Кратка репортажа од самиот извор на мигрантските бранови. Ќе ви одговори некои прашања за тоа од каде и како тргнуваат добар дел од мигрантите.
Превод:
„Овде не гледаме светло на крајот на тунелот“, ни велат луѓето од бегалскиот камп во северен Ирак. Нема иднина и надеж во старите огништа. Новата цел им е Германија.
- „Мојот син е веќе таму, само што телефониравме. Добил пари и стан, Германците ќе ни изградат куќи, ми кажа. Наскоро сите ќе одиме.“
Десетчленото семејство „знае“ за германската гостопримлива култура од известувањата на арапските вести кои ги прават очекувањата за Германија безгранични.
- „Мојот 14-годишен се спрема за пат. Тој има најголема шанса, малолетниците не ги депортираат од Германија и можат да ја повлечат цела фамилија. Така слушам на вестите.“
Фантазии без крај. Уште полошa е состојбата со снабдување на камповите, ако ОН не ги подмират трошковите уште стотици илјади ќе сакаат да си одат. Но не мора да биде така, тврди Ферад ал-Атруши, гувернер на Дохук. Скоро еден милион бегалци живеат во неговата провинција.
- „Кога би имале само 10% од парите што вие би ги потрошиле за сместување на бегалците во Германија би можеле да ги подобриме условите овде така што никој нема да мора да се исселува во Европа.“
14-годишникот веќе ги спакува своите работи. Семјството веќе ги продаде својот автомобил и накитот за да имаат пари да му го платат патот на момчето. За него нема враќање. За луѓетo од овој камп Германија е ветената земја. Илјадници веќе тргнаа, многу седат на спакуваните куфери, уште десетици илјади ќе доаѓаат. Ова е мигрантски бран од скоро незамислива димензија.
А замисли Германија им ја затвори границата, а пред Германија, Унгарија и ако продолжи вака голем дел ќе останат на Балканот, фрустрирани. Бајаги фрустрирани пошто очекувањата им се бајаги големи. Па и тие што ќе стигнат у Германија ќе бидат исто така фрустрирани.
Значи прашањето е кој им ја полни главата со нереални очекувања во Германија, тој тоа го прави намерно и смислено. Овој твој пост најдобро говори дека ова е „бегалски“ бран оркестриран во сите свои димензии. Начинот на оркестрирање ни говори дека оркестраторите свесно го потикнуваат кажувајќи бајки за ветената земја.
Ако погледнеме низ историјата, така започнале крстоносните војни. Нецивилизирани европски племиња, во тогаш напредниот источен свет, делумно разнишан од граѓански војни (Византија), а делумно разделен од религиски причини, а делумно од Турските раскарани владетели (атабејови), ја барале ветената земја, кај што тече мед и млеко. Фрустрирани извршиле легендарни злосторства на муслиманското, православното и еврејското население на Балканот, Мала Азија и Блискиот Исток.
Овие денешни „бегалци“, ќе видат дека не баш се прифатени од обичниот Европјанец, од причина што мигрант за него генерално значи криминално гето. Ќе станат лесно подложни на манипулации и нема да е далеку денот кога ќе станат борци на џихадот. Таму каде што фрустрацијата ќе им биде поголема (кај посиромашните земји какви што се балканските) таму жестокоста ќе им биде поголема. Всушност со нив во голема мера има и агитпроповци на Исламската држава, организираните протести, кои btw имаат за цел да направат уште поголема диференцијација со локалното население насекаде каде што поминуваат, го докажуваат тоа.[DOUBLEPOST=1442384184][/DOUBLEPOST]Еве Србија се јави, кај и да е прашање на време е кога ќе мораат да ја затворат границата со Македонија. Они моментално се најзагрозени.
Србија не може да се справи со мигрантите вратени од Унгарија
Србија соопшти дека не може да се справи со илјадниците мигранти кои пристигнуваат на границата која е затворена од страна на Унгарија и побара од Европската унија да ја режи мигрантската криза. Унгарија претходно соопшти дека сите мигранти на кои ќе им биде одбиено барањето за азил ќе бидат враќани во Србија. „Идејата за враќање на мигрантите во Србија, како и пристигнувањето нови од Грција и Македонија е неприфатливо, бидејќи во таков случај ние ќе станеме центар каде што ќе доаѓаат сите мигранти“, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по разговорите во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек. „Низ Србија минаа 140 илјади мигранти, но само 550 аплицираа за азил во нашата земја. Сите други сакаат да одат во западна Европа“, додаде Дачиќ.