле и сеуште ги вршат САД. Не велам дека е добро сето тоа што се случува, и дека е во ред водењето на сите тие војни акции и страдањата на луѓето. Ама не бидете така банално лицемерни и не кажувајте дека истата работа не е во ред кога ја прави Русија, ама во ред е ако ја прават САД (како што постојано повторуваат на западните медиуми, ѓомити лагата која доволно пати се повторува - ќе стане вистина).
Најпосле меѓународното право, одсекогаш било право на појакиот. Во тешка заблуда си ако веруваш дека сите тие ОН резолуции вредат повеќе од хартијата на која се испечатени - ако позади нив не стојат интересите на светските велесили.![]()
Имаш само 1 (ЕДЕН) проблем во целата твоја приказна за правната позадина на Атлантската Повелба и нејзината поврзаност со воените интервенции во Либија и други држави.
Воената интервенција во Либија во 2011 година не беше спроведена под мандат на Организацијата на Обединетите Нации, туку под мандат на НАТО, исто како и бомбардирањето на Југославија во 1999 година, а ниту Југославија, ниту Либија не нападнаа, не се закануваа и не претставуваа никаква воена или било каква опасност и/или закана за ниту една држава членка на НАТО.
Всушност, од основањето на ООН во 1945 година, па се до денешен ден, воените сили на ООН - Сините Шлемови, имале само ЕДНА воена интервенција - во Корејската Војна, а и таму не успеаа баш да придонесат за траен мир, бидејќи Северна Кореја до денешен ден е активен агресор.
Од друга страна, САД го покрија Виетнам со напалм, пестициди кои денес се со закон забранети, и бројни други хемикалии за време на Виетнамската Војна, и покрај тоа што никогаш не му објавија војна на Северен Виетнам, поради што нивната воена интервенција ја дефинираа како помош за Јужен Виетнам, а не како активно учество во Виетнамската Војна.
Убаво звучат твоите приказни за легалноста, односно нелегалноста на воените интервенции на западот, а и на истокот, но вистината е дека никогаш не беа одобрени од страна на ООН и никогаш не беа под надзор на ООН.
А еве ти и еден друг пример за тоа како територијата на една држава била бомбардирана по нечие барање - бомбардирањата на Подгорица во 1943 и 1944 година по барање на југословенските партизански одреди предводени од страна на Јосип Броз Тито - кој не бил признаен како легална власт во Југославија од страна на Сојузниците во тој период, бидејќи Сојузниците сеуште легално ја признавале југословенската кралска влада која во тој период била во прогонство во Лондон.
Чисто за потсетување, ова се истите сојузници кои се потписници на нацрт текстот на Атлантската Повелба и основачи на Организацијата на Обединетите Нации.
https://en.wikipedia.org/wiki/Bombing_of_Podgorica_in_World_War_II
Ваквите документи како Повелбата или Европската конвенција за права на човекот се усвојуваат после втората светска војна од причина што хоророт од војната и од милионите загубени животи е сеуште свеж. Целта е да се постигнат основни човекови права и да се спречи да се испоколеме и да се уништиме како човештво.
Е сега како што поминува времето и лузните зараснуваат така и чувството за правда и почитување поминува или се зема здраво за готово. Затоа се соочуваме со прекршување на овие документи баш од земјите кои што треба да бидат чувари на истите.
Системот за безбедност е воспоставен и како таков со предности и мани е нешто најдобро што може да се извади за сега.
Од друга страна, колку повеќе и почесто гледаме еднострани интервенции толку поголема ќе биде несигурноста. Колку поголема несигурност, толку поголема недоверба.
А резолуциите што се усвојуваат заеднички подржани од сите членки на Советот за безбедност, и тоа како имаат тежина и вопшто не се за потценување. Затоа и толку големо вложување и лобирање на земјите како Бразил, Индија и други кои се стремат да станат постојани членки на Советот за безбедност.
За Либија се изгласа резолуција во ОН за воведување на no-fly зона која што се усвои на Совет за безбедност.
Е сега со резолуцијата може да се предвиди да се создадат трупи на Обединетите Нации (сини шлемови) или да се задолжат други земји или организации (САД, Франција, НАТО) да ја спроведат како што беше случај во Либија.
Е сега ова се помина со преќутно Амин од Кина и Русија и затоа Либија беше пуштена низ вода.
Дополнително што резолуцијата се прекршуваше и наместо no-fly зона, се спроведе воздушна инвазија на силите на Гадафи.
Имале ОН повеќе мировни мисии (тука во Босна и Косово после бомбардирањето се усвои Резолуција) и повеќе низ Африка и Азија. На Косово имаше и руски трупи преку ОН.
За Југославија и Виетнам за жал беше целосно непочитување на ОН.
Со Југославија се наметнаа две прашања.
Прво, што кога една држава еднострано презема воени активности надвор од ОН.
Второ, што кога една земја го злоупотребува правото на вето.