Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
На сајтот на adobe, таму има и цени. Можеш да го купиш само CS6, новиот се изнајмува месечно или годишно.
Бев на сајтот, нели цената е 10 долари месечно но кога пробав да платам ми пишува дека не е можна претплата за Македонија.Пробав да сменам држава но повторно ми пишува дека пристапувам од Македонија.Може ли некако да се излаже системот ?

Од друга страна CS6 е некаде 500-600 долари и не ми се дава толку пари за стар софтвер
 
Контактирај ги, нема потреба да го лажеш системот. Пробај и кај овие да видиш што ќе ти кажат.
 
Да продаваат, лиценци за фирми, 500 долари по човек годишно!

Јас работам за Adobe сега зборвав со еден од вработените на продажба, и ми кажа дека за Македонија е можно само преку re seller. Пошто нема интерес и мал пазар сме не продават други планови.
http://adobedealreg.force.com/PartnerSearch?lang=en

Друга опција ти е да провериш ако имаш некој странство роднина пријател да ти купи и ти да му пуштиш пари.
 
Attachments

Друга опција ти е да провериш ако имаш некој странство роднина пријател да ти купи и ти да му пуштиш пари.
Да, само таа опција остана.Фала друже за информација
 
Дечки,сакам совет а и помош.. Имам сертификат за учество на конгрес и награда второ место...но за жал го изгубив. Колегата што работеше со мене, го има истиот но со негово име. Прашањето ми е,дали можам да го скенирам и некој од вас (или да ми даде совет каде) да го преработи со мое име и презиме? Знам дека би се познавало (особено за професионалци како вас), но за лаици како мене би било премија :D навистина ми е битен :( а ми треба како доказ... Фала многу за помошта
 
Може да се преправи ама проблемот по мое мислење е што претпоставувам дека има некој печат заштита или да не е истото на некоја посебна хартија испечатено дали би можела само со принтање да се добие исто како и оргиналот.
 
Дечки,сакам совет а и помош.. Имам сертификат за учество на конгрес и награда второ место...но за жал го изгубив. Колегата што работеше со мене, го има истиот но со негово име. Прашањето ми е,дали можам да го скенирам и некој од вас (или да ми даде совет каде) да го преработи со мое име и презиме? Знам дека би се познавало (особено за професионалци како вас), но за лаици како мене би било премија :D навистина ми е битен :( а ми треба како доказ... Фала многу за помошта
ако го користиш како за фотокопија може да се направи, најмал проблем. Ако има жигови и остали тракатанци нема да биде веродостоен сертификатот. Ако сакаш прати ми на мејл ке ти кажам што можеме да направиме.
 
@sumar4e , @Vespertine , сертификатот е испечатен на рапава хартија, знам дека тоа ми отежнува, има потписи и печати нормално, но друга опција немам...да ми беше од понов датум ќе побарав од организацијата да ми дадат нов, но веќе се поминати неколку години и го немале примерокот повеќе. Истиот ќе ми треба само по потреба, на пример напишано е во цв, иако е потребен доказ можам и како фотокопија да го приложам или како оргинал. Ќе ви пишам пп,за да ми пообјасните :)
 
се може да се прераобти, прати ни го скенирано да го видиме :)
 
Ми треба помош за едитирање на неколку документи од казиното каде што работам, не е ништо посебно за тие што работат на фотошоп. Треба само да се смени текст и да се направи промена на неколку табели. Ако може некој да ми помогне нека каже ќе му пратам примери по ПП и ќе му кажам што треба.
 
некој што сака да ми помогне со фотошоп, ми треба една работа што мислам дека некој што добро го владее фотошопот може лесно да ја заврши, секако ако успееме успешно да ја завршиме работата ќе има приход за двајцата
 
Доколку сеуште си заинтересиран за соработка - достави повеќе информации преку приватна порака.
 
Каде може да најдам добри рендер слики од познати пеачи, пеачки, бендови ( рендер слики без позадина транспарентни) ? Барам затоа што сакам да правам фолдер икони во Photoshop

Гледам има на deviantart но многу ретко се наоѓаат такви ствари све е нешто безвезе.

Ако знае некој нека пише.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom