Исто како што е вредно за дискусија како да се натерат професорите да пишуват книги и трудови. Страмно е да се учи со податоци од 95 сеуште.
Не да е страмно! Учат за ПП 10, 20, 30, 40 и 50, а ПП 20 одамна замина во историјата. Или законски измени за дел од надлежностите на одредени установи и органи. Ако не се лажам со новиот Закон, јавното обвинителство само ќе организира вештаци и истраги, а претходно тоа го правеше во согласност со МВР. Што значи самостојност (до некаде) на оваа институција. Они сеуште учат за нивоата и работата на овој орган, по стариот Закон!
Потребно е обновување на учебниците, како на пример Комуницирање учебникот е катастрофа. Математика (табу тема). Јазичните,можат поубаво да се средат. Секретарско, ужас. Башка сеуште не постојат учебници за Психологија, Социологија, Економија....ги знам само предметите кои јас сум ги учел, за општа гимназија и други смерови не сум информиран.
Па и прашањата што ги прочитав, дел се едноставни, дел се недефинирани, дел се двосмислени. Тоа е системска дупка и нормално е аргумент за тоа колку лошо е осмислено и спроведено ова екстерно тестирање. Јас сум за да постои, но да служи за корегирање на наставните планови и за столбот за содржината на новите книги (кои нели треба да се напишат).
И навистина е страмно да се учи во овој систем. Страмно, најстрамно! По страмно не може да биде, нели?! Мизерија и страмота. Ја нема веќе таа строгост која постоела. Го нема авторитетот. Ја нема културата која ученикот ја носи од дома. Расклатен е моралниот кодекс. И уништен е нашиот правен систем. Но може една будала да го ремети часот. Јас како санкција би ставил огромна паричка казна и ќе видиш како се воспоставува ред.
Ако веќе решиле да ги казнуваат професорите, нека ги казнуваат и оние ученици кои реално не припаѓаат во таа воспитно- образовна институција, а се наоѓаат во неа....Па и тоа истовремено е добар и лош Закон, за кој вреди да дискутираме.
