Возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување
sto smeam da vozam so b kategorija osven auto moze nekoj da mi kaze

Велосипед, Велосипед со мотор, Веспа до 50cm3. Кога ќе вадиш возачка треба и посебно за нив да уплатиш па ќе ти ги впишат на самата возачка
 
Велосипед, Велосипед со мотор, Веспа до 50cm3. Кога ќе вадиш возачка треба и посебно за нив да уплатиш па ќе ти ги впишат на самата возачка
e Епа не ми ги пишува не уплатив и шо сеа несмеам да возам 50 кубика веспа :D
 
  • На која возраст најрано може да се полага за “Б” категорија?
    • На 18 годишна возраст, додека со практично оспособување може да се започне ако кандидатот наполнил 17 год. и 6 месеци
  • Колку години сум Возач-Почетник?
    • Возач – Почетник сте две години од денот на положувањето т.е. доколку сте положиле на 18 год, возач почетник сте до 21та год.
  • Дали може да се започне со обука без лекарско уверение?
    • Не, затоа што лекарското уверение е документ кој потврдува дека кандидатот е здравствено и психофизички способен за управување со моторно возило.
  • Кои документи се потребни за упис во авто школата?
    • Лекарско уверение, лична карта или пасош и потврда за завршено најмалку основно образование.
  • Дали е задолжителна теоретската подготовка?
    • Да, теоретската настава е задолжителна.
  • Колку часа трае обуката за “Б” категорија?
    • Обуката за “Б” категорија трае 18 дена т.е. 36 мото/часа.
  • Колку часа се предвидени за теоретска подготовка?
    • За секоја категорија се предвидени различен број на часеви:
      • А - категорија............................................12 наставни часа
      • Б - категорија............................................20 наставни часа
      • Ц - категорија............................................10 наставни часа
      • Д - категорија............................................10 наставни часа
  • Дали може да се полага на 17 години, а возачката да се земе на 18 години?
    • Не. На 17 години и 6 месеци може да се започне со обука, а се полага на 18 години.
  • Дали е дозволено да се возат повеќе од 2 часа дневно?
    • Не. Дневно е дозволено изведување само на 2 мото часа од практичната обука.
  • Дали на барање на кандидатот може да се добие стручна подготовка пред полагање на тестовите и ако да колку чини истата?
    • Стручна подготовка се добива и без барање на кандидатот и истата е бесплатна.
  • Дали лекарското уверение има ограничена важност и колкава е таа ?
    • Лекарското уверение има ограничена важност од 18 месеци.
  • Колкав период треба да помине после положување на тестовите за да може да се пријави полагање на полигон?
    • Со закон не е предвиден таков период. Кандидатот доколку е подготвен може да си закаже испит на полигон и град веднаш после положувањето на тестовите.
  • Дали мора полагањата на полигон и град да бидат во ист ден?
    • Во пракса се полагаат и двата практични дела во ист ден, но на барање на кандидатот(поднесено до Испитниот центар) може да се овозможи и полагање во различни денови.
  • Колку време важат положени тестови?
    • Положените тестови важат една година од датумот на положување на истите. Доколку во рок од една година не се положат и практичните делови од возачкиот испит тестовите потребно е да се преполагаат.
  • Дали мора да се полага прва помош?
    • Да, полагањето прва помош е задолжително бидејќи без потврда за прва помош не може да се пријави возачкиот испит.
  • Кога се полага првата помош и каде?
    • Првата помош може да се полага најдоцна пред пријавување на тестовите. Наставата и испитот за истата се одржуваат во Црвениот Крст на општината во која живее кандидатот или во приватните ординации кои имаат добиено дозвола за спроведување на истата.
  • Смее ли жител на друг град да вози часови во Скопје?
    • Да, смее.
  • Може ли жител на друг град да полага во Скопје?
    • Да, доколку ги задоволува условите предвидени со закон, а тоа е да обезбеди потврда за привремен престој во непрекинато траење од 6 месеци. Потврдата ја издава МВР-Скопје.
[DOUBLEPOST=1444228131][/DOUBLEPOST]
e Епа не ми ги пишува не уплатив и шо сеа несмеам да возам 50 кубика веспа :D
Кога ќе положиш за Б имаш за М,Ф,Г.
 
Кои се условите за полагање на 16 години?
 
Кои се условите за полагање на 16 години?
Најубаво иди у автошкола и прашај,ама еден од условите е да си одличен сите години ми се чини,или таа година во која сакаш да полагаш,и ваљда уште важжи тоа,педагог/психолог од школото да каже дека си ОК дете,а исто и класниот раководител...тоа беа дел од условите,останатите друг нека ти ги каже или у автошкола јави се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom