Што би промениле во државава и како?

Прво би го сменил менталитетот на Македонецот, агресивно и немилордно се до степен и до сличност со позитивните работи на јапонскиот, во смисла на вложување во научни иновации, прецизност, точност, работа,учената, работната и креативна младина, да го заземе местото на неписмените, примитивни, некорисни лешинари на кои не им е местото во некоја институција од големо значење за државата и сл. и останати општествени уредувања .Би направил би ги укинал партиите кои го делат и раскаруваат народот меѓусебно, а политичарите кои се вмешани во тешки криминали, корупција и плаќање, да завршат таму каде им е местото. Другото си доаѓа едно по друго.
 
Ја под хитно за 24 саата ќе укинам сета месна и живинарска индустрја хиљаду посто, скроз на скроз, један кроз један. Сета земја укупно шо ја има математички ке се разделе на секоја фамилија подеднакво такоџер скроз на скроз, така да фино лепо сите си одгледуват кој шо си сака. Банки, манки, пари тоа се ке оде на марс со богаташите шо ќе се населуват там. Сите иснтитуции ке се укинат освен хитна помош и ортопедија пошо ке се наваѓат. Никој нема да биде богат, сите ке си менат кој шо има као некое време шо е било, технологијата моментално шо ја има никој нема да ја поседува, ке биде надвор достапна коа на некој ке му притреба. И така среќно ќе си живееме у природен и натурален комунизам за век и векова , амин ом :masa: :);):(:mad::confused::cool::P:D:eek::oops::rolleyes::noze::cautious::cenzura::coffee::place:o_O:giggle::LOL::angel::angel::angel:
:notworthy::ROFLMAO::sick::sleep::sneaky:(n)(y):unsure::X3::lut::lut::lut::tapp::vozbud::vozbud::vozbud::drk::pipi::drk::pipi::drk::pipi::cuc::cuc::cuc::icon_mrgr::вонзем::busi::busi::нинџ::гик::свиркам::facepalm::чда::цицки::bravobe::blablab::kuracc::bance::kezec::backa::aplauz::boksix::jajce::jeeee::kafence::kafence::sramezliv::Кезец::kluc::misticen::motorce::roker::nesumjas::несвест::oeoeoe::ojeaa::oleee::oleee::oleee::oleee::ајнапиво::pistoldz::pistoldz::lolzz::lolzz::zloo::smirce::pov::zver::pusigo::sakasuste::semolam::shok2::shok2::tvg:
 
Парите (а најмногу оние буџетските) се отепувачка
Posted on 02/07/2015by kirenaumov
Подготвеноста на актуелната власт во Македонија да се бори за да остане на својата позиција дури и по цена на физичко истребување, единствено мора да се бара во дискрецијата да располага со јавните односно народните пари. Груевски заедно со својата фамилија и пред се со амин на Ставревски, минатите десет години успеаа да потрошат со свој потпис околу 30 милијарди евра, пари собрани од граѓаните на оваа држава. Нетранспарентниот начин на трошењето на овие пари е базата за коруптивното однесување на оваа власт. Сите афери за кои слушнавме и посебно оние кои ќе се разоткриваат во периодот кога власта ќе падне, ќе покаже дека најмалку 10 до 15 проценти или околу 4 милијарди евра преку коруптивните канали завршиле на сметките на блиските до фамилијата и клиентелистичката фукара.
Која е гаранцијата дека оние следните нема да бидат исти?
Постои само една гаранција, а тоа е волјата да направите систем во кој функциите нема да бидат примамливи. За било која државна функција да стане неатрактивна за било кој партиски војник, постои едно единствено и едноставно решение: цивилна контрола на трошењето на јавните пари. Во СДСМ тоа го расчистивме и излегуваме со сосема јасен концепт. Сега би нафрлил само неколку поенти кои многу упростено и се надевам разбирливо би се обидел да ви ги доближам.
Доколку СДСМ ја добие довербата да ја води идната влада веднаш ќе воспостави систем за транспарентност на исплатите од страна на сите институции кои трошат буџетски средства. Тоа подразбира дека сите министерства, агенции, јавни претпријатија или било кои други институции кои буџетски се финансираат, ќе мораат секои 14 дена да ги објават на својата веб страница сите исплати по сите можни основи кои се оствариле во изминатите 14 дена. Значи, во петок до 16 часот, секоја институција ќе мора да ги наведи правните и физичките лица на кои им е извршена исплатата, основот по кој е извршена таа исплата заклучно со датумот на доспеаноста на обврската и сумата на исплатените средства. Ова подразбира табела на сите потрошени пари од овие институции почнувајќи од оние најголемите врз основа на големите набавки, па заклучно со тоа каде министерот, директорот или раководното лице ручало или вечерало на сметка на државата во наведениот период.
Ваквиот систем на транспарентност ќе овозможи јавна односно народна контрола на секој потрошен народен денар најдоцна 7 односно 14 дена откако тоа ќе се реализира. Тоа веднаш ќе го анулира рекетирењето врз компаниите кои сега со провизии си ја купуваат исплатата на своите доспеани фактури. Компаниите повеќе нема да се „лажат„ дека си должат меѓусебно со оправдание „чекам да ми плати државата„. Нема да биде потребно никакво „истражувачко новинарство„ за да се утврди кој од функционерите колку пати оди на службен пат, кој лета со вип класа и во каков хотел спие. Овие табели ќе го разголат владеењето на секој функционер од финансиски аспект. Секоја злоупотреба моментално ќе стане достапна за јавноста и ќе биде осудена од нејзе и воедно лесно и брзо ќе добие правна разрешница. Со сигурност веб страниците на сите овие институции ќе бидат најпосетуваните на денот кога ќе излегува најновата објава.
Паралелно со ова, исплатата на субвенциите на земјоделците мора да стане транспарентна на соодветниов начин. Во моментот на исплатата на субвенциите веднаш јавно ќе бидат објавени имињата на субјектите и основот по кој на било кој корисник му биле исплатени средствата. На сосема ист начин УЈП(МФ) ќе ги објавува ДДВ обврзниците на кои им е исплатен поврат на ДДВ во соодветниот период. Овој принцип ќе важи и за сите останати институции и нивните трансфери.
Во моментот кога ќе се направи ваква контрола на располагањето со финансиите, неопходна е и контрола на вработувањата. Секоја од погоре споменатите институции ќе мора да ја објави својата систематизација, името и презимето на секој вработен на соодветното место во дадената систематизација и неговата плата. Во истите термини кога ќе ја објавуваат табелата за извршените исплати, секоја институција ќе мора да ги наведе евентуалните нововработени, да го покаже нивнато место во систематизацијата и секако конкурсот и критериумите по кои тој бил примен. Со тоа во најкус можен рок по доаѓањето на новата власт најпрво ќе се преброиме колку луѓе и кои луѓе во моментов работат (или не работат) и земаат плата од државните пари. Воедно, секој функционер сто пати ќе размисли како ќе преживее во петок во 16 часот кога цела јавност ќе види дека решил да вработи лице по основ на непотизам, пријателство, партиска или бизнис релација.
Кога ќе воспоставите ваков тип на граѓанска контрола на трошењто на јавните пари заедно со транспарентноста при донесувањето на буџетот за што би пишувал во некоја следна прилика, остануваат уште укинувањето на побаналните привилегии за да дојдеме до состојба во која поголем број на луѓе ќе бегаат наместо да се тепаат за некоја функција. На пример, освен можеби премиерот и неколку министри од областа на безбедносните ресори, никој друг нема никаква потреба да има службено возило кое ќе го користи за патување до и од своето работно место. Сите останати министри, директори и останати функционери врз кои има ингеренции владата, без исклучок треба да си користат сопствен превоз до работното место, а користењето на службено возило има основа само доколку во текот на работните активности има исклучиво службена потреба.
За ова и сличните неопходни мерки со кои идната власт мора да се саморазвласти за да бидеме сигурни дека ова зло нема никогаш да ни се повтори, продолжуваме во следната прилика.
 
Парите (а најмногу оние буџетските) се отепувачка
Posted on 02/07/2015by kirenaumov
Подготвеноста на актуелната власт во Македонија да се бори за да остане на својата позиција дури и по цена на физичко истребување, единствено мора да се бара во дискрецијата да располага со јавните односно народните пари. Груевски заедно со својата најмалку 10 до 15 проценти или околу 4 милијарди евра преку коруптивните канали завршиле на сметките на блиските до фамилијата и клиентелистичката фукара.

Кој ти е враг бе? Ало Франкфурт? Тука на форумот не се уклучуваат ретардирани кој сакаат да и трубат за факин трули политики. Ние сакаме и сите факин политички партии да исчезнат и целијо вај капиталистички систем да се смене.
 
1. Намалување на бројот на пратеници и советници во општините најмалку за 1/3 од сегашниот број. По некои мои пресметки тоа ќе биде заштеда од околу 100-120 илјади евра на месечно ниво. Тие пари би ги пренаменил во изградба на социјални станови и зголемување на социјалната помош.
2. Подобрување на образованието преку низа мерки. Пред се би се организирале школси, општински, градски и државни натпревари по речиси сите предмети, и за сите победници би имало награди. На пр. оној кој ќе победи на државен натпревар по историја би му дал државна стипендија за студирање на еден од првите 100 универзитети по тој предмет во светот. Исто така би вовел бесплатна храна во училиштата, бесплатни научни екскурзии и сл.
3. Максимално ослободување на синдикатите од рацете на државата. Секој работник ќе мора да е член на синдикатот од фирмата каде што работи!
4. Намалување на придонесите за вработените, со што ќе се зајакне приватниот сектор. На пр. доколку за плата од 10.000 ако се плаќаат придонеси во износ од 4000, придонесот би се намалил на 2.000 а останатите 2.000 би ги делеле работникот и работодавецот. Тогаш платата на работникот би изнесувала 11.500 денари, а работодавецот би заштедил по 500 денари од работник во месецот.
5. Професионализирање на јавната администрација. Секој сектор би имал кадрова комисија составена од своите вработени која ке одлучува дали некој потенцијален нововработен би бил соодветен за работното место за кое конкурирал.
6. Концесионирање на јавните претпријатија, со услов да не се отпуштаат оние кои веќе работат таму.
7. Здравство преку отворање на минимум 1 поликлиника во секоја општина со што би се намалиле редиците во болниците.Набавка на нови апарати за извршување на работата на здравствените работници.Борба против мито и корупција.


Уште мал милион други работи.

Одлична тема, си се испукав онака од срце![DOUBLEPOST=1443593046][/DOUBLEPOST]
Кој ти е враг бе? Ало Франкфурт? Тука на форумот не се уклучуваат ретардирани кој сакаат да и трубат за факин трули политики. Ние сакаме и сите факин политички партии да исчезнат и целијо вај капиталистички систем да се смене.
Под НИЕ мислиш на себеси (сам се персираш), или зборуваш фор анд бихалф останатите членови на форумот!
Јас сакам да се смени капитализмот, ама да кажеш да исчезнат партиите е тотално ненормално!
 
Укинување на уставниот поредок, и отварање граници за да не окупира некоја супер сила (САД, Германија...) и постепено да се асимилираме.
Веќе е јасно, мали народи и државички не може да опстојат.
Да се избркат сите богати, и да почнеме од 0.
 
Власта да е во рацете на граѓаните, да нема државен апарат. Државата како сакаш врти ја, во суштина е бизнис.
Одлуките да се носат колективно, референдумски, како сакате речете.
Да се инвестира во ставање во употреба на сите природни ресурси, а земјава ги има многу - сонце, вода, ветер, руда.
Со тоа да се намалат давачките на граѓаните и да станат понезависни, а не порезнички робови како сега.
 
Прво нешто што ми падна на памет беше народот, ама потоа се подзамислив и сфатив дека во Македонија треба да се смени образованието. Дека реално имаме многу глуп народ (на жалост), тие што се глупи ќе останат такви=овци, него поентата ми беше дај барем децата нивни да ги спасиме, е кога тие ќе пораснат како здраворазумни, паметни битиа е дури тогаш ќе може да се почне со нови промени, закони, изградби и слично.
 
Плоштад Скопје. Ова.

4G8hCdk.jpg
 
Не му давај идеја на Коце..кој ќе ги слуша ракетиве како полетуваат од плоштадот. :несвест: Доста ечи оној турбо-забавен-класичен микс со фонтанана..уште ова..
 
Зборовите задолжително и донација, не одат заедно во иста реченица. :)

Ај одговори ми на следново: јас сум заработил еден милион евра, ти си заработил десет илјади евра. Кажи ми, колку од тоа што ЈАС сум го заработил ти припаѓа ТЕБЕ и зошто?


На листата може да додадеш и бесплатна курва секој месец, но дали си спремен да плаќаш 80% данок на тоа што си го заработил, за да ги имаш сите овие бенефити?
Друже Кон Артист се разбира дека нема да се донира на тие што имаат нормално или просечно него на тие што се социјално загрозени. А ова второво имаш право и Швајцарија функционира така плати ненормално високи ама данок бетер. Веројатно тоа е некој баланс за да не се помилионерчат сите жители.[DOUBLEPOST=1443646756][/DOUBLEPOST]Заборавив да напишам на првиот пост па вака како надополнување... Исто така се палам и на еден од проектите на Гадафи. Работно место за секој граѓанин и работа за секој граѓанин. Воопшто смислата на функционирање на Гадафи човекот е човештина.
 
Последно уредено:
Десет посто персонален данок на добитно ливче? Абе ајде ви се молам, то одма се скинвит, даби глата на Груја му се скинала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom