Пак погрешно прашање поставуваш, ама ајде, еве ќе одговорам.
Прво и основно, никаде немам напишано дека верското образованите треба да содржи математика, физика и слично. За тие предмети, постои образовниот систем од државата или од приватниците.
Битно е следното: што е смислата и целта од изучувањето на природните науки? Учам за да учам? Нешто „второ„ или „трето„? Која им е целта? Очигледно е дека атеистички поставениот образовен систем е тотално промашување, оти не образува, туку безобразува: не дава никава смисла и цел на науките, философиите и уметностите, туку истите се учат колку да има што да се работи...
Верското образование само по себе е поинаку обликувано од световното и не ги третира световните, туку пред се‘ духоните вредности за и кај луѓето. Но, истото тоа образование и тоа како може да ги осмисли и световните науки, давајќи им смисла и цел, не со тоа што верата ќе воведе нови равенки и формули, туку, преку изучувањето на Светов, да го вознесе и насочи човековиот ум кон Небесата и кон Творецот.
Не така одамна, врвните умови се‘ уште веруваа, иако беа активни истражувачи на створениов Свет, не напуштајќи ја идејата за Бога Творецот.