Рецензија - 'Kingdoms of Amalur: Reckoning' (Single player Action-RPG)

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
MMORPG's, или онлајн игрите со огромна популација на играчи како WoW и Tera се добра забава особено кога се играат во друштво кое игра за исти цели, но неретко се случува поради дизајнот на наградниот систем, фактот дека времето на играње е ограничено и во случаи се плаќа, и нефлексибилноста на серверите да играчот мора да игра во точно одредено време.
Доколку некој сака да го истражува масивниот свет на таква игра мора да жртвува посјајни ајтемчиња во име на имерзија и вице верса. Во име на гејмплејот во таквите игри исто така се жртвува и приказната, што понатака одзема од имерзијата. За како chat-от може да има сличен ефект не мора ни да се прави муабет.

Затоа кога човек сака да биде сосем внесен во некоја фантастична приказна му преостанува да пронајде некој single player RPG наслов. Иако има понови наслови од оваа бранша како Shadow of Mordor и одличниот последен наслов на Witcher (кога пишав 'последен' = :place:), одлучив да пишам за некоја помалку позната игра од овој тартип, затоа што ако има такви што се занесуваат по Action RPG тогаш тешко дека не слушнале за гореспоменатите. Денес тој наслов е 'Kingdoms of Amalur'.
Kingdoms_of_Amalur_Reckoning_cover.png
Приказна и свет

Како во Skyrim се одбира раса од 4-рите понудени: Човечките Almain и Varani или елфските Dokkalfar и Ljosalfar чии изгледи не се разликуваат настрана од некои ситни карактеристики на лицето и бојата на кожата, туку разликата главно се наоѓа во гејмплеј елементот (некои раси се подобри трговци итн). Нема којзнае какви опции за уредување ниту е измислена топла вода во тој поглед, има стандардни избори на фриз, тетоважи, обетки и пирсинг, по некој слајдер за боја на кожа, очи и коса, и тоа е тоа. Една поретка опција е изборот на бог, на пример бог на смртта, бог на редот, што дава некој мал иницијален бонус на некоја особина, ама и тоа е веч-видено. По мој вкус е што има cinematics во опсегот на главната приказна (читај main quest-от), и некои останати големи настани (обично накрај на долг и интересен quest-chain, при соочување со опасно босиште...), ама се во ограничена доза, нема да досадат. Главната приказна на почетокот не изгледа на нешто особено, но како се напредува добива на моментум, особено штом ќе се залетате и по странични квестови и дестинации и добро измислениот lore ќе ве навлече подлабоко во светот. Кога сме кај светот, играта е естетски пријатна. Нема најсовршена графика ниту за годината кога е искочена ама тука станува збор за добро обмислен стил на текстури и добро користење на боја. Флората и фауната не се истекстурирани до најмал детал, туку нивниот целокупен изглед е во хармонија со светот, ништо не изгледа помалку обработено и се е како дел од сложувалката. Селата имаат свој карактер и оближна идила, со убав склоп на потребните гејмплеј елементи (разноразни продавачи, лекари, innkeepers, blacksmiths etc etc). Стигнување во некој од главните градови на играта е секогаш пратено со cinematic, и секогаш е посебен настан, иако за разлика од Witcher покрај неколкуте квестови што можат да се земат други побезначајни активности недостасуваат. Мапата е прилично голема, оригиналната верзија од играта има 5 пространи региони поделени на помали територии. Во секоја територија има dungeons (најчесто пештери, ама можат да бидат и замоци, затвори) и доколку го следите секој страничен квест, кога-тогаш ќе ги посетите сите. Најпривлечниот дел од приказната е тоа што вашиот лик преставува крај на 'судбината на светот' - во светот на Амалур секое интелигентно суштество има своја судбина која е запечатена, бесмртните раси ја знаат својата и постојано живеат во маѓичен круг на реинкарнација и повторно живеење на истата улога која тие веќе ја прават ритуално. Смртните раси (луѓето, елфите, гномовите) се свесни за постоењето на судбината благодарејќи на Fateweavers (мање-више бабите Ванѓи во овој свет), ама дури и тие ретко можат да им помогнат да ја видат во целост, а се немоќни колку и самите бесмртници да ја променат. Enter вашиот карактер. Иако вие го креирате вашиот карактер веќе имате одредено минато - минатиот живот. Како смртник го губите животот во главниот конфликт од приказната - дел од бесмртниците познати како Winter Fae, под водство на нивниот крал-тиранин одлучуваат да ја земат својата судбина во сопствени раце со помош на змејот-титан Tirnoch кој може да им ја пружи таа моќ во замена за неговата слобода во светот. Ја започнуваат војната со смртниците кои можат само да го успорат нивниот напредок (откога Fae војник го губи животот повторно оживува за некое време). Истовремено еден научник-гном прави експеримент и првиот и единствен успех сте вие - на тој начин се враќате во живот. Бидејќи сте смртник а сте се вратиле од смртта вашиот живот повеќе не е врзан за конците од судбината, и тоа ви дава огромни моќи. Од тука па натаму сами си го кроите вашиот пат, како и на секој друг кој што ќе се најде на него...

Faeland-map.jpg
(Недостасуваат двата региона од експанзиите)

Гејмплеј

Играта вистински сјае во поглед на гејмплејот. Има 66 таленти поделени по 22 во 3 засебни дрва: might, finesse и sorcery, кои се врзани со класите fighter, rogue и mage. Иако звучи како и секоја друга RPG игра сличностите завршуваат тука. Во секое време можете да ја смените вашата класа со тоа што ќе посетите fateweaver кој ќе ви помогне да ја препишете историјата (или наједноставно - да си ги смените талентите од едни во други, по желба). Исто така можете да ги ставате талентите во секое од трите дрва истовремено и да створите микс од класите, например might+sorcery и да станете battlemage (cool, huh? :roker:) или микс од сите три кој евентуално ве прави universalist. Всушност повеќе го обмислувате сопствениот гејмплеј отколку што е можно да го нашминкате карактерот, што е прилично уникатно. Можете да бидете и комплетно посветени на една класа, например доколку сите таленти ги ставате во might ќе добивате destiny cards како трајни бафови и од првичната fighter еден ден кога ќе наштакате доволно таленти ќе станете семоќен Warlord. Има стандарни барови за HP и MP, а уште една уникатност е присуството на fate meter, кој се полни со секој поразен противник и кога ќе се наполни при пуштањето ви дава дуплирана моќ на магиите и ударите додека да се истроши, а од поразените суштества со овој метод бирате едно на кое ќе му направите sweet ass fatality. Идејата позади ова е дека тоа е магијата која ја контролира судбината на светот а вие имате достапност до неа поради тоа што сте ја смениле судбината на поразените противници. Pretty damn cool. Е сега што е игра од овој калибар без добар loot ? За среќа тоа што го нема во иницијалниот изглед на карактерот и те како се надоместува со огромниот избор на сетови за секоја класа и засебни оружја со огромна моќ. На врв на тоа секое вакво уникатно парче може да ве изненади во секој ковчег и дури и од најмалиот непријател, па секогаш вреди да се бори и пребарува до крај. Се гледа дека посветиле огромно внимание на нивниот изглед, а црешата на тортата е текстот со лор со по некој ситен факт за оружјето и оклопот. Видовите на оружја се во доволен број, има стандарни Warhammers, Greatswords, Longswords, Maces, Bows, Staffs, Scepters, Daggers, и уникатните Fae-Blades. Штитови поседува секоја класа, но убаво е што за might карактерите се големи штитови со брутален изглед, а sorcery пак имаат штитови во облик на магични зборови, далеку од традиционален штит но со истата улога. Гејмплејот е опишан како спој на God of War и Oblivion. Квестовите не надминуваат 200 (околу 250 со двете експанзии), но ќе ви потраат прилично долго. Во играта главно што мене ми недостасуваше е mount ама во играњето не е потребен, има fast travel до секој веќе посетен објект (слично како во Skyrim).

Доколку ви се допадне играњето обавезни се и двете експанзии - Legend of Dead Kel и Teeth of Naros. Особено првата, последен лошко е undead пират кој исто успеал да се оттргне од судбината. Need I say more. :icon_mrgr:

Happy gaming!
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.257
Супер рецензија :bravobe:
Играва две години ми седи во хард диск и ја немам ни пробано.Ќе и дадам шанса(y)
 
Член од
25 јули 2015
Мислења
243
Поени од реакции
95
Добра игра, ја имам превртено 2 пати, штета што компанијата отиде банкрот , btw стана во 7 сабајле да го напишеш воа?
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Супер рецензија :bravobe:
Играва две години ми седи во хард диск и ја немам ни пробано.Ќе и дадам шанса(y)
Нема да погрешиш (y)

Добра игра, ја имам превртено 2 пати, штета што компанијата отиде банкрот , btw стана во 7 сабајле да го напишеш воа?[/quot
Знам, и стварно е штета. Тешки се парите во иновација кога човек сака да оди на сигурно макар и по шести пат истата Call of Duty да ја игра. :toe:
Ритуал за во недела - опуштено по една рецензија за убави игри што се помалку познати :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom