Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Rusija izlez na Sredozemno more i Atlanski okean ima samo od bazite vo Ukraina( sega ruska teritorija Krim) i Sirija...........

Drugo nešto treba da se kaži što ima sluči na niv?????
Калининград им овозможува пристап до Атлантски Океан.
 
Како стојат работиве, Русија наскоро ќе ги прошири воените дејства и во Ирак, што ќе биде еден огромен удар за американската политика на Блискиот Исток. И тоа по барање на ирачката Влада - како што најави Претседателот на ирачкиот парламентарен Совет за одбрана.

НАТО, како по обичај, конфузен, дезориентиран, едноставно патетичен во изјавите. Спремни биле да ги бранат своите сојузници:) И во Украина беа. И во Грузија:)

Ако, нека лаат дур Русите го чистат теренот и митот за ИСИЛ. Како беа оние изјави - ќе биле потребни околу 20 години за да се победи ИСИЛ од страна на Западот. Путин им ги замрси сметките за наредните 20 години на Блискиот Исток:)
 
Ве читам неколку страни поназад, дискутирате за „конфликтот“ Русија против Турција?

Неколку факти: Ердоган пред скоро време беше гостин во Москва, на отварањето на олимписките игри во Сочи беше почесен гостин, и Турција е дел од големиот проект за гасоводот Турски Тек...
На надворешен план, западот одамна сака Ердоган да го нема чело на Турција. На внатрешен план Ердоган се справува со проблеми од опозицијата (а имаше и обид за обоена револуција)... Нели ви текнува дека во вакви ситуации најдобро делува оттргнување на вниманието на јавноста кон други важни проблеми за државата??

И замислете ете, Русија на Ердоган му дава совршено такво оттргнување на вниманието на јавноста - руски упад во турскиот воздушен простор, во време на војни и тензии во регионо.
И така наеднаш Ердоган не е топ тема на јавноста.

Да не е некој за Wag the Dog можеби? ;)[DOUBLEPOST=1444313993][/DOUBLEPOST]
Америка си е Америка,жалосно е што ние секогаш сме ја подржувале погрешната страна.Русија сега,исто како Сталинова подржува диктатори низ целиот свет,како контратежа на градењето на демократскиот систем на западниот блок.Доколку дојде повторно до заладување и заострување на овие две спротивставени страни,како по втората светска војна,највеќе ме плаши одот на Македонија,дали ќе остане да гради демократија.Или ќе стане сателитска држава на диктаторска Русија,со свој лидер автократ.

Извини бе дечки, ама не кажа од која планета доаѓаш?

Овде на оваа планета, кога ќе отвориш речник или енциклопедија да побараш објаснување за „поддржување на диктатори“, САД се првата работа што ќе ја здогледаш.
Работава излегува, му кажала страчката на гавранот дека бил многу црн... :cautious:


Риалити чек:
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_authoritarian_regimes_supported_by_the_United_States
http://www.deathandtaxesmag.com/205411/10-vicious-dictators-supported-by-the-u-s-government/
http://www.alternet.org/world/35-countries-where-us-has-supported-fascists-druglords-and-terrorists

Или па на др’ж, удави се во когнитивна дисонанца:
https://www.google.com/?gws_rd=ssl#safe=off&q=dictators supported by america
 
Последно уредено:
Ве читам неколку страни поназад, дискутирате за „конфликтот“ Русија против Турција?

Неколку факти: Ердоган пред скоро време беше гостин во Москва, на отварањето на олимписките игри во Сочи беше почесен гостин, и Турција е дел од големиот проект за гасоводот Турски Тек...
На надворешен план, западот одамна сака Ердоган да го нема чело на Турција. На внатрешен план Ердоган се справува со проблеми од опозицијата (а имаше и обид за обоена револуција)... Нели ви текнува дека во вакви ситуации најдобро делува оттргнување на вниманието на јавноста кон други важни проблеми за државата??

И замислете ете, Русија на Ердоган му дава совршено такво оттргнување на вниманието на јавноста - руски упад во турскиот воздушен простор, во време на војни и тензии во регионо.
И така наеднаш Ердоган не е топ тема на јавноста.

Да не е некој за Wag the Dog можеби? ;)[DOUBLEPOST=1444313993][/DOUBLEPOST]

Извини бе дечки, ама не кажа од која планета доаѓаш?

Овде на оваа планета, кога ќе отвориш речник или енциклопедија да побараш објаснување за „поддржување на диктатори“, САД се првата работа што ќе ја здогледаш.
Работава излегува, му кажала страчката на гавранот дека бил многу црн... :cautious:


Риалити чек:
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_authoritarian_regimes_supported_by_the_United_States
http://www.deathandtaxesmag.com/205411/10-vicious-dictators-supported-by-the-u-s-government/
http://www.alternet.org/world/35-countries-where-us-has-supported-fascists-druglords-and-terrorists

Или па на др’ж, удави се во когнитивна дисонанца:
https://www.google.com/?gws_rd=ssl#safe=off&q=dictators supported by america

Морам да признам дека од цел текст нај јак дел ти е 'когнитивна дисонанца'. Другите странски зборови не ти одат баш најдобро, но овој феноменално го користиш.
Продолжи така.

Инаку како сиде ноте, Гаспром изјавија дека проектот Турски тек се одлага за минимум 1 година, заради моменталното непријателство помеѓу Турција и Русија.
 
CQzOl36WIAAzD3d.jpg:large
[DOUBLEPOST=1444322608][/DOUBLEPOST]Руски советници 00:22


 
Последно уредено:
И денес се тера по старо ;) Бидејќи дечките имаат објавено видеа и информации, денес ќе бидам краток.
12141690_1668715216704561_606990432326325041_n_zpsnjgqlsis.jpg

12109978_534950449991982_1645502022095208037_o_zpsqhonei0g.jpg

Информации за оние што пропуштија вчера.

Поздрав момци, нови фотографии и ново инфо од фронтот
Американските весници постојано го поставуваат прашањето каква улога има SU-30 во Сирија и за кого бил наменет, нека поразмислат уште малку, и денес леташе фул ;)
Su-30_zpsa4gs5k1e.jpg

Активна беше и руската морнарица, поточно 4 руски брода испалиле, 26 ракети.
561521cfc46188d5238b4587%201_zpsxfaqxn5k.jpg

561507c2c36188ef3a8b4573_zpsbjy5amil.jpg

5615188ac46188d3238b456e_zpsdpvmku0i.jpg

Се разбудија хеликоптерите, добро познатите Mi-24/35 и Mi-8/17/171 повеќе информации за нив може да најдете тука доколку разлистате.
Активноста на хеликоптерите се должи поради највата за вклучување на Спецназ, но од новите информации тие веќе биле стационирани во кампот уште од почетокот на мисијата што значи ќе нема потреба да бидат испратени и да се губи време на транспорт туку ќе може да започнат со мисијата чистење во секој момент, а хеликоптерите ќе им бидат подршка, да не ги заборавиме и SU-25 кои се за тоа родени;)



Амерканците имаат уште една главоболка, а тоа е Krasukha EW System поточно Krasukha-4 сместен кај авионската база. Krasukha-4 наменет за радио-електронска борба што значи не пука, но противничките летала ги прави слепи и глуви, ги открива и ги прати, им прави манипулации на системите нема многу податоци но се претпоставува дека може да дејствува на радиус поголем од 300km.
Исто така може и приоритетните објекти да ги крие од радарите како и да ги уништува непријателските врски и радарски системи.
fdbwweudsbk-640x498_zpsrqd9vnmw.jpg
 

Снакбар, снакбар... кабумммм.... снакбар аген :)

Клипов е постар и е од Либија не од Сирија, овие Србиве значи се живо и диво објавуваат со “интересни“ наслови заради посети. Прво со сликите на наводните терористи кои сега се во Германија а испадна дека ја бранеле државата и биле членови на регуларната војска после со наводните уништени цистерни за нафта на ИСИС кои оделе во Турција па сега и ова..
 
Тековните копнени настапувачки дејства на сириската војска.
 
Последно уредено:
Руски инструктор се слуша на крај на смиката

 
Мое мислење е дека Русија влезе во оваа војна за да го осигура својот дел. Границите на Блискиот исток ќе се менуваат. Тоа ќе биде болен процес што ќе трае со години, но сега започнува.

Путин само сака нова држава во која алавитите, шиитите и христијаните ќе имаат мнозинство и по можност што поголема територија од моменталната што ја има Сирија, да ја има под споствено влијание.

Сунитите ќе ги напикаат најверојатно во нова држава Левант или како и да се вика, со територии од Сирија и Ирак.
Зошто една држава под Руско влијание? Покрај оваа држава што ја протежираш, тука е и Курдистан, а и веќе постоечкиот Либан во кој православните и шиитите чинат мнозинство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom