jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.050
- Поени од реакции
- 26.762
Во пропагандата исмевањето служи за да се релативизира нечиво мислење, да се направи неважно, субјективно, а со тоа и изворот да се девалвира. Изворот во случајот е Исламот, а како што знаеме Западот моментално воено делува во земји претежно населени со муслимани. Војните ги нарекува секташко-религиозни и со тоа цела кривица ја удира на народот таму (нели се претставени глупи и неписмени), а добива подршка во Франција во војните против тие „племиња“ (иако Сирија беше на пример секуларна држава).Споредбите не ти се баш соодветни. Јас се согласувам дека генерално има потреба од некакви граници, но тие граници пред се треба да зависат од локалната култура и менталитет. Од таа локална култура доаѓаат и стандардите за вредностите и за однесувањето.
Како за пример, дали некој Французотишол во Саудијска Арабија да ги заебава зошто по религиозна основа таму на илјадници луѓе годишно им ги сечат главите... За тоа ретко кој медиум воопшто и пишува.
http://www.zerohedge.com/news/2015-03-17/45-beheadings-2015-–-us-ally-saudi-arabia-set-top-2014s-record-decapitation-level
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/03/saudi-arabia-unprecedented-spike-in-executions/
Ако е тоа така, а така е... Тогаш кое право има некој надвор од Франција, да се лути на француски весник, што пишуваат за француска публика??
Затоа лоши ти се примерите со Нешковски и со жртвите од војната во 2001ва. Нешковски (или другиве) да отидеа нелегално да имигрираат во Франција, и тие од Чарли Хебдо да се заебаваа со тоа... тогаш споредбата ќе беше на место. За да ти биде паралелата на место, треба некој да дојде овде да се заебава со тоа, и тогаш секако дека работата нема да биде во ред.
Најпосле разликата во перспективи е една работа, а мешањето во туѓи работи е сосема друга работа. Па кој од тие надворешни ентитети што за ова ги критикуваат Чарли Хебдо, доаѓаат од средина каде се практикуваат повисоки морални норми?
Поентата е, секој најпрво за себе дома да се грижи. Ако некои во Франција практикуваат невкусен хумор, кои сме ние, вие, тие... да критикуваме француски медиум во Франција. Зошто тоа би ги засегало Французите?
Како велат, твоја спална - твоја работа?
Ние не сме никои да донесеме решение дали и како да се ограничи „слободата на говор“, пошто, да се разбереме, тоа е закон на посилниот и е очигледно дека таа пропаганда ќе продолжи и понатаму. Ние само си праиме муабет и си носиме какви такви заклучоци.
Поентата можеби е дека секој за себе дома треба да се грижи, но кога Французите(и остали) со своите акти (од пропаганди па се до војни) преку „бегалците“ не засегнаа и нас, тогаш легитимно право е и ние да го кренеме гласот против тој режим и неговата пропаганда, што впрочем и го правиме.
Сепак на крај на денот, колку муслиманите да ги сметаш за глупи и ограничени, мислам дека си свесен дека тие не се директно криви за ова што се случува. Но пред да кажеш повторно колку се глупи и ограничени, подсети се дека балканот подлегна пред 20тина години на истата таа пропаганда и беше вовлечен во крвава војна, каде што се колеа луѓе, се печеа живи, се мачеа на разни начини слично како и сега во Сирија.
И не оди многу во минатото, како работи таа пропаганда е жив пример „бегалската“ криза, кадешто бевме на тапет пред некоја недела.