Рецепти за во блендер

  • Креатор на темата Креатор на темата OceaN
  • Време на започнување Време на започнување
Предлог, од каде да купам блендер?

Зависи за колкав буџет станува збор.


http://www.topshop.com.mk/dom-kujna/kategorii-za-domot/gotvenje/nutribullet.html

Ова е добра и исплатлива опција.
Поефтини варијанти имаш во Нептун само гледај да е со поголема волтажа и ножевите на блендерот да се во различна висина, така најдобро мели се.
 
Па 7000 и не е евтино, гледам во Нептун од 1500 до 3000 денари има, малечки.
 
Правено е во нутрибулет, може и блендер. Малку претерав со количината на овошјето. :rolleyes:

received_10204668027133308.jpeg.jpg

Банана, киви, портокал, спанаќ, малини, капини, јагоди, брусница, аронија, бадеми, нане и семки од тиква. Вода има само пола филџан и затоа е за со лажичка. :))
 
Зависи за колкав буџет станува збор.


http://www.topshop.com.mk/dom-kujna/kategorii-za-domot/gotvenje/nutribullet.html

Ова е добра и исплатлива опција.
Поефтини варијанти имаш во Нептун само гледај да е со поголема волтажа и ножевите на блендерот да се во различна висина, така најдобро мели се.
Пардон за оф топик ама не најдов друга посоодветна тема :oops:
Деновиве разгледувам да си купам блендер и се мислам помеѓу Nutribullet и некој блендер од Teхно Маркет или Нептун. Е сега не ми е јасно, дали Nutribullet има нешто плус од другиве блендери како на пример овој од Philips или овој од Electrolux?
Гледам по спецификациите иста моќност има моторот, функциите колку што можам да видам се слични, а лично во другиве производители имам повеќе доверба отколку во Топ Шоп производи, но сепак гледам доста луѓе се задоволни со Nutribullet-от. Вреди ли да се земе или ги нуди истите функции како другите блендери што се продаваат во тој ранг на цена?
 
@AlternativeF и јас бев во истата дилема. Ми беше логично ако е иста моќност дека и исто ќе ги разградува состојките.
Сестра ми има на Филипс, малку постар модел ама со исто моќност како нутрито. Смутито кај нејзе никогаш не ми е исто како моето дома. Дали има нешто плус во кое не се потрудив да истражам, не знам.
Друго, мелење на семки ( ленено, сусам, семки од тиква ), јаткасти производи, бисквити .. многу побрзо ги прави во прав, не му требаат многу пулсирања.
И, на сестра ми блендерот нема сила да изблендира замрзнато овошје, треба да е полузамрзнато. Во нутрито го оставам 5 минути и мака нема.

Ова е лаички одговор и може е само субјективен ама јас сум навистина презадоволна.

Можеби ќе се најде и некој друг да ти помогне за да се одлучиш полесно.
 
И *Надгледува ја темата*.

Портокал, круша, јаболко и мед. Вкусот беше за пофалба. Јас пошто сакам кога е потечно му ставив и вода.

Едит: Кора од портокал или лимон, ставате да се бленда?
 
И *Надгледува ја темата*.

Портокал, круша, јаболко и мед. Вкусот беше за пофалба. Јас пошто сакам кога е потечно му ставив и вода.

Едит: Кора од портокал или лимон, ставате да се бленда?

Не. Отров се корите од што се прскани, плус што горчи така.
 
И *Надгледува ја темата*.

Портокал, круша, јаболко и мед. Вкусот беше за пофалба. Јас пошто сакам кога е потечно му ставив и вода.

Едит: Кора од портокал или лимон, ставате да се бленда?

Ако ја измиеш убаво можеш да ја ставиш. Стави ги во сад со вода и сода бикарбона или вода и оцет да постојат некое време после исплакни ги убаво и стави ги.
 
Не. Отров се корите од што се прскани, плус што горчи така.
знам дека горчи, затоа прашав, ми кажувале другари што ставале и им било убаво. Еве Зајче кажа како може да се стави.
 
Сликав за да и покажам на сестра ми, но еве и тука ќе ставам...

12794340_1664857857110429_1197028122076646418_n_zps3uqihyei.jpg


две лажици овесни снегулки
една лажичка кокосово масло
банана
неколку оревчиња
соино млеко во прав
малку цимет (само го промешав, затоа се познава)
 
И *Надгледува ја темата*.

Портокал, круша, јаболко и мед. Вкусот беше за пофалба. Јас пошто сакам кога е потечно му ставив и вода.

Едит: Кора од портокал или лимон, ставате да се бленда?
Зависи... Ако зимаш од двор/берено непрскано, да. Во никој друг случај.

Искрен да бидам, имам дома еден нутрибулет, има свои мали недостатоци, иако по мене е блендер парекселанс. За цитрести овошки (лимон, грејп итн) не го користам, останува многу пулпа. За грозје избегавам бидејќи останува многу од кожата и грозна е, се лепи за грло. Исто и за боровинки.
За јаткасти плодови е ѕверско, исто и за јагоди, банани и кајсии/праски. Најчесто јаболко/цвекло/морков за маса, пола банана за слатко и еден лимон цеден на страна за убивање монотонија :D.
Одличен е исто и за разни сосови и хумуси, мада се` уште немам истражено што и како да мешам. Некои рецепти околу последново, само да не инволвираат чиста сахароза?
 
Ајде да ја живнеме малце темава.
Сезона е на јагоди, кажете некои омилени рецепти за смути со јагода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom