Фан клуб - РК Металург

Вака така добра екипа склопи Чевларо со многу млади и неискусни дечки.
Очајно фали еден добар лев бек разбивач како Божович и некој поквалитетен пикер. Неможи со Пешевски и Петров да се носиш во вакво натпреварување. Али сепак добра основа има екипата за неколку сезони со паметни трансфери да го достигни истото ниво од пред 2 сезони.
Најголемиот проблем на Металург моментално е шо незнај шо ќе прај со "талентите" во иднина. Тука треба да пресечи и да се одлучи дали ќе се потпира сериозно на нив или ќе се засили со квалитет од надвор и ќе си ги врати назад во Јуниор на стенд бај. Мое мислење е дека ако сакаат да вложуваат сериозно и да имаат успеси, тогаш ќе треба уште ова лето да ги префрлат назад во Јуниор Талевски,Неловски и Кузмановски и да се донеси појачување од надвор.

Браво за плачкото, сварно добра работа завршил ова лето и скоцкал добра екипа за буџетот кој го има на располагање. (y)
 
Ах бре Боки, им подари победа на гнасните скандинавци, зошто мораше да го треснеш од земја бе на овој гнасниот... многу почетнички изреагира во оваа ситуација.
Многу ми е криво што не ја добивме утакмицата..
а што е најжално и нерешен резултат не им извадивме.
Ех колку ќе значеше бод на гостински терен против Скјерн за поминување на групата..
Но ме радува тоа што екипата изгледа многу сериозно, на секој натпревар излегува максимално борбено и без респект кон противникот.
Големо браво за Червар што од ваква млада екипа успева да го влече максимумот на секоја утакмица.
Во првото полувреме одбраната беше на ниво, но и Дупјачанец бранеше како препороден, желен е за докажувања .. се гледа дека долго време е мечтаел да брани утакмици во ЛШ.
Маестро Божовиќ уште една неверојатна партија, вкупно 11 гола, алфа и омега е во оваа екипа, вистински лидер.
Талески , од најголемо очекување до најголемо разочарување, ништо не бидува од ова дете.. ниту прави некакви влезови, ниту оди на дуел, ниту шут.. со ваков пристап тешко дека ќе направи нешто во кариерата, за година - две ќе биде испратен во некоја од македонските екипи како што е тргнала работава.
Очајно фалеше Мраковчиќ во нападот, срамно е при ваква партија на Божовиќ што не извлековме триумф.. се надевам дека против Баја Маре ќе го имаме на располагање.[DOUBLEPOST=1444599620][/DOUBLEPOST]
golman_skjern.jpg

Фацата на голманот на Скјерн по примениот гол од Божовиќ од некаде 12 метри на 60 секунди пред крајот.. :pos:
Штета за Божовиќ што не се израдува на победа денеска, сигурно нему му е најтешко..
 
Последно уредено:
[DOUBLEPOST=1444599620][/DOUBLEPOST]
golman_skjern.jpg

Фацата на голманот на Скјерн по примениот гол од Божовиќ од некаде 12 метри на 60 секунди пред крајот.. :pos:
Штета за Божовиќ што не се израдува на победа денеска, сигурно нему му е најтешко..

Аууу ама сурат :eek: е сега разбирам зошто Маџо лупашет стативи :pos:
Ликов последните 10 мин скина некоколку топки и не реши у пм :misticen:
 
Голманон ми личи на
cbfc392a0cb0e43f0afa394dd3386c13.jpg

Божовиќ кое играчиште е:cuc: прав лидер на екипата. Ама не може само Божовиќ да игра и само на него да се чека. Кај знае Талески да организира напад, тука очајно фалеше Мраковчиќ, а и мислам дека немаше ни еден шут, порано барем ќе шутнеше од некаде, сега храброст нема ни за тоа. Во главно добар тим направија годинава иако беа отпишани на почетокот.
 
Голманон ми личи на
cbfc392a0cb0e43f0afa394dd3386c13.jpg

Божовиќ кое играчиште е:cuc: прав лидер на екипата. Ама не може само Божовиќ да игра и само на него да се чека. Кај знае Талески да организира напад, тука очајно фалеше Мраковчиќ, а и мислам дека немаше ни еден шут, порано барем ќе шутнеше од некаде, сега храброст нема ни за тоа. Во главно добар тим направија годинава иако беа отпишани на почетокот.
Имаше на почеток 2 шута телето. Едниот метро покрај гол, другиот од 9 метри ја заби у земја топката и отиде 2 метри над гол. Ни за одбрана не го бива, кога почна да игра он у одбрана на 2-ка не утепаа од таа страна.
 
http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-deneska-i-gostuva-na-ekipata-na-ohrid/
Вечерва во 20:00 играме против Охрид, дуел за загревање против она вистинското во недела, Баја Маре.[DOUBLEPOST=1444846451][/DOUBLEPOST]Која катастрофа е овој стримот на РФМ, сликата е ко со тостер да снимат, и плус што кочи ко ненормално.. не се гледат таму утакмици дефинитивно..
 
