Границата со Албанија која е во планински регион, кога имавме редовна војска и редовни патроли од специјалните воени единици 1997-1999 не успеа да се дочува и се искриумчари голем број оружје и муниција од Албанските складишта. А ти сакаш сега во ваква ситуација што сме доведени, да може да се чува безбедно границата?.
Имаме специјални единици, професионални војници, дронови, колку што знам термокамери, колку што не знам и друга техника. Во планински регион познати се патеките на минување, посебно што се се превезува со животни. Понатаму месец дена пред настанот, била забележана група низ тие краишта. Имаме проблематична граница, година пред тоа дојава за подготовки, 1-2 месеци пред тоа дојави за движење на група/и...
Не може никој локалец да незнаел ништо. Тоа значи дека не само што имале логистика, имале и силна поддршка од локалното население.
можеби ама и ДБК постои кај нас. Таму не работат само албанци. Имаат информации дури и што се и кој се пишува низ социјалните мрежи, имаа информации дека "се спремал Мајдан" во Скопје, а немале информации за сериозна подготовка од такви размери.
Тие биле обучени и вооружени. Логистика е очигледно дека имале во Куманово и Кумановско. Не може никој локалец да незнаел ништо.
истото го зборам. Таму живеат и македонци и срби. Има и полиција, има и други служби на МВР. Има служби и војската. Добро си запознат за 20часовна борба колку муниција и друга опрема е потребна, тоа не го собира во гепек од кола. И какви ликови, платеници, муџи и терористи се прошетале низ цел тој регион и Куманово. И никој ништо не приметил.
Едноставно или безбедносните служби (дали ќе ги наречеме арм, мвр од полицаец до дбк, хеликоптери и дронови) не си ја извршиле својата работа или "си ја извршиле". Дали некој сноси одговорност? Од разузнавање до командир или разводник на стража, командант на единица, се по ред до највисоките структури, . За вакви пропусти се лежи дебело во затвор, во сериозна држава.
Оружјето е од Албанија од времето на Сали Бериша под маската на протести народот провали во Албанските касарни и голем дел го присвои а до 98-99 кога опозицијата беше на власт поголем дел се прошверцува во Македонија и
зборувам за оружјето и објектот во Гошинце. За што служи оружјето, а за што објектот. Класична караула не е, оружје и муниција таму не гледам потреба да има. Опозицијата ваљда не го оставила.
Ејјјј одамна беше тоа 91-92 ама се сеќавам дека имавме командир на стража кој во одреден временски интервал не менуваше на разни позиции 5-7 војници.
Доколку се утврдеше дека има потреба од повеќе стражари се зголемуваше нивната бројка и дополниително се утврдуваа стражарските позиции.
Имаше случаи да си одереден на некое место па кога имаше смена командантот да те однесе на друго
Дали некој од одговорните е казнет? Затоа што се случи Гошинце, затоа што ни шетаат учки по планините, затоа што загинаа 8 полицајци, затоа што пред тоа убујците на децата од Радишани избегаа во Косово. Ова не е зае**анција и не е првпат.