Штедење и економичност

  • Креатор на темата Креатор на темата SpaceTraveler
  • Време на започнување Време на започнување
Имам купено каса-прасе:) пред три години. Еднаш годишно (пред нова година) ја празнам и има некои 3000-4000 денари годишно (ги укрупнувам во пекара или менувачница). Би било подобро да нема ставено отвор туку да мора да се крши пошто понекогаш си земам ситни пари кога ми фалат:)
А ако случајно заработуваш повеќе пари од што трошиш (ако имаш таква среќа) ставај одредена сума во банка како што ја добиваш платата а не на крај на месец затоа што ако ти стојат во џеб обавезно ќе ги потрошиш.
 
Дечки, не ме сфаќајте погрешно, воопшто не ме сфаќајте. :pos:
Јас не сум човек кој штеди, напротив, се обидувам да стекнам некоја навика, во последно време забележувам дека нема толку мама, тате како порано што имаше... така да, се морало. :)
Wellcome to earth ;)[DOUBLEPOST=1443114741][/DOUBLEPOST]
Во вакво од 5л и 1000 евра може да собереш :P

N5L_5L.jpg
Може , ама теоретски само :) Кај мене од 500 ден повеке не преживеале ситните. Али право да кажам додека несум пробал шише да пунам. Треба да пробам , мож и ке прежибеат до иледарче :)
 
Последно уредено:
Еве пример јас имам слушнато дека ако остатокот од кусур го собираме во шише од Кока Кола по монети од 5 денари одкако ќе го наполниме шишето износот ќе биде околу 6000 денари.
А не го сметаш времето, потребно да ги изброиш, пакуваш и однесеш во продавница, па таму да ги избројат т.е им го трошиш и нив времето.
Ако ставиш колку ти е саатница и колку им е на касиерките саатницата, може да испадне дека си направил загуба и плус ако ставиш колку време некој чекал да му раситнат на каса затоа што голем број на луѓе така "штедат" излегува дека правиш загуба во економијата.

Во сиромаштија/мизерија нема можност за заштеда, едноставно нема од што да се штеди.
 
Броењето ич не така како шо си пишаl, али воа последното е жив факат. У мизерија од шо да штедеш?
Али добро ипак маабето е штедење на синтеж. И тоа е уметност :)
 
Да ги изброиш спакуваш и однесеш ти треба саат време. Плус ќе ти требаат и кеси за различни монети:-).
 
А не го сметаш времето, потребно да ги изброиш, пакуваш и однесеш во продавница, па таму да ги избројат т.е им го трошиш и нив времето.
Ако ставиш колку ти е саатница и колку им е на касиерките саатницата, може да испадне дека си направил загуба и плус ако ставиш колку време некој чекал да му раситнат на каса затоа што голем број на луѓе така "штедат" излегува дека правиш загуба во економијата.

Во сиромаштија/мизерија нема можност за заштеда, едноставно нема од што да се штеди.
Големите маркети имаат машина за броење монети. Јас порано имам носено и ги бројат во канцеларија не на каса, за да не се ствара гужва и одзема од работното време на касиерката.
 
Штедење на ресурси Да.Штедење на пари Не.

Преку штедење на ресурси индиректно се штедат и пари, а сепак се придонесува за поздрава и побезбедна средина.

Вообичаено најголем дел средства се трошат на ситни работи и ситници кои ги занемаруваме.

Инаку не си влав, евреин, егеец или тетоец ако тоалетната хартија ја употребуваш еднократно.
 
Броењето ич не така како шо си пишаl, али воа последното е жив факат. У мизерија од шо да штедеш?
Али добро ипак маабето е штедење на синтеж. И тоа е уметност :)
Имаш интересен источен дијалект хаха, верувам и заштеден потенцијал да не имаш толку негативни ставови дека животот на Земјата и воопшто е мизерија,
Харе Кришна. :angel:
 
Убаво звучи тоа во шише од Кока Кола собирај монети од 5 ден и кога ќе го наполниш имаш 100 евра. Проблем е што ретко кој чека шишето да се наполни. :icon_mrgr:
Јас долго време во посебни 2 литарски шишиња од кока кола собирам 1,2,10 и 50 денари.
До сега само еднаш имам наполнето до врв 2 литарско шише со 10 денарки а имаше околу 500 евра[DOUBLEPOST=1443123415][/DOUBLEPOST]
Во вакво од 5л и 1000 евра може да собереш :P

N5L_5L.jpg
Туууу 2литарско шише со 10 денарки да го наполнам до врв ми беа потребни повеќе од три години[DOUBLEPOST=1443123515][/DOUBLEPOST]
Не е финтата да се трудиш повеќе да заштедиш, финтата е да се трудиш повеќе пари да направиш.

Штедењето е пацовска, лузерска навика.
Хоби е тоа.
 
Имаш интересен источен дијалект хаха, верувам и заштеден потенцијал да не имаш толку негативни ставови дека животот на Земјата и воопшто е мизерија,
Харе Кришна. :angel:
Па сите источни дијалекти се интересни :) Иначе дека планетата е жива мизерија претворена тоа е факат, зависи само колку ни се отворени очите да го видеме и признаеме тоа, али тоа е друга тема, не е за тука :)[DOUBLEPOST=1443127496][/DOUBLEPOST]Иначе штедењето е сосема природна ствар, оно само се наметнува. Ја памтам уште у време на СФРЈ се купуваа прасенца за ситни пари, а у тоа време стварите не беа одалеко како сега у овај капитализам. Една ствар е шо коа носеч железни у џеб ти сметат и дома се ослободуваш од нив, ставач ги у прасе или шише. Со тек на време ке ти се најдат. Друга ствар , денеска се сосем природно да си икономичен до одредена граница. Има и други аспекти кој да ги пичува сега. Битно штедењето на ситнеж е најпрородна ствар и може да биде интересна, само кој може да биде тоуку стрплив да собира 2 години, алал да му е :)
 
Последно уредено:
Штедење во шише е бавен и долг процес односно хоби

Побрзо и повеќе се штеди место да купам 4 гуми мишелин по 120-150 евра една туку 4 тигар сигура по 40-50 евра една
Ем ќе заштедам 300-400 евра,ем немаа да возам 180-220 km/h
 
Штедење на ресурси Да.Штедење на пари Не.

Преку штедење на ресурси индиректно се штедат и пари, а сепак се придонесува за поздрава и побезбедна средина.

Вообичаено најголем дел средства се трошат на ситни работи и ситници кои ги занемаруваме.

Инаку не си влав, евреин, егеец или тетоец ако тоалетната хартија ја употребуваш еднократно.
1 влав = 5 наши трговци
1 грк = 5 влава
1 евреин = 5 грци
 
Па сите источни дијалекти се интересни :) Иначе дека планетата е жива мизерија претворена тоа е факат, зависи само колку ни се отворени очите да го видеме и признаеме тоа, али тоа е друга тема, не е за тука :)[DOUBLEPOST=1443127496][/DOUBLEPOST]Иначе штедењето е сосема природна ствар, оно само се наметнува. Ја памтам уште у време на СФРЈ се купуваа прасенца за ситни пари, а у тоа време стварите не беа одалеко како сега у овај капитализам. Една ствар е шо коа носеч железни у џеб ти сметат и дома се ослободуваш од нив, ставач ги у прасе или шише. Со тек на време ке ти се најдат. Друга ствар , денеска се сосем природно да си икономичен до одредена граница. Има и други аспекти кој да ги пичува сега. Битно штедењето на ситнеж е најпрородна ствар и може да биде интересна, само кој може да биде тоуку стрплив да собира 2 години, алал да му е :)
Хахаха си имал пра баба која ги чува парите сролани во 10 шамивчиња + 5 крпи?
П.С за другите луѓе: ,,Дај олабавете со приказните за скржавци, јас сум великодушен човек, дури 90% од невојлите што сум ги имал дали финансиски или било какви ми се од премногу великодушност. Ве молам кажете некој трик за штедење на добра. Еве од денес почнав да јадам место една виршла по половина виршла, така планирам до крајот на месецот. Се шалам, вегетерјанец сум. :pos:
 
Порано многу полесно се осудував на ваков тип на штедење , сеа од кога ги измислија монетиве од 10 и 50 ден, а во најава се и 100 , многу потешко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom