Ќе ти врши работа, Н81, таман е, дури и i5 да ставиш. Бидејќи нема да имаш клокачки процесор, нема да имаш проблем.
GDDR5 меморијата е побрза од GDDR3, дури и да е помала количински 2GB DDR5 наспроти 3-4GB GDDR3, тие со ДДР2 или 3 се за многу основни игри на ниски сетинзи и резолуции. 750ti сепак е од пониската класа на „гејмерски“ картички, ама ќе ти брка работа подобро отколку 730-740.
Никако немој да забушаваш на напајање, многу важна компонента е. Пак ќе ти пишам, стави буџет, многу ќе ми биде полесно да ти помогнам/предложам нешто, вака џабе зборам ако на пример планираш да дадеш 20к, 30к и слично. Имаш ли монитор, куќиште односно некоја компонента што ќе ја задржиш?