Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе ми треба проверена информација од вас.

Ме интересира дали некоја ординација во Скопјево бања кучиња и која е цената ?

Значи кучето да им го однесам да го избањаат,да го исушат и јас да дојдам да им платам и да си го земам ?
Зашто мора да е ординација???
Ги имаш Ashaya спроти коменски основното, професионално студио само за цакви третмани на миленици. Ја имаш Лавинија во пинтија иако дома го прави цел третман нема студио како првите ама сепак е професионалец. Друг/а добра ти е и Ана во кисела вода.

Од овие другиве види оној петшопот на рузвелтова петсаплајс исто бањаат миленици, а и ветеринарната ординација во уличката до броз кафе на партизанска.

Ако некој има број од било кое од наведениве нека ти сподели, моја препорака ти се ashaya твое е каде ќе го однесеш. Првите 3 што тоа им е работа наплаќаат 1000 денари за услугата, другиве незнам.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
А има ли некои и што шишаат кучиња ? контакт од тие првите со студиото ?
 
А има ли некои и што шишаат кучиња ? контакт од тие првите со студиото ?
Ashaya ти се професионални грумери значе не само што бањаат, имаат целосни третмани за миленици (бањање шишање обликување буквално се за хигиена и одржување на надворешниот изглед на миленикот)
https://sites.google.com/site/ashayaex/Home/kontakt

Лавинија и Ана исто шишаат и обликуваат броеви од нив немам.
 
А да,и да кажам за крлежот...ја однесовме лала пред недела дена,на ветеринар...млад дечко,не би да го спомињам пошто беше коректен,само не ми се свиѓаше тоа што беше нечиста просторијата,а и ми изгледаше како да не знае што работи...крлежот и го копаше со 2-3 алатки како за заби што ни чистат на забар,и направи раничка,кучето нит цивкаше нит ништо,меѓутоа ми изгледаше како да не треба така...не знам нека кажат по искусните...после тоа вика,ај видете,мислам дека е добро ? ја го гледам попреку и му викам од кај да знаеме ние,ми изгледа дека излезе,да да излезе вика...плативме 300 денари и си отидовме.И стаи и некој зелен спреј на местото на раната...сега има коричка раната фатено.

ТАКА треба,или има друг метод на вадење крлеж ?
 
Некој искуство да имал со Самојед?
Му паѓа горното влакно (подвлакното веќе почна да му се обновува), а по ветеринари не ми се иде оти врска си немаат ниеден (исклучок: Димче) и да ми простите на зборот ама можат да си го забришат анусот со дипломата "ветеринар". A и не сум единствен кој се жали од ветеринари...
Прво ми го отруја кучето со некаква си течност за против болви (со мирис на газја), му се воспали кожата па му потемни на некои места, после со апче против буви, крлежи и т.н цел месец неможев да го опраам од повраќање и проливи и веќе не се ни појавувам на ветеринар освен ко ќе е за вакцинирање од беснило.
Барав и на нет ама неможам да најдам. Не верувам да е во недостаток на витамини, оти последниве десет дена (до денес) добиваше по 5 витамински апчиња (Ca)Fortan (претпоставувам, од недостаток на витамини му паѓа штознам).
И уште нешто, на носот на кучето му има излезено нешто (габично), и го мачкам со Antifungol веќе 2 недели ако не и повеќе не помага, иако знам дека габичните инфекции без 2 - 3 месеца не се лечат...
Чаре?
 
Последно уредено:
Кај Перо Божиновски (ветеринар и кинолошки судија), локација од Слаткара Апче кога се движиш накај Генералштаб од лева страна
Он е увозник затоа е најповолно кај него, исто види и во Фауна петшоп имаат доста пристапни цени
 
Здраво, која раса на куче би ја препорачале за почетник. Барам придружба при физичка активност, сакам да биде активно али не хипер-активно. Студент сум и сум отсутен по 4-5 часа дневно од дома. Исто така живеам во стан. Фала.
 
Лабрадор Ретривер или Златен Ретривер.
Добро би било и да напишеш кои раси ти се во предвид, па да ти кажеме дали се за почетници или не се.

Раса што треба да се избегнува за почетници е Сибирски Хаски.
Ова го кажувам, затоа што таа раса е една од најчестите раси што ги зимаат поради изгледот.
А раса според изглед не се зема, особено кога си почетник, туку секад се зема според карактер.
А Хаските се прилично тврдоглава и инаетлива раса, и „дива“ на некој начин, така да е лош избор за почетник.
 
Здраво, која раса на куче би ја препорачале за почетник. Барам придружба при физичка активност, сакам да биде активно али не хипер-активно. Студент сум и сум отсутен по 4-5 часа дневно од дома. Исто така живеам во стан. Фала.
Ко шо пишала Лу, едно вакво батка :) Барем со малку работа ќе го средиш да биде послушно, а за мирни се мирни. Воедно се раса на кучиња кои не покажуваат агресија, така да таман ко за в стан да го оптегниш на некое легло.

10347720_10206119895901578_8654790662425850206_n.jpg
 
Готоо се вљубив во Лабрадорот. :D Едвај чекам да завриш колоквиумска па да идам да се распрашувам што како па и да згрижам едно дома. :love:
 
Дај кажете да не има некоја финта, само фаќа пилиња песов во двор. Сега одев да му сменам вода, ко гледам едно прекрасно билбилче со црвено-сини бои го штавил, грев ми падна..........Веројатно кога слегуваат да му јадат од храната и тогаш и фаќа. Ова му е над 5-та жртва сигурно. А вака навидум со луѓе мирен, никогаш агресија не покажува, ама што се однесува до пилиња, сериски убиец е станат. А мачки кога доаѓаат ништо не им прави.
 
Ако е забрането, слободно избришете го постов. @SaltNPepa @Lu

Еден другар веќе околу пола година се занимава со Шетање на кучиња, па ако сте заинтересирани или знаете некој што е, ѕирнете ја страната на фејсбук и по можност лајкнете ја. За Скопје се работи, a за цена контактирајте со човекот, има број за контакт.
 
Продавам храна за кучиња Премил, премиум и супер премиум линија од сите видови http://www.premil.rs/
Праќам по карго. За повеќе инфо пишете порака
 
Здраво,
Вчера зедов машки Белгиски Овчар - Малино, 1.5 месеци старо.
Со оглед на тоа што немам претходно искуство во чување на кучиња секој совет би ми бил од корист.
Прочистено е од паразити утре ќе ја прими првата вакцина.
Но што понатаму?? Каква храна е најдобра да му земем за неговата возраст? Витамини? Овие два дена е на варен ориз и пилешко (дали е соодветно за неговата возраст?).
Во врска со социјализација не му недостасуваат луѓе многу краток период е само. Кога би било паметно да му донесем куче да се научи и на нив?
Фала однапред :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom