Без навреда, сакам да дискутирам за Телема, наидов на фини Телемити, но најчесто налетував на Телемити со его до небото, експонирајки знаење за Телемата, со дрски одговори и нешто во стил ,,јас знам повеќе астрологија од тебе, земи учи, после ќе дискутираме", се надевам овде ќе има по конструктивни разговори. Неодамна читав за спиритуелен таоизам, дознав дека по церемонијалната иницијација во нивната секта човекот се здобива со златно-жолта аура (која наводно штити од душевни напади и слично). Искрено до сега не сум побарал иницијација во ниту еден Ред, но после некое време учење на теорија и практикување на ритуали како Малиот истерувачки ритуал на Хексаграм и Рубиновата Ѕвезда, забележав жолта обвивка околу моето тело и мојата глава. Долго време се прашував од каде и зошто баш таа обвивка... одкако престанав да ги практикувам тие ритуали, ја снема. Среќен сум што од како дознав за Телема почнав по сериозно да се посветувам на Јогата, да вежбам Јогинско дишење и тоа ми отвори нови хоризонти во спиритуелноста.
By the way, дури и од Телемитите кој не најдовме баш најдобар заеднички јазик научив добри фрази за доминација во разговор, хаха. Друга забелешка ми е тоа што Телемата има некој допирни точки со Хиндуизам, т.е ми се чини како целата Телема да е обратно пропорционална со Хиндуизам, кога станува збор за Јога, инвокации, сексуална магика и слично. Не знам кој како ќе го сфати ова... само моја лична перспктива, но не и конечна. Поздрав