Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.713
Поени од реакции
26.238
Споредбите не ти се баш соодветни. Јас се согласувам дека генерално има потреба од некакви граници, но тие граници пред се треба да зависат од локалната култура и менталитет. Од таа локална култура доаѓаат и стандардите за вредностите и за однесувањето.

Како за пример, дали некој Французотишол во Саудијска Арабија да ги заебава зошто по религиозна основа таму на илјадници луѓе годишно им ги сечат главите... За тоа ретко кој медиум воопшто и пишува.
http://www.zerohedge.com/news/2015-03-17/45-beheadings-2015-–-us-ally-saudi-arabia-set-top-2014s-record-decapitation-level
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/03/saudi-arabia-unprecedented-spike-in-executions/

Ако е тоа така, а така е... Тогаш кое право има некој надвор од Франција, да се лути на француски весник, што пишуваат за француска публика??

Затоа лоши ти се примерите со Нешковски и со жртвите од војната во 2001ва. Нешковски (или другиве) да отидеа нелегално да имигрираат во Франција, и тие од Чарли Хебдо да се заебаваа со тоа... тогаш споредбата ќе беше на место. За да ти биде паралелата на место, треба некој да дојде овде да се заебава со тоа, и тогаш секако дека работата нема да биде во ред.

Најпосле разликата во перспективи е една работа, а мешањето во туѓи работи е сосема друга работа. Па кој од тие надворешни ентитети што за ова ги критикуваат Чарли Хебдо, доаѓаат од средина каде се практикуваат повисоки морални норми? ;)
Поентата е, секој најпрво за себе дома да се грижи. Ако некои во Франција практикуваат невкусен хумор, кои сме ние, вие, тие... да критикуваме француски медиум во Франција. Зошто тоа би ги засегало Французите?
Како велат, твоја спална - твоја работа?
Во пропагандата исмевањето служи за да се релативизира нечиво мислење, да се направи неважно, субјективно, а со тоа и изворот да се девалвира. Изворот во случајот е Исламот, а како што знаеме Западот моментално воено делува во земји претежно населени со муслимани. Војните ги нарекува секташко-религиозни и со тоа цела кривица ја удира на народот таму (нели се претставени глупи и неписмени), а добива подршка во Франција во војните против тие „племиња“ (иако Сирија беше на пример секуларна држава).

Ние не сме никои да донесеме решение дали и како да се ограничи „слободата на говор“, пошто, да се разбереме, тоа е закон на посилниот и е очигледно дека таа пропаганда ќе продолжи и понатаму. Ние само си праиме муабет и си носиме какви такви заклучоци.

Поентата можеби е дека секој за себе дома треба да се грижи, но кога Французите(и остали) со своите акти (од пропаганди па се до војни) преку „бегалците“ не засегнаа и нас, тогаш легитимно право е и ние да го кренеме гласот против тој режим и неговата пропаганда, што впрочем и го правиме.

Сепак на крај на денот, колку муслиманите да ги сметаш за глупи и ограничени, мислам дека си свесен дека тие не се директно криви за ова што се случува. Но пред да кажеш повторно колку се глупи и ограничени, подсети се дека балканот подлегна пред 20тина години на истата таа пропаганда и беше вовлечен во крвава војна, каде што се колеа луѓе, се печеа живи, се мачеа на разни начини слично како и сега во Сирија.

И не оди многу во минатото, како работи таа пропаганда е жив пример „бегалската“ криза, кадешто бевме на тапет пред некоја недела.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Поентата е, секој најпрво за себе дома да се грижи. Ако некои во Франција практикуваат невкусен хумор, кои сме ние, вие, тие... да критикуваме француски медиум во Франција. Зошто тоа би ги засегало Французите?
Како велат, твоја спална - твоја работа?
Ради ваквите мислења и се дешава тоа што се дешава. Не ми е во двор - не ме засега. Кога ќе ти дојде во двор, тогаш брат е касно за реакција, во повеќето случаи.

Нешто што не е во ред, не трева да го ограничуваме критикувањето само ако нас не засега, или ни се случув ана домашно поле. А патем, колку вакви глупости дошле од американци, французи и германци? Толку брзо се заборавија невкусните коментари и досетки? Голем број од нив се случија и токму на наша територија.

Не, споредбата ми е на место. Ако не за Нешковски, за 2001ва имаше невкусни коментари на времето, а и се уште има. Ако оставаш некој да си игра курташак со правото на лично изразување и медиумска слобода, е затоа имаш глобален народ кој не гледа како ретардираниот просјак на Европа. Имиџот си се гради со децении веќе, а тоа молчење, како од политичарите, така и од народот, го остава тој имиџ да доминира.

Има начини сатира да се долови без да се иде во крајности. Ама треба мозок за тоа. Зошто да се поти мозок кога може да се печалат пари со лесна комедија?

"Лесна комедија" е најновиот тренд. Ене прашај ја Никол Арбор што се не направи со нејзината лесна комедија. Со вакво темпо ќе го стигне Биберот со популарност.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
1-Се дур не се изврши воена операција против Иран
2- Се дур Ердоган е претседател на Турција
3- И се дур Обама е претседател на САД тероризам секогаш ќе има и тоа никој не треба да се осеќа дека е безбеден..
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Може ќе се сменат работите ако Берни Сандерс влезе во Белата Куќа. Ја засени и Хилари со кампањата, а бештијава има финансиска потпора од 2 ипол милијарди долари.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.603
Поени од реакции
23.554
1-Се дур не се изврши воена операција против Иран
2- Се дур Ердоган е претседател на Турција
3- И се дур Обама е претседател на САД тероризам секогаш ќе има и тоа никој не треба да се осеќа дека е безбеден..
Или пак додека Бени и Израел не се преселат на друга планета до тогаш земјата ке биде воено поле.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.783
Поени од реакции
30.451
И што тогаш, тие што Израел го користат како врвна и доброволна алатка за divide et impera... демек немаат доволно други алатки и субјекти за разделување и раскарување (и владеење)?

Рибата од главата смрди.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.603
Поени од реакции
23.554
И што тогаш, тие што Израел го користат како врвна и доброволна алатка за divide et impera... демек немаат доволно други алатки и субјекти за разделување и раскарување (и владеење)?

Рибата од главата смрди.
Eпа за Ердоган и за Обама до негде ке му го сфатам муабетов, ама за Иран дека се опасност за светскиот мир може да ти каже само некој што сака да врши пропаганда за NWO.
Еден ирански терорист (шиит како мнозинството) дај нека ми каже некој кој последниве 20 год има извршено масакар негде.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.783
Поени од реакции
30.451
Искрено и јас не сакам Иран да имаат нуклеарно оружје. Истото би го рекол и за Израел, кои нелегално го набавија своето нуклеарно оружје од Франција (исто како и Иран, само што нивната документација... не беше така целосна).

И кога велам дека не сакам Иран да имаат нуклеарно оружје, истото го мислам за било која држава.
Тоа дека се Шиити немој да сметаш дека ги прави помалку подложни на манипулација, САД Сунитите ги одбрале за вазали само заради одредени поволности (не затоа што Шиитите се многу пообразовани, или покосмополитски настроени муслимани).

Нејсе, поентата не беше да дискутираме кои муслимани не се терористи - туку дека некој нив ги користи како алатки за остварување на своите агенди. Исто како што се искористуваат и самите држави Израел, Саудијска Арабија, итн...(а не велам дека тие не наоѓаат свој интерес во сето тоа, и дека се невини цо случувањава).
Но грешиш ако мислиш дека Израел е зад светските случувања. И те молам разграничи дека за државата зборувам, и за народот - не за одредени поединци.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.603
Поени од реакции
23.554
Но грешиш ако мислиш дека Израел е зад светските случувања. И те молам разграничи дека за државата зборувам, и за народот - не за одредени поединци.
Можеби одвај 50 % од сите Евреи на светов се анти-ционисти и реално гледаат на работите. За останатите сигурно ние останативе 6 милијарди на земјава сме само Goyims.
Taка да добра бројка од 50 % им преостанува на ``одредени поединци``.
А дека се привилегирани малце ли докази има :
- Емигранти никакви не сакаат освен нивните евреи кои треба да докажуваат потекло од пред 10 генерации за да земат државјанство
- Ограда и ѕид имаат по целата граница и никој ништо не смее да им зуцне
- У Палестина еден куп масакри врз цивили прават исто никој не смее да им зуцне
- Цела Германија сеуште плаќа оштети и има грижа на совест заради 7% нацисти кој се изживљавале на нив
- Секоја религија е забранета освен хебрејството
- И на крај заради тој холокауст не смее никој на светов да им приговори зашто одма ке биде антисемитист и нацист
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.196
Поени од реакции
39.938
1-Се дур не се изврши воена операција против Иран
2- Се дур Ердоган е претседател на Турција
3- И се дур Обама е претседател на САД тероризам секогаш ќе има и тоа никој не треба да се осеќа дека е безбеден..
Sto ti e iran kriv? Sto e protiv evreite?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.175
Поени од реакции
16.445
1-Се дур не се изврши воена операција против Иран
Можеби и ова ќе беше некоја реална желба до пред не повеќе од една година но веќе имаме ситуација на редефинирање на ситуацијата на БИ и констелација на нови односи и правила. Реалната закана за интервенција врз Иран е минато, а во иднина тешко и да прелета израелски авион преку Сирија откако се искрцаа Русите. Можеби за Израел ќе беше многу подобра опција да го избере Иран како сојузник, наместо противник, што не им е непознато, и да води изолациона и наметнувачка политика со сите земји на БИ. Сем Арабија и Турција, со кои си имаат повластени односи.

Кога сме веќе кај Иран, имаат добро образование, образована нација, горда на себе и својата историја, две третини популација помлада од 30 години, научно-технолошки развој, технологија, произведуваат оружје, огромни разновидни ресурси, потенцијал да бидат водечка сила во регионот. Гледајте ги Европјаните како сменија реторика по потпишувањето на договорот за нуклеарната програма, знаејќи ги можностите кои ги нуди Иран. Штета што се исламска, а не секуларна држава, што мислам дека до одреден степен ги кочи и назадува.
 
Тоа не го блокира патот на Иран кон бомбата, туку му го трасира патот кон бомбата. Спогодбата ќе и овозможи на иранската нуклерана програма во голема мерка да остане недопрена, поради што Иран ќе може мошне брзо да произведе нуклеарно оружје. И тоа можеби и за една година,Спогодбата, од која се очекува да запре натпреварот во вооружувањето, напротив ќе го поттикне нуклеарниот натпревар во најопасниот регион во светот. Тоа нема да претставува збогум на оружјето, туку збогум на контролата на оружје. За да разбереме колку е опасен Иран со нуклеарно оружје, треба целосно да ја сфатиме природата на тој режим. Документите, на кои се заснова иранската држава ветуваат продолжување на џихадот. Многу држави на Блискиот Исток се распаѓаат. Додека многумина се надеваат дека Иран ќе се приклучи кон меѓународната заедница, Иран веќе проголта неколку нации, Иран веќе доминира со владите во Багдад, Дамаск, Бејрут и Сана и сигурно и други земји се на дневен ред.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.362
Миљарда пути боље Иран да влече конци во муслиманскине земји, одколку КСА.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Миљарда пути боље Иран да влече конци во муслиманскине земји, одколку КСА.
Турција ги влече конците во муслиманските земји на чело со хипократот Ердоган, а тоа е поголема закана за светскиот мир дури и од КСА и од Иран..
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.362
Турција ги влече конците во муслиманските земји на чело со хипократот Ердоган, а тоа е поголема закана за светскиот мир дури и од КСА и од Иран..
Исламистичка Турција во 21-век, дува у ист рог со КСА. Нема дилема за тоа. Идолот на Груевски од петни сили се труди да избрише секаква трага од Ататурк и кога би било до него, Турција би била калифат. За среќа сеуште има републикански, националистички сили во земјата, иако се доста ослабнати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom