Добра тактика, сите сме по малце виновни, и затоа никој не треба да одговара. Пропратена со квази сериозен и трезвен разговор за лошата и гадната страна за нарушувањето на приватноста.
Кој што и како зборувал, или правел, или го снимале, воопшто не ме интересира. Секој тука е прислушкуван и следен на еден или друг начин (официјално или неофицијално), заради самиот менталитет.
Мене лично ме интересираат личните квалитети на водачите. Лажење, измами, уцени, земање незаработени пари, понижување на обичните луѓе, психолошки тортури, закани, тепања, рекет се само мал дел од карактеристиките кои се провлекуваат последнава деценија на сите главатари. Карактеристики кои испливаа на површина. И сега кога дојде време да се средат сметките, криење како пички. Тоа е тој златен стандард во нашето општество.
А тоа кажува многу за нив, а богами и за нас, како набљудувачи на оваа Божествена комедија.