Последно уредено:
Нема никој да напиши неко редче пред денешнава уткамица. Добор, мое размислување за противникот и утакмицата. Имам гледано само една нивна утакмица со Елверум на гости и малце од мечот со Шафхаузен, а тоа е малце за анализа на противникот.

Солидна екипа каде што од странски играчи доминанти се Маџари па има Руска, Украинска крв и Караџиќ (Бих). Екипата е составна од добри индвидуалци а најголема опасност опасност довага од бековите, првенствено од левата бековска позиција а многу се активни и крилата. Колку што забележав пред некој ден во статистиката за уткамицата со Шафхаузен, од 31 погодок повеке од половина (16) ги постигнале токму од крило Иванчик (8) и левиот бек (8) (не ми текнува името да не гуглам, лани играше за Мотор). Мене лично со Елверум добар впечаток ми остави левото крило, Бара или Бера валда некако така беше :cautious: . Многу незгоден и пргав играч го има насекаде на терен од трчање на контри, шутира од бековска позиција откако ке си направи простор (добро се движи) , влетува позади одбрана така да доста подвижен и незгоден играч. (незнам како играл на други утакмици бидеки не сум гледал).
То би биле појаките страни на денешниот противник. За послаба страна би ја издвоиил одбраната, мисалам дека имаат најслаба одбрана во групата што е добро за нас бидеки си ги знаме квалитетот на нашиот напад. Нападот им е шутерски, невидов некоја креативност или некакви обиди за влезови или уграни комбинаци. Најчесто се шутеви од бековите и тоа лупаат и од неизградени позиции (сеуште ми изгледаат неуиграно, ако се отколант овие недостатоци ке биде многу незгодна екипа). Ако денес одиграме добра одбрана, поточно со добра кординација на Дупјачанец и одбраната, мислам дека ке има доста одбрани.
Доколку ги задржиме до 23 погодоци, бодовите се наши, бидеќи очекувам барем 24 погодици со екипа која одбрана не и е баш нај нај (y)
 
Последно уредено:
Ако сме без Мраковчиќ во нападот тешко дека можеме да се надеваме на нешто повеќе на овој натпревар.
 
Би било ок да сме комплетни, но видовме колку се измачи Скјерн а бевме ослабени, за 25 мин имаа 6 гола. Романциве се послаби, некако се невоиграни, варираат во играта. Шафхаузен им зема бод и притоа 31 парече завршија во мрежа. Фактот дека со секоја нова утакмица имаме се подобри игри, цврстата одбрана и се што пишав погоре, влева надеж.
 
По очајно прво полувреме неможеше да одиграме, катастрофа во нападот и многу изгубени топки, добро е што се вративме резултатски во игра и заминавме со 1 негатива на полувреме, ајде во вториот дел се надевам ќе ги надминеме проблемите и ќе влеземе многу по сериозно во овој дуел..
Дупјачанец 2 пенала му одбрани на овој педерот Иваншик... повторно има одлична партија, причината што се вративме во игра е токму тој..[DOUBLEPOST=1445177905][/DOUBLEPOST]Маџовски со неговиот 5-ТИ ПРОМАШЕН ЗИЦЕР ја закопува екипата
 
Последно уредено:
Каков малер, на толку одбрани на Дупјачанец, на еден куп изубени топки од романците да не се дадат 20 гола е јебена срамота. Божович и Дупјачанец ја држе цела игра. Кузмановски, Матич, Костевски и Пешевски солидни. Маџовски повторно лузер а анти талентот Талевски не заслужува ни да седи на клупа со вакво не-играње. Не шутира, ниту подавањата му одат едноставно со ваква игра тешко дека би фаатил место и во аматерска екипа. Кога е на терен човек да добие очобол а не уште за репрезентација да биеде повикуван. Кога веќе ја спомнав репрезентацијата, дефинитивно во моментов Дупјачанец е за прв голман, каков Митревски каков Борко не ка не ја тупи Обрван
 
Кога веќе ја спомнав репрезентацијата, дефинитивно во моментов Дупјачанец е за прв голман, каков Митревски каков Борко не ка не ја тупи Обрван

Стварно еј, Дупјачанец да не биде повикан барем да го тестираат на овој турнирот во Хрватска е стварно недопустливо. Во животна форма е, во цела ЛШ е сигурно меѓу првите неколку по процент на одбрани (знае некој кај може ваква статистика да најдеме?). Да не знаеш дали Станиќ или Дупјачанец брани за Металург. Отсуство од списокот не смеат ни да помислат Обрван и РФМ.[DOUBLEPOST=1445187910][/DOUBLEPOST]Инаку за натпреварот, навистина штета за Металург. Два натпревари со ред крајно неискусно и аматерски губат. Баја Маре беа спремни за пораз. Дупјачанец ги уби во поим. Наместо 4 бода и скоро гарантирано минување на групната фаза вака имаат 0 и се во многу тешка позиција. За да биде полошо и Мотор во гости 1 разлика го тепал Елверум.

Факт е дека голем дел од екипата е премлада за некои посериозни резултати, а оние 3-4 постари немаат некое којзнае какво искуство (освен Божовиќ никој друг не ни играл во ЛШ досега, а и тој не дека бил некоја ѕвезда). Но сепак е жалосно што очигледно имаат квалитет за да ја минат групата а нема да успеат. Повредата на Мраковчиќ дојде во најлош можен момент. Не дека тој е некоја супер ѕвезда ама е тип на играч кој е тотално незаменлив во екипата - нема ниту еден друг брз креативен среден бек. Вака сите се бавни шутери и нападот мака мачи со дури и просечните одбрани. До таа мера се мачат што мора да експериментираат со Бувиниќ на среден кој е единствен кој е колку толку побрз и може на влез да оди. Со здрав Мраковчиќ можам да се обложам дека ќе ги добиеја и Скјерн и Баја Маре.

И на крај, најлошо е што веќе се чувствува огромен удар во самодовербата на некои од младите играчи кои направија клучни грешки во изминатите натпревари и се ментално тотално исфрлени од ритам (овде пред се мислам на Талески и Маџовски, ќе видиме за Кузмановски). Ова мора да се среди ако сакаат да станат играчи. Од истите причини ми се чини и Ф.Лазаров крахираше на времето и не се разви како што треба кога беше форсиран и до бескрај пцуен во репрезентациајта (и до ден денес игра десет пати подобро за Вардар отколку за репрезентација).

Како и да е мора да се оди натаму, шанси има, но право на киксеви веќе нема. Ќе мора се до крај да победат ако сакаат да имаат шанси да ја минат групата (сите останати дома + Кадетен и Елверум во гости).
 
Последно уредено:
Стварно еј, Дупјачанец да не биде повикан барем да го тестираат на овој турнирот во Хрватска е стварно недопустливо.
Во моментов негледам подобар голман од Дупјачанец, колку што знам Митрески солидно брани и менува по едно полувреме, Борко топло ладно така да нема простор за размислување. Што се оденсува до Станиќ, рано е за споредби. Едино што можам да кажам дека и Станиќ ретко врзуваше по неколку средби со добри одбрани, имаше падови.
Со барем 2-3 засилувања, немора бог знај какви, ке се има многу покомпактна екипа. Сигурни ке дадат поквалитетни игри оддд ајјј да не ги спомнувам ми се смачи и од нивното неиграње, делуваат небаре си ги фрлил на кошарака па незнаат што да прават, брука!
 
Не знам онај Лино кај му е паметот?Навистина..
Да играш ти со труп како Талески на среден речиси цел меч треба да си тотално луд,дечкото се губи тотално на среден,тотално,не знае шо со топката..
Јас навистина не знам шо се случува со дечкото,тотален труп се напрајл,по,.по,не беше толку камен,или пак играше против послаби екипи па не се приметуваше неговата трапавост и НЕинтелегенција,неам видено послаб играч сезонава од него,во цела ЛШ...
Кога стигна еден Кузмановски,кој до лани играше во еден мизерен Пелистер да го надмини во секој поглед,а овај трупот веќе 3та сезона дреми во прв тим и наместо да оди напред оди со галопирачки чекори назад се е кажано..:ban:
И со една ваква игра,без среден кога успеаа да се на чекор до бод/ови во мечеви на гости доволно говори колку е сатот..
И мораше стариот да има замена на среден,не да се глупира со Талески и Фитилот таму,да го до/убие и така отепаниот напад...
Не ми е јасно навистина,како е можно да изиграш толку слабо во напад,срамота е ова за професионални ракометари,без разлика на се...
И навистина е штета шо не освоја барем бод од двата меча,а заслужија и повеќе,најмногу Дупјачанец и Божовиќ кои беа единствените стандардни играчи во тимот,сите други со големи црни дупки во својата игра,е па со толку слаби места во тимот,со толку технички грешки нема бодови со никој....
Мраковчиќ не е крив за мечот,толку можеше со една рака дечкото,ако на је фати со една рака тешко ја контролира топката,таа другата рака му е неупотреблива,и не требаше ни да игра дечкото во ваква ситуација...:bance:
 
Кузмановски бе... :pos::pos::pos:

Ќе си одиш пешки дома му рече Червар на тајмаут , можно е ? :icon_lol:

Мајтапот настрана, Кузмановски за некоја сезона ќе го фрли во сенка долго најавуваниот Талевски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom