Конфликтот во Сирија

Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
rusija mora da go zgrabi i irak, oti vaka ke ostane nezavrsena rabotata
Ова е тактички направено.Доколку НАТО сакаа да спречат Русија да дејствува ,има илјадници механизми за тоа,но не го сторија тоа.Се спрема нешто на велико,и во Кавказието и во Кина.Фронтовите ќе се поместуваат,кризите ќе се прелеваат.Така работи американската логистика,за десет години ги средија Албанија,Србија и Македонија,само со една шака терористи.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Паметен и реален човек.

Трамп: Блискиот Исток ќе беше постабилен со Садам и Гадафи

Блискиот Исток денес ќе беше многу постабилен доколку поранешните лидери на Ирак и Либија, Садам Хусеин и Моамер Гадафи се уште беа на власт во своите земји, изјави американскиот бизнисмен Доналд Трамп, кој е еден од главните фаворити за републикански кандидат за претседател на САД на изборите во 2016 година.

- Ако ја погледнете Либија ќе видите што направивме таму. Таму е целосен хаос, Ако го погледнете Ирак на Садам Хусеин, ќе видите што направивме таму. И таму е целосен хаос - изјави Трамп за американската телевизија Ен-Би-Си, правејќи паралела на овие две држави со актуелните заложби на западните земји за смена од власта на сирискиот претседател Башар ел Асад.

Според Трамп, доколку Асад биде соборен од власта по интервенција на Западот и Сирија ќе западне во ист хаос како и Ирак и Либија.

Запрашен од водителот дали Блискиот Исток ќе беше постабилен ако Садам Хусеин и Моамер Гадафи се уште беа на власт, Трамп одговори: „Секако дека ќе беше“.

Претходно, Трамп изјави дека ја поддржува акцијата на Русија за воздушни напади врз цели на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и покрај тоа што Москва го поддржува режимот на Асад.

- На местото на Асад би можел да дојде некој друг, кој би бил многу полош од него - изјави Трамп.

Според анкетите на јавното мислење, Трамп е убедливо најпопуларен меѓу членовите и симпатизерите на Републиканската партија од сите претенденти на републиканците за номинацијата американски претседателски кандидат.

http://plusinfo.mk/vest/42353/tramp-bliskiot-istok-kje-beshe-postabilen-so-sadam-i-gadafi
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.552
Поени од реакции
12.455
Интересни се позициите на некои членови кои ги зафатија, откако почнаа да им ги пеплосуваат другарчињата кои им се на терен на блискиот исток.

Распад на Русија, економски колапс, диктаторска Русија и тн.



Постои веројатност да има уште некој false flag врз сириско население споведен од демократскиве земји се со цел да се демонизира Русија уште повеќе и да се зголеми притисокот да ја прекинат кампањата. Среќа што досега на секој прес на воениот штаб кој раководи со акцијата беше потенцирано дека се бомбардираат цели кои се надвор од цивилно населено сектор, патем и снимките нивни тоа го потврдуваат.


Очекувам да се опремат со антивоздушно оружје, "умерениве теророристи" за брзо време.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.882
Поени од реакции
41.097
Ова е тактички направено.Доколку НАТО сакаа да спречат Русија да дејствува ,има илјадници механизми за тоа,но не го сторија тоа.Се спрема нешто на велико,и во Кавказието и во Кина.Фронтовите ќе се поместуваат,кризите ќе се прелеваат.Така работи американската логистика,за десет години ги средија Албанија,Србија и Македонија,само со една шака терористи.
toa se samo tvoi fantazii, razbudi se od sonot i sooci se so realnosta deka tvoite drugarcinja od isis gi plesaat na veliko
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Еве Русија не се мешаше до пред 4 дена. Регионот Ердоан и компанија го однесоа во хаос. Тоа им е веќе јасно и на малите деца. Ердоган ги бомбардира заколнатите непријатели на ИД, додека за Камерон Асад е касап, а ИД се цвеќињата. Кое лицемерие.... Следни после Сирија и Ирак, легитимна цел е и Турција, со својот тероризам....
1- Ситуацијата во Сирија и Ирак може да се реши само преку воена интервенција на НАТО
2- Да ама Турција не е Сирија или Ирак или било која друга арапска земја, членка на НАТО е и дел од нуклеарната програма на алијансата е а иначе башка е тоа што е најмоќна муслиманска земја.
3- Напад против Турција или евентуално против Израел ќе резултира на трета светска војна и капитулација на цела Русија, и Путин си ги знае границите до каде може и до каде неможе.
4- Путин пред да извриши воздушни напади против ИД требеше да се консултира со Израел или со НАТО..
5- Јас мислам дека воздушните напади на Русија е за да се заштити Асад и за да се срамнат бунтовниците..
6- И Германија најави дека треба да се изврши воена операција во Сирија и Ирак, а тоа не им одговара на русите бидејќи Асад ќе се симне од власта и ќе дојде некоја про Западна влада. Исто како за време на бомбардирањата на НАТО во Ср-Југославија. Кога Милошевиќ мораше да си замине и да биде гонет од меѓународната заедница.. Исто и тогаш имаше руски војници во тогашна Југославија како сега во Сирија.. Ситуацијата со денешна Сирија е слична како за време на војната во Југославија и пред операциите на НАТО..
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Тоа што бидна, бидна. Многу тврдеа дека Русија нема да интервенира воено во Сирија но испадна спротивното. И што е најинтересното многу поинтензивно бомбардирање вршат од Американците. Дневно по дваесет летови вршат руските авиони.
Русите се додуша такви, они не се замараат со градење затвори и затворање на осомничени терористи, они само чистат. Како и да е, за поздравување е тоа што интервенираат и пак успеа Путин да го насамари Обама. Ако успеат сега Сиријците во коалиција со Иран, Ирак и Русија целосно да ги исчистат припадниците на ИД тогаш тоа ќе биде дебакл за Обама и за цела Америка. Ќе докаже само дека Америка дефинитивно не е она што беше, туку дека полека станува „болното“ дете на целиот свет и дека во полето на надворешната политика е значително ослабена.

Опасно игра Путин, морам да признаам. Мене во минатото лично не ми се веруваше дека Русија ќе стигне до толку далеку, ама очигледно е дека и самиот се излажав за некои работи и можам дека за многу работи е за пофалба надворешната политика на Русија.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.552
Поени од реакции
12.455
Лавров официјално потврди дека се доставува оружје до Курдите преку Ирачката влада, така секое друго тврдење за обратно е тежок спин.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Според Министерството за одбрана на Русија се користат овој тип на бомби:




BETAB-500 concrete-piercing bombs

Еве и видеа од бомбардирањата има на твитер-профилот на Министерството за одбрана на Русија:
https://twitter.com/mod_russia?ref_src=twsrc^tfw

И на ова, можам само ова да го додадам:

 
Последно уредено од модератор:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.552
Поени од реакции
12.455
rusija mora da go zgrabi i irak, oti vaka ke ostane nezavrsena rabotata
За ова им е потребна Кина да се разбуди, ако сака мултиполарен мир.
Русија и Кина имаа неколку заемни воени вежби минатово лето. Има индиции но мислам дека Ирак треба сам да побара помош взаемно од Русија и Кина, да биде се по меѓународни регулативи почитувано :)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
1- Ситуацијата во Сирија и Ирак може да се реши само преку воена интервенција на НАТО
2- Да ама Турција не е Сирија или Ирак или било која друга арапска земја, членка на НАТО е и дел од нуклеарната програма на алијансата е а иначе башка е тоа што е најмоќна муслиманска земја.
3- Напад против Турција или евентуално против Израел ќе резултира на трета светска војна и капитулација на цела Русија, и Путин си ги знае границите до каде може и до каде неможе.
4- Путин пред да извриши воздушни напади против ИД требеше да се консултира со Израел или со НАТО..
5- Јас мислам дека воздушните напади на Русија е за да се заштити Асад и за да се срамнат бунтовниците..
6- И Германија најави дека треба да се изврши воена операција во Сирија и Ирак, а тоа не им одговара на русите бидејќи Асад ќе се симне од власта и ќе дојде некоја про Западна влада. Исто како за време на бомбардирањата на НАТО во Ср-Југославија. Кога Милошевиќ мораше да си замине и да биде гонет од меѓународната заедница.. Исто и тогаш имаше руски војници во тогашна Југославија како сега во Сирија.. Ситуацијата со денешна Сирија е слична како за време на војната во Југославија и пред операциите на НАТО..
1. Не може НАТО да реши проблема во Близкиот изток,уште повеке во Сириja. За тоа нека да нема дилеми.
2. Турциja има своите интереси во Сириja, како желбата на управуваштата партиja да врати влиjaнието врз териториите на Отоманската империja, ке се крстосат интересите во Сириja.
3. Отворен конфликт со Турциja или Израел не може да има во този момент. Тоа абсолутно не е можно.
4. Премиера на Израел веке стаса во Москва. НАТО и Русиja имат само принципни согласиja. Кординациja фали.
5. Тоа донекаде е така.
6. Асад може би ке биде дел от преходната влада на Сириja,Асад и ке биде на масата на преговорите.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.263
Поени од реакции
4.868
Лавров официјално потврди дека се доставува оружје до Курдите преку Ирачката влада, така секое друго тврдење за обратно е тежок спин.
Очигледно, Русија нагло го превзема Блискиот исток од Американците.
Ако успеат Русите, тоа ќе значи тежок удар за Америка, се што правеле во последните неколку децении ќе им отиде по вода.
Ако ја добијаат Сирија, ако ги придобијаат Курдите и ако постават барем една воена база во Ирак (да не ја претеруваме, но натаму се движат работите), ќе го истиснат САД од Блискиот исток, на кои ќе им остане само С. Арабија која моментално мака мачи со Хутите. Ова може да биде, тежок пораз за САД.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
1. Не може НАТО да реши проблема во Близкиот изток,уште повеке во Сириja. За тоа нека да нема дилеми.
2. Турциja има своите интереси во Сириja, како желбата на управуваштата партиja да врати влиjaнието врз териториите на Отоманската империja, ке се крстосат интересите во Сириja.
3. Отворен конфликт со Турциja или Израел не може да има во този момент. Тоа абсолутно не е можно.
4. Премиера на Израел веке стаса во Москва. НАТО и Русиja имат само принципни согласиja. Кординациja фали.
5. Тоа донекаде е така.
6. Асад може би ке биде дел от преходната влада на Сириja,Асад и ке биде на масата на преговорите.
Асад мора да си замине без тоа нема иднина за Сирија, тоа е голем проблем..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.263
Поени од реакции
4.868
Кога последно некоj имал хегемониja врз целиот близок исток?Jaс поне во последните 130 години не се секавам.
Ако некоj си мислил,дека ке биде доминатор тамо...тоа е било химера.
Британија на пример? Цел еден век?
Американците имајќи огромно влијание врз С. Арабија (која има влијание во околните земји), потоа Кувајт, Катар?
После инвазијата на Ирак? Скоро целосна доминација на контролирањето на рутите за нафта.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.318
Поени од реакции
17.207
Еден интересен момент во сите збиднувања е тоа што и Русија, налик на Америка, го прескокна Советот за безбедност при ООН и реши да интервенира во Сирија, што секако претставува своевиден преседан во светската политика. Потоа се повика на тоа дека Владата на Сирија упатила апел за помош и воена интервенција, нешто што не сум сигурен дали е во склад со меѓународното право кое ионака за големите сили не важи. Но, тоа не е важно, важното прашање е дали Русија со овој потег на мала врата отвара можност за воена интервенција и за секој нареден пат на сличниот начин како сега со Сирија, единствено повикувајќи се на упатен апел од одредена држава.

Офф: Не би било лошо малку да се раздрма Саудиска Арабија со една голема офанзива од страна на Хутите. Единствено ќе им е потребно добро вооружување. Има Иран ресурси и можности да ја дестабилизира империјата на злото.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Очигледно, Русија нагло го превзема Блискиот исток од Американците.
Ако успеат Русите, тоа ќе значи тежок удар за Америка, се што правеле во последните неколку децении ќе им отиде по вода.
Ако ја добијаат Сирија, ако ги придобијаат Курдите и ако постават барем една воена база во Ирак (да не ја претеруваме, но натаму се движат работите), ќе го истиснат САД од Блискиот исток, на кои ќе им остане само С. Арабија која моментално мака мачи со Хутите. Ова може да биде, тежок пораз за САД.
Американците кога водат пасивна дипломатија и кога се мирни тоа е многу по опасно, или како што би рекле и србите
Изгледа да је све ово затишије пред буру...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom