Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Не ти требаат на македонски, привикни се на англиски. Цела литература(книги) е на англиски во другите години што според мене е подобро. Единствен проблем што може да ти направат за време на колок / испити е во лошото и конфузно преведување на поимите, во кои некогаш и тие самите незнаат дали да го преведат или да го остават стандардниот поим.
 
Доколку не ги слушам предавањата кај Ласко по Професионални вештини каква оценка би можел да имам ако на време ја предадам проектната/семинарската?
 
Доколку не ги слушам предавањата кај Ласко по Професионални вештини каква оценка би можел да имам ако на време ја предадам проектната/семинарската?

Јас кога слушав кај Ласко, ако не се лажам 20 поена даваше за присуство и активност и по 40 поена за секој од проектите.

Што значи 80 поена максимум или 8ца. Ако ти пушти еден поен ќе имаш 9ка.

Но зависи колку добро ќе ти бидат изработени проектите. Можда ни за 6ка ќе нема :D
 
За калкулус 1 од каде може да се најдат задачи за решавање освен тие од книгата што се после секоја лекција? И дали може да се најдат примери за тоа какви видови на задачи паѓаат на колоквиум ?
 
Но зависи колку добро ќе ти бидат изработени проектите. Можда ни за 6ка ќе нема :D
Сакаш да кажеш дека постои студент што го презапишал професионални вештини?
 
Сакаш да кажеш дека постои студент што го презапишал професионални вештини?

Дa не менувaa фaкултет, ќе имaше и тaкви :D

Претпoстaвувaм декa предaден прoект не знaчи и пoлoжен предмет. Гледaм вo резултaтите oд нaшa генерaцијa имaлo и некoлку штo немaле 50% oд двaтa прoекти.
Не верувaм декa ќе им дaдaт oценa aкo скрoз јa прoмaшиле темaтa. Мoжеби зa следни сесии прaвеле кoрекции.
Не знaм. Фaлa бoгу не сум дoшoл дo тaму :D
 
Дали знаете дали лабораториските вежби за прва година (по структурно) почнуваат од оваа недела и дали треба да одиме на терминот за кој гласавме на анкетата за избор на група и термин на courses или ќе не известат точно кога да одиме ?
 
Последно уредено:

Откако забранија демонстратори поради новиот закон, нема логика асистент да држи лабораториски вежби како што тоа го правеа демонстраторите, посебно при такви предмети (пример Структурно) каде што е огромен бројот на студенти. Така да, сигурно ќе ги решавате од дома а идењето на лабораториските е од консултативна природа, додека пак изборот на група / термин е за да не се случи да дојдете сите на еден термин. (Сепак, можеш кога сакаш да си дојдеш, евиденција нема кој во која група е :D)
Провери си на e-lab.finki.ukim.mk > структурно програмирање > lab.
Доколку ти се понудени задачи и овозможен пристап значи дека почнувате од оваа недела.
 
Имал некој професионални вештини кај Стојкоска Билјана, задолжително е да се иде?
 
Zosto koga odam na code.finki.ukim.mk pisuva user is missing sto da pram? I kaj se tie lab strukturno zadaci ?
 
Доколку не ги слушам предавањата кај Ласко по Професионални вештини каква оценка би можел да имам ако на време ја предадам проектната/семинарската?

Лани баш кај него бев професионални вештини, не бев на ниедно предавање и имав 8ца, за првиот проект сите бодови ги имав за вториот нешто помалце. Мислам дека можеш и 9ка без присуство, за 10ка мислам требаше да имаш по некое присуство и плус да предаваш за вториот проект нешто така беше, само ја не се замарав ич па затоа и не знам точно како иде:)
 
Вчера не бев во Скопје и ги испуштив лабораториските вежби во терминот што ми беше. Задачите ги решив дома. Прават некој проблем ако испуштиш лабораториски вежби?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom