Едноставниот одговор кој го бараш е - НЕ.
Преку македонскиот PayPal може само да се купува, односно само да се праќаат пари, но не може да се продава, односно да се примаат пари.
Преку словенечкиот PayPal може и да се купува и да се продава, односно и да се праќаат пари и да се примаат пари, но тоа е изводливо исклучиво со картичка од НЛБ Тутунска Банка.
Има и некои други кои велат дека може и со други картички од други банки да се користи словенечкиот PayPal, но не им успева на сите, додека корисниците на картичка од НЛБ Тутунска Банка претежно успеваат да го користат словенечкиот PayPal.