Ок, чисто ги разглабаме ставовите.
Кој е економскиот потенцијал на една земја? Дали може евтината работна сила да биде економски потенцијал? Наспроти неограничени ресурси, висока воена технологија, што зборува за висок научен капацитет? Во кој момент економскиот потелнцијал на Кина е повисок на тој на Русија.
Не викам дека е небитна и не викам дека не е потребна, туку викам дека не е неопходна. Како што впрочем и ќе се докаже. Како што кажав интервенцијата во Ирак е неминовна и е веќе договорена.[DOUBLEPOST=1444028367][/DOUBLEPOST]
Полека, смири се.
Кина е пазар приближно голем колку цела Европа.
Процени ти самиот кој има потенцијал повеќе економски Кина или Русија.
Од макроеконмско гледиште, економскиот потенцијал на една земја се дефинира од
1.Бројност на население
2.Инфраструктура
3.Развиеност на научниот сектор кој допринесува до модернизација и економизација на производството.
Од овие три точки Русија има предност при третата, нема збор дека Русија од секогаш инвестирала во науката. Замерка им е само што не се фокусирани на применување воената наука во цивилниот сектор.
И тоа што не се агресивни во сферата на маркетингот.
Прв синоним за автоиндустријата на Русија е
Лада,Волга,Зил,
Камаз,
Уаз и тн.
Од овие брендови само три преживеа и еве некако почнуваат да се пробиваат на пазариве, но кај нас пример да им споменеш никој нема да ги знае.
Лада стартува цела нова серија на автомобили, во поглед на возниот век, овие можат комотно да се носат со западните автомобили, им фали само естетско шминкање и добра маркетинг агресија која му фали на цел економски производствен сектор на Русија.
Во поглед на инфарструктура, и двете држави засилено инвестираат во цела патна инфраструктура. Кина тука има мала предност поради тоа што имаат енормни парични ресурси.
За првата точка не треба да дебатираме. Кина сега засега, неможе да си ги задоволи своите сопствени потреби, поради тоа Кина е привлечна за инвестиции, а не поради тоа што поседува енормно ниска работна сила за која делумно се сложувам. Но во Кина посоти исто така средна класа која е во подем и која сите некако ја занемаруваат.