Протест пред Влада под мотото „Правда за Мартин Нешкоски“
Со пораки „оставка“, „убијци“, „нема правда, нема мир“ , „долу диктатурата“, педесетината демонстранти скандираа пред Влада, барајќи правда за Мартин Нешкоски, момчето кое беше убиено од припадник на МВР, за време на славењето на изборната победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“.
„По четири години борба за правда ние сме приморани да излеземе на улица и да бараме правда која се уште не е задоволена“, изјави Александар, брат на убиениот Мартин Нешкоски.