Здраво форумџии, имам еден не толку голем проблем со компјутерот па помислив да прашам тука, можеби некој се има најдено во слична ситуација. Компјутерот е значи ок, си работи најнормално ама знае рандом некогаш да се замрзни/закочи и ништо да не можам да кликнам. Значи windows explorer е недостапен, можам да кликам на празно и да мрдам со глувчето, тастатурата си работи (Caps Lock, Num Lock диодите ги испробав дури е така замрзнат си се уклучуваат/исклучуваат) ама диодата од хард дискот не свети за тоа време, значи не работи/кешира. После тоа се пушта се шо сум кликнал претходно наеднаш и хард дискот кешира како луд.
Пробав со memtest за рамот, супер помина, без никакви грешки цели 6+ сати. Исто го проверив и ХДД-от со Spinrite и HDD Regenerator неколку пати, и тука немаше грешки/bad сектори.
Конфигурацијата е:
CPU: AMD FX-6300 Six Core 3.5GHz (со турбо активирано на 4.1GHz и Cooler Master Hyper TX3 Evo)
GPU: Sapphire Radeon HD7750 2GB DDR3
RAM: 4GB Kingston 1333MHz
HDD: Toshiba 1TB 7200rpm 32mb Cache
PSU: MS Industrial PRO-550ATX 550W (не е Real Power напојната, пишува долу output дека дава 260)
Ставив и еден 120мм вентилатор од DeepCool за летово да вади топлина.
Секое мислење или помош е добродојдена.