Уффф....Не знам од кај да почнам, многу беше јако
Прво немав појма дека ќе се пораѓам, пошто болки ме фатија две недели пред термин и поарно зш ќе бев поише успаничена.Два дена пред пораѓај бев на второ ЦТГ и ми кажа докторката дека у следни две недели нема шанси да се породам пошо немав ни болки ни контракции. Па си се развреднив по дома. Да исперам и испеглам за бебуш се. Си се изнашетав по неколку километри пошто така ми кажаа.Дента пред пораѓај дури и бев да ја видам новата фонтана на плоштад
Си се спремав другиот ден да се фарбам и депилирам. Арно ама вечерта околу 1 саат осетив ко менструални болки и си викам рано е. Кога не можам да додржам за во ВЦ по мала нужда. Си завршив работа и се вратив да спијам.Арно ама болките си продужија. Се мислев дали да кажам на маж ми или не. Да го будам или халуцинирам. Видов не видов хо разбудив и ми вика да идеме на лекар. Се мислев и си викам ај ама да се истуширам прво. Се враќам у соба он спремен. Тргнавме кон болница кај 2 саат сабајле и не сопре полиција к8 на филм. Бараа документи а од возбуда муж ми само сообраќајна им даде.
Стигнавме и ме ставија на ЦТГ. Пошто прворотка појма немав за ништо. Дојде докторот виде резултати од ЦТГ и ми вика мора да останеш. Уредни контракции и 1цм отворена. Ја се надевав вечерта дека ќе останам и сабајлето ќе ме пуштат. Докторот ми вика пошто прворотка за 12-13 саати ќе се породиш
И јас цела у прашалници си викам дојде денот ја не издепилирана и исфарбан. Сестрата ми вика спиј сега ќе ти треба сила за пораѓај. Не бев свесна дека стварно ќе се пораѓам. Му пораачав на муж ми шампон да ми донесе да се средам пред пораѓај. Аха секако. Болките стануваа се појаки, не се осмелив да се туширам. Кај 12 саат на пладне бев 3 цм отворена а во 14:30 почна шоуто.Си шетав низ соба за да се спуштело побрзо бебето а јас мислам ќевја откорнев страницата од креветот. Кај 15:30 h со 6 прсти отворена ми ставија епидурална - ЕДБАЈ. На 3 пати ме боцкаа и ако не фатеше од 3та ќе си останев без анестезија. Со епидурална ги осеќав болките, како напон за голема нужда ама се трпеше. ЦТГ то збесна. Цело време до 100 одеше. Пукна и водењакот и во 17h ме спремија за во сала. На одење му реков на муж ми ај да видиме шо сме напраиле
Само што ме ставија на бокс ми намалија епидурална анестезија и ги осеќав болките доста. Во сала имаше нова акушерка на која и даваа шеќер и вода пошо ќе им се онесвестеше. Ја си викам којзнае шо се случува чим оваа се препотува. Си окапав на бокс 2 саата пошо немав веќе сила за буткање. Како се спушта бебето подоле така е се потешко за туркање. Боли мислиш коски ти кршат.На стомак ми се качи докторката, акушерката па викаа уште еден доктор за да помогне. На крај во 19:10h излезе едно белко душиче и кога ми го дадоа да го видам заборавив на се. Тежок пораѓај имав, не бев многу задоволна од тимот кој ме пораѓаше, посебно од педијатарот. Ама тоа е. Здравје со следна бременост пак би одела природно, веќе знам што ме чека но со друг тим и пак приватно. Не дај боже тоа што се случи во приватна болница да се случеше во државна. Или јас или детето ќе не немаше. Боли многу, ама се заборава со првиот плач и поглед на бебето. Колку и да се плашите, колку и да боли.....при самиот пораѓај добивате неверојатна сила и стравот исчезнува. Се надевам ќе ги осетам тие болки барем уште два пати. Што повеќе дечиња толку поголемо богатство. Животот ви се менува со првиот плач на бебето. Повеќе не сте вие центарот на внимание