Косовските медиуми тврдат дека членовите на Кумановската група се убиени по предавањето

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Луге не се глупирајте , која од вас за кој пари би тргнал во Акција без вракање , па била бордец или гошинце или радуша или која било.
 
Ако навистија американците се обидуваат од нас да направат исиловци, тогаш сериозно треба да размислуваме за алтернатива, но сепак не верувам дека би не пуштиле низ вода, им требаат народ како албанците во Балканот како стабилен народ.

Не веруваш, но забораваш дека на само 15 километри оддалеченост од базата Бондстил се наоѓа Качаник, главниот расадник на џихадистите од Балканот.

http://www.telegraph.co.uk/news/wor.../Inside-Kacanik-Kosovos-jihadist-capital.html

Баш тие разговори алудираат на УБК агент вмешан во случајов, многу јасни снимки се, ако не се лепепи, прелепени и монтирани.

Тие што се во затвор се живи заради него, и мислам дека тоа го знаат многу добро, а тие другите кои ги остави без министерско место мислам дека ќе го криват и за лошата игра на барцелона.

Ако сакаш да скаутираш талентирани фудбалери одиш во Бразил, за талентирани кошаркари одиш во САД, ако сакаш млади технолошки иноватори одиш и ги бараш во Јапонија, а ако ти треба терористи за некоја твоја валкана игра, одиш и ги бараш, каде?

Кој би рекол дека 30-40 терористи можеш да најдеш во секое време во непосредното соседство и тоа помеѓу обесправените борци за човекови права?

Ни во сон не сум се надевал дека баш помеѓу овие автохтони миротворци и човекољупци можат да се врбуваат лица кои ќе одработат за нечии изопачени државни интереси. А ти, @puno, се надеваше ли на тоа или и тебе те изненадија?:sneaky:
 
Не, не сум задоволен од македонскиот стандард. Не е никој здрав. И, поентата?

Нишо, тоа. Ме интересираше уопште дал имаш мозок или си битушанец.
А прашањето ми го сфати само не ти се одговра баш..
 
Последно уредено:
Не, не сум задоволен од македонскиот стандард. Не е никој здрав. И, поентата?

Еве, јас ќе пробам да ја доловам поентата. Ако ја тргнеме настрана твојата омраза спрема СДСМ, и твојата блискост кон ВМРО-ДПМНЕ, и ако за момент размислуваш како граѓанин, а не припадник на партија, дали сметаш дека Македонија е на добар пат, и дека Груевски ја води државата како што треба? Дали ВМРО гради држава во која што ти и твите деца би сакал да живеете? Значи, заборави на тоа што беше претходно, без алиби од типот за време на Бранко беше полошо, што ти како личност мислиш за оваа влада?

Еднаш напиша дека Груевски е голем политичар. По што се мери успешноста не еден политичар? Ако е единствен критериум останувањето на власт, тогаш Лукашенко и фамилијата на власт во Северна Кореа се најголеми политичари. Би сакал да живееш таму?
 
дали сметаш дека Македонија е на добар пат, и дека Груевски ја води државата како што треба? Дали ВМРО гради држава во која што ти и твите деца би сакал да живеете? Значи, заборави на тоа што беше претходно, без алиби од типот за време на Бранко беше полошо, што ти како личност мислиш за оваа влада?
Да, бидејќи Македонија се менува. Самиот факт што треба да баталувам како било предходно е доказ за тоа. За да критикувам било кој друг, не ми треба таа реченица. Оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ ја промени Македонија, во буквално секоја смисла. И јас немам проблем со тоа, напротив, редно беше некој да ги батали „Европа, Европа, Европа“ лементирањата и да се фати за работа.

Е сега, за да дискутираме дали тие промени се на подобро или полошо, не можам да баталам како било предходно.
 
Па не е толку тешко да се најде репер за споредба. Сите знаеме како треба да изгледа едно демократско општество. Без корупција, владење на правото, слободни медиуми, слободен пазар, слободни избори... Сите декларативно можеме да ги наброиме идеалите кон кои општеството треба да се стреми. Дали било што во Македонија во овој момент дури и од далеку потсеќа на едно такво општество?

И дали тебе ти се чини дека Груевски сака да види таква Македонија?
 
Оваа бедна багра која го узрупира името ВМРО ДПМНЕ работи исклучиво за интересите на двајца тројца. Останатите зимаат зимаат бедни трошки, заради кои во длабочината на душата самите се убедуваат дека се исплати да работиш против сопствениот народ.
Пробугарската линија на ВМРО е непостоечка (нема никакво влијание) во редовите на ова што денес се нарекува така. Додека пак, за просрпска линија веќе може да се прави муабет...
Ако е просрпска како е можно да е во власт толку долго?
Мислам, да не се базираме у монологот на Латас...[DOUBLEPOST=1443385838][/DOUBLEPOST]
Да, да, исто и акцијата во Бродец беше масло на Груевски за да ја дефокусира јавноста од бомбите на Заев.

Деца, си играле. Фрлиле некоја петарда да го збунат народот. Не верувам дека ветерани на УЧК се толку глупи да дојдат во Бродец, и со два калашникови да војуваат со цела армија. Така? Нема логика. :toe:
За бродец не знам, кажи што сакаш за таму, ако мораш да правиш паралели.
И да, можно е и да се глупи ветераните, сепак суперинтелигентните не војуваат.[DOUBLEPOST=1443385937][/DOUBLEPOST]
Луге не се глупирајте , која од вас за кој пари би тргнал во Акција без вракање , па била бордец или гошинце или радуша или која било.
Работата е што тие не тргнале за пари во Акција, тие тргнале за пари во местено сценарио, каде не треба да убиваат никого, самиот сведок кој им избега на полицајците го тврди тоа.
 
Ако е просрпска како е можно да е во власт толку долго?
Мислам, да не се базираме у монологот на Латас...
Србоманството е инсталирано у прошлите 50 години, во Македонецот. Исто како што Бугарија е сеуште плашило за мали деца пред спиење.
Докази за тоа имаш милион.
 
Па не е толку тешко да се најде репер за споредба. Сите знаеме како треба да изгледа едно демократско општество. Без корупција, владење на правото, слободни медиуми, слободен пазар, слободни избори... Сите декларативно можеме да ги наброиме идеалите кон кои општеството треба да се стреми. Дали било што во Македонија во овој момент дури и од далеку потсеќа на едно такво општество?
Ако некогаш на исто ливче се најдат имињата на Никола Груевски, Ангела Меркел, Камерон, Обама, Буш, па треба да бирам меѓу нив, правење таков муабет би имало смисла.

Ама бидејќи на ливчето што го добивам имам избор помеѓу Никола Груевски со екипата или Зоран Заев, Радмила и екипата муабетот станува многу побанален и поконкретен. Наивно е да теоретизираме за стремежи, кога едната од алтернативите баш со ништо не гарантира дека може да испорача и промена на бекатонки или зголемување на пензии.
 
Не веруваш, но забораваш дека на само 15 километри оддалеченост од базата Бондстил се наоѓа Качаник, главниот расадник на џихадистите од Балканот.

http://www.telegraph.co.uk/news/wor.../Inside-Kacanik-Kosovos-jihadist-capital.html
Интересно.
Ако сакаш да скаутираш талентирани фудбалери одиш во Бразил, за талентирани кошаркари одиш во САД, ако сакаш млади технолошки иноватори одиш и ги бараш во Јапонија, а ако ти треба терористи за некоја твоја валкана игра, одиш и ги бараш, каде?
Каде имало постојано војна последните 100 год?
или не, кај криминогените муслимани?
 
Ако некогаш на исто ливче се најдат имињата на Никола Груевски, Ангела Меркел, Камерон, Обама, Буш, па треба да бирам меѓу нив, правење таков муабет би имало смисла.

Ама бидејќи на ливчето што го добивам имам избор помеѓу Никола Груевски со екипата или Зоран Заев, Радмила и екипата муабетот станува многу побанален и поконкретен. Наивно е да теоретизираме за стремежи, кога едната од алтернативите баш со ништо не гарантира дека може да испорача и промена на бекатонки или зголемување на пензии.

Ех, зарем е толку тешко да напишеш апологија на братијата на Груевски без да ги споменеш Заев и СДСМ? На крајот се испоставува дека целокупното твое воодушевување со ликот и делото на Груевски се сведува на тоа дека им ја скрши кичмата на Заев и компанија. Настрана од оваа голема победа, нема што да понуди. Дури и по најниски можни демократски стандарди ликот е диктаторче од тип кој вирее само на овие простори, диктаторче со кое историјата ќе си го избрише газот.
 
Можеби. Ама тоа не го менува фактот дека е најдобрата понуда во моментов.
 
Нормално, кога тој и не дозволува да видиме некоја друга понуда. Затоа е најдобра понуда. А тоа никако не може да биде здрава политика за ниту една држава. Замисли до кое дереџе е државата кога ни се чини дека Груевски е најдобра понуда? :facepalm:

По кои стандарди е Груевски добра понуда? Ако го анализираме неговото дело низ призмата на демократските стандарди, тоа тврдење станува трагикомично. Наместо слободно судство имаме до крајни стандарди узупирано судство. Наместо слободни медиуми го имаме Сител и МРТВ. Наместо слободни избори имаме штабови на МВР во ВМРО и исклучени лифтови. Исклучени лифтови во 21 век бе, па да не е трагично навистина би било смешно. Корупцијата веќе доби епски размери. И најстрашното од се, наместо национално единство, имае патриоти и предавници.

И велиш, Груевски е најдобра понуда? Ни се плака мајката, ама сериозно.
 
Маркетинг батка. Нека си ги сменат тие што им ја смислуваат кампањата, џабе фрлени пари. А тек сега ако изгубат на избори кога ќе дојде ратата да се враќа од кредитот.... Тек тогаш уште долго време Грујо ќе биде најдобрата понуда.
 
Нормално, кога тој и не дозволува да видиме некоја друга понуда. Затоа е најдобра понуда. А тоа никако не може да биде здрава политика за ниту една држава. Замисли до кое дереџе е државата кога ни се чини дека Груевски е најдобра понуда? :facepalm:

По кои стандарди е Груевски добра понуда? Ако го анализираме неговото дело низ призмата на демократските стандарди, тоа тврдење станува трагикомично. Наместо слободно судство имаме до крајни стандарди узупирано судство. Наместо слободни медиуми го имаме Сител и МРТВ. Наместо слободни избори имаме штабови на МВР во ВМРО и исклучени лифтови. Исклучени лифтови во 21 век бе, па да не е трагично навистина би било смешно. Корупцијата веќе доби епски размери. И најстрашното од се, наместо национално единство, имае патриоти и предавници.

И велиш, Груевски е најдобра понуда? Ни се плака мајката, ама сериозно.
Не баш, овие што ни се нудат сега, сме ги виделе, за жал. Понеспособни, а поарогантни, на меѓународен оглас да бараш, нема да најдеш. Не е за чинење или нечинење, тоа е факт.

Најголем дел од луѓето во државава не ги интересира дали на Бучковски, Заев или Фијат им се судело непристрасно или не. Повеќе ги интересира да им се зголемат пензии, плати, да добијат субвенции, бесплатни книги за децата, асфалт до селото и уште милион такви работи кои може да ги набројувам до утре, ама нема поента. Тоа пред Груевски не било пракса, ниту има гаранција дека тие работи ќе останат, ако Груевски си замине.

Кој е подобар избор од Груевски? Може ли едно име да напишеш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom