1. Имаш 1 год 3 месеци признато работно искуствно, 9 месеци да почекаш не е проблем, таман толку ќе ти фати да прошеташ малку низ европа, да си решиш што правиш со партнерката, и да ја проучиш австралија, ПОЧЕКАЈ. Клима е ненормално битен фактор, ако си тип што сака потопло ладново може да делува негативно на твоето расположение, еве јас го мразам мелбурн баш ради тоа (хинт, не иди за мелбурн).Јас ја пополнив апликацијата и ми врати уште пред неколку дена дека имам одлични шанси за Канада, таму е доста барана мојата струка. Ги разгледав и отворените огласи и тие се платите што ги пишав погоре (има и уште поголеми, нешто слично на тоа што работам и сега, али не верувам дека емигранти ќе вработат на таква позиција). Тој нуди неколку опции, најефтина е само да ми среди документи за визата, а работата, полагањето за јазикот да си ги средам самиот, а исто нуди и барање на работа од негова страна и ми препорачува негова фирма за обука околу тестирањата за Англиски (trial 10 часа, а останатите имаше ценовник).
За Австралија немав сеуште аплицирано, а гледам дека пишувате 2 години минимум работно искуство (е тука ме мачи што имам работено толку време, но на предходните работни места не бев пријаве, се водев како надворешен соработник со договор за деловно техничка соработка), на хартија имам година и 3 месеци.
Канада не ја сакам премногу бидејќи е поладна, не сум многу по ладните краеви, али ако е подобро од тука, во секој случај си останува во листата
.
Австралија ќе ја размислам и ќе разгледам повеќе деновиве.
Ме интересира дали има опција за дополнителна работа на црно, во почеток додека да се застане на “постабилно тло“, да се тргне некој денар за постојано место на живеење и таму (дали кредит за стан или куќа или нешто такво), што во секој случај претпоставувам дека и таму е „луксуз“ и мора некаква стабилност.
Ви благодарам за исцрпните одговори и на двајцата, ценам мислење и помош од луѓе кои имаат искуство за одредена работа.[DOUBLEPOST=1443630987][/DOUBLEPOST]П.С Дали по некое време откако ќе аплицирам е ОК да внесам во апликацијата и партнер или? (не сум женет, а струката од девојката не е баш барана ниту таму, па покрај мене да се прошверца и таа), а реално за женачка/мажачка не сме седнале да разговараме сеуште![]()
2. Она што го пишуваш за агентот, звучи на превара. @lion888 е многу поупатен во тоа ама бар мене ми звучи некако глупо да ти нуди и барање работа кога тука имаш милјарда агенции што тоа го прават безплатно (бар за тебе) зашто му наплаќаат на работодавецот или зимаат пари од државата.
3. Не те сфаќам за работа на црно, значи ако идеш и имаш струка бркај иселеничка виза. Со неа имаш право да работиш колку и што сакаш. Да можеш да работиш на црно, има работа ама зошто?
4. Кредити тука не се никаков луксуз него НОРМАЛНА работа. Значи за почеток првите 2 год дур да добиеш пермаментен резиденциски статус тешко би дошол до било каков кредит освен ако немаш релативно голем депозит. (има некој начини, ако дојдеш и ти треба барај ме овде, сега да не објаснувам премногу) Подоцна за станбен кредит не е проблем, ако имаш работа и минимум 5% депозит за куќа/стан кредит добиваш прилично лесно.
5. Подобро е да ја ставиш девојката на апликацијата од почотек. Подоцна може да биде проблем. Полесно и побрзо ќе добиете виза ако е трудна, австралија сака детето да е родено овде.