Седумдесет родители ќе добијат прекршочна пријава бидејќи не ги вакцинирале децата

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Не е проблем законот, си треба вакцинација, сомнително е потеклото на вакцините. И инсулинот за шеќерашите мислам лани беше, го сменија, којзнае од каде го набавуваат.
 
Ова е само за малолетни ? ја неам примено таа во 4та средно што се дава,ама тогаш имав 19 години :D ваљда нема на моите да им стигне честитка :D
 
Клукајте вие антибиотици за све и свашта, изгладнувајте се ради диети или уништувајте се со секаква исхрана, нарушете си го имунитетот и после чудете се зошто и имунитетот на вашите деца е катастрофа. Да имунитетот ви се руши со диети и тие последици ги трпат децата.
Денешниве деца се деца на мајки кои имаат држано секакви диети у младост.
Не ги вакцинирајте децата, нека се шират морбили, дифтериите, тетанусот и секакви останати заболувања шо се СУЗБИЕНИ -
БАКТЕРИИТЕ СЕ УШТЕ ТУКА АМА НЕ МОЖАТ ДА ВЕ ПОВРЕДАТ АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ
ама тоа ви е, медицината ве труе вас, мислам шо к*р барате на доктор со обични настинки коа веќе сте го знаеле лекот - чаеви, билки, баења и остали срања ...

Инаку, иако постои вакцината се уште имаме болести како туберкулозата, поради невакцинирани случаи....

али нееее.... вие докторите ги сметате за вампири, монстурми пошо сите доктори се собираме еднаш месечно и играме околу мртва мачка и пееме песни и заговараме како да ве оштетиме вас и вашите дечиња....

И за оние „ ќе потпишеш ли ти дека нишо нема да му биде на детето ако го вакцинирам?!?!“ ... а ти ќе потпишеш ли дека преземаш одговорност и медицинска грижа ако моето / други деца се разболат / се ставени во опасност поради болест што е ерадицирана, ама се вратила пошо твоето дете ја има фатено пошо не е вакцинирано?

Имунитет на стадото - е добар за деца кои не можат да ја примаат вакцината, алергични деца, ама не и за галени мамини мази кои се водат според тоа - ако вакцината е штетна нека ги вацинират другите деца и нека умрат, ама не и моето, а моето не го вакцинирам, ако е арна вакцината ќе го штити...


и ко текстот за Анамарија....
текстот е полн со неправилности, надуван со драма и нашиов народ лесно се пали на тоа и удри по докторите, грди коментари ... девојчето е донесено дехидрирано, ацидозно во болница, ама тоа не е битно, не е битно шо е праено пред тоа, битно е дека сакале инфузија за да ја освежат (пошо народов наш е експерт во секое поле), али тоа е сосема друга тема...


Сума сумарум

Ако колнеш доктори, не оди на доктор и при мала настинка.

И со неколку прочитани ебени статии по интернет не си професионалец од област за која некој губи години и години од својот живот за да совлада дел од неа...

По текстов установив дека си доктор....
Ова што си го напишал е све добро, одлично уствари, ама за некое поидеално општество - а, НЕ за нашето...
И самиот го знаеш тоа...И плус добро знаеш фармацевтскиот бизнис кај нас како функционира...
И за вакцините конкретно - кога јас би била родител еден ден, единствената личност и пресуден фактор што ќе одлучува за здравјето на моето дете ќе бидам исклучиво ЈАС и никој друг...Со никакви прекршочни или не знам какви казни, нема никој да ме уценува за моето дете...
 
Од таквите како гордон пати државата зимај што ти се нуди , а што содржи тоа не е толку битно .Побитно е дека живееме во современа држава во 21 и треба да се однесуваме како такви за напредокот на државата.Што содржат тие вакцини и од каде доаѓаат не знаат ни тие што ги направиле најважно е ние во 21 век да си ги воведеме со закон да мора да ги прими секој.
 
Пред некој ден и ние отидовме на задолжителна вакцина за детето, арно ама само едната ја имаа, другата кога ке ја добијат ке не известат... Инаку тешко поминавме со детето 3 дена не знаеш шо му е, ако примеше две па уште потешко... Туку зборот ми беше да ги,,казнеме ли ние што ја немат,, задолжителната вакцина""?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Многу ми е сомнително тоа колку е ист квалитетот на вакцините тука и негде у Европа итн. пошо нели здравствово ни е на нивоу и на нас обичниве смртници ќе ни дае таму некои чкарт вакцини евтина роба а нивните деца кој знае кај ги вакцинираат.

Жално, у своја држава да не си сигурен. Дури мислам дека сега здравството е бетер од што било порано.
 
Колку божем на владата гајле и е многу за тоа што децата не биле вакцинирани, да им беше гајле ќе донесеја закон да не смее невакцинирано дете да се запише во училиште на пример, ама уствари на нив не им е гајле за тоа. Нив сега гајле им е да си ја наполнат касата со пари, родителиве ќе си платат казна и никому ништо, ни лук јал ни лук миришал.
 
Клукајте вие антибиотици за све и свашта, изгладнувајте се ради диети или уништувајте се со секаква исхрана, нарушете си го имунитетот и после чудете се зошто и имунитетот на вашите деца е катастрофа. Да имунитетот ви се руши со диети и тие последици ги трпат децата.
Денешниве деца се деца на мајки кои имаат држано секакви диети у младост.
Не ги вакцинирајте децата, нека се шират морбили, дифтериите, тетанусот и секакви останати заболувања шо се СУЗБИЕНИ -
БАКТЕРИИТЕ СЕ УШТЕ ТУКА АМА НЕ МОЖАТ ДА ВЕ ПОВРЕДАТ АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ
ама тоа ви е, медицината ве труе вас, мислам шо к*р барате на доктор со обични настинки коа веќе сте го знаеле лекот - чаеви, билки, баења и остали срања ...

Инаку, иако постои вакцината се уште имаме болести како туберкулозата, поради невакцинирани случаи....

али нееее.... вие докторите ги сметате за вампири, монстурми пошо сите доктори се собираме еднаш месечно и играме околу мртва мачка и пееме песни и заговараме како да ве оштетиме вас и вашите дечиња....

И за оние „ ќе потпишеш ли ти дека нишо нема да му биде на детето ако го вакцинирам?!?!“ ... а ти ќе потпишеш ли дека преземаш одговорност и медицинска грижа ако моето / други деца се разболат / се ставени во опасност поради болест што е ерадицирана, ама се вратила пошо твоето дете ја има фатено пошо не е вакцинирано?

Имунитет на стадото - е добар за деца кои не можат да ја примаат вакцината, алергични деца, ама не и за галени мамини мази кои се водат според тоа - ако вакцината е штетна нека ги вацинират другите деца и нека умрат, ама не и моето, а моето не го вакцинирам, ако е арна вакцината ќе го штити...



Сума сумарум

Ако колнеш доктори, не оди на доктор и при мала настинка.

И со неколку прочитани ебени статии по интернет не си професионалец од област за која некој губи години и години од својот живот за да совлада дел од неа...

Г-дин сезнајко НЕ сакам да идам на доктор да го вакцинирам синот, докторите со сила ме викаат кај нив , има разлика нели ....

Те молам не мешај ДОКТОР и шупак облечен во бел мантил кој добил диплома со врски.Како што има различен со квалитет на економисти,правници и инжињери .
А тоа дека ПРЕКРОШОЧНА ПРИЈАВА добиле и дека ќе платат казна :tapp: па во законот убаво си пишува: БИЛО КОЈ МОЖЕ ДА ОДБИЕ МЕДИЦИНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА . Вакцинација спаѓа во медицинска интервенција . Така да на суд пријавата ќе биде отфрлена :P

"БАКТЕРИИТЕ СЕ УШТЕ ТУКА АМА НЕ МОЖАТ ДА ВЕ ПОВРЕДАТ АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ" - :zver:
Изгледа седнале на преговарачка маса и рекле аман немојте веќе со вакцини мирни ќе сме. Тоа од каде се појавиле , зашто се појавиле не ти е битно , која е нивната улога, како и зашто мутираат итн итн тоа не е битно, битно е ти си добил од светата водичка

Зашто кога сте Вакцинирани т.е. ЗАШТИТЕНИ се плашите од тие незаштитените, нели бактериите неможат да ве повредат.
Остави ги тие незаштитените ќе ги нападне лошата бактерија и ќе се спасите од нив.

Одлуките што човек ги носи зависи со какви информации располага и како ги процесира . Некои имале предмет Логика некој немале па им треба авторитет за да им каже што треба да прават.
Убаво си пишувате имунитет на "СТАДОТО" само кој е овдека овцата :свиркам:
 
Мајка ми редовно не вакцинирала мене и постарата сестра, фала богу без никакви последици. Кога ја воведоа вакцината за ХПВ помалата сестра требаше да ја прими ама мајка ми не се согласи. Тоа беше првата година кога ја воведоа и на големо се пишуваше за сомнително потекло, недоволно тестирани, катасторфални последици, забрани во Јапонија и други земји за истата. И докторите и претеа дека ќе заврши на суд и ќе плати казна итн. После 2-3 години навистина дојде покана за на суд. Казната беше околу 500 евра мислам. Бидејќи мајка ми не беше во тој период тука, напишавме писмен одговор од кои причини била одбиена вакцината и судиката пресуди да не ослободи од плаќање казна. Плативме 1000 ден мислам за судски трошоци.
 
10711143_948808928473452_5529492313543304290_n.jpg
.

Толку!

Туку, ми е страв да не го наебе некој „ни крив ни должен“: малиот уште ја нема примено MMP вакцината (за мали сипаници и заушки) што треба да се прими по 12 месеци, а тој има 17 веќе. И за таа вакцина исто како и за HPV се кренаа песочни бури од прашина, демек таа била прекинувачот кој го активирал аутизмот кај што ти знам колку многу деца, бла, бла, бла... Ние по 12тиот месец, по совет од матичниот педијатар ја одложивме заради тоа што се паѓаше во летниот период, па педијатарот не посоветува да почекаме до септември, зашто вакцината била појака. Во септември пред да го носиме на вакцина настина, сега во октомври пак, па педијатарот пак не посоветува да почекаме до март. Ако им текне и нас да не казнат сега... :uzi:
 
Имам внуче кое е родено во Америка и таму ги има примено првите вакцини. После неколку месеци се вратија во Македонија и кога дојде на ред да прими вакцина пошо немаме исти вакцини со Америка, извадија дозвола со потпис и печат од педијатар, ја пуштија вакцината тука, требаше само да отиде и да му ја стават.
Но, тука никој од докторите не се нафаќа, пошто можело да прими детето и наша вакцина.
Тој таму докторот вика дека мора нивната вакцина, имало нешто со валентноста, не би знаела точно да кажам.
Стигна работава до министерство, со вакцината и документите во рака дека детето треба да ја прими вакцината што му е пратена, препишана и со дозвола од тамошниот лекар, овие викаат противзаконски е дете да прима вакцина од други држави ( а, тука ќе седат само 2 години)
Нормално уште не е вакцинирано и ќе се враќаат порано, ради шо овдека никој не се ни обиде да ја прочита дозволата или да го контактира докторот и да се консултираат со него.
 
Колку божем на владата гајле и е многу за тоа што децата не биле вакцинирани, да им беше гајле ќе донесеја закон да не смее невакцинирано дете да се запише во училиште на пример, ама уствари на нив не им е гајле за тоа. Нив сега гајле им е да си ја наполнат касата со пари, родителиве ќе си платат казна и никому ништо, ни лук јал ни лук миришал.
Ова за училиштето и не ми држи некоја логика.... што е криво детето што не го вакцинирале...
 
Нив ги боли ташакот за нас. Дали сме биле вакцинирани или не.
Да им беше битно здравјето на граѓаните немаше на рефус да увезуваат вакцини од Централна Африка, него ќе увезеа некои што се ОК. Да се Ок споменатите вакцини, кои пред некое време ги увезоа нема сите фаци своите деца да ги вакцинираат у Грчка. Да им беше битно здравјето наше, немаше да има милион случаи како Тамара и ред друго.
Овие прекршочни за вакциниве, се во склоп на засилените активности на бандата за прибирање пари (деновиве се актиравни и други арамиски структури: извршители, пајаци, сообраќајна...).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